fbpx

ВАЖНО: како после терапија со АНТИБИОТИЦИ да си го вратите балансот во цревата?

tonus

Откривањето на антибиотиците во минатиот век направило навистина револуционерна промена во медицината. Овие медикаменти до ден денес се особено важни за борбата со силните бактериски инфекции. Низ годините, тие буквално имаат спасено милиони човечки животи.

Сепак, нивните бенефити доаѓаат и со одредени поголеми или понезначајни несакани ефекти. Дополнително, неретко антибиотиците се и ,,злоупотребувани”, односно се употребуваат на своја рака. Повеќе детали на оваа тема – Зошто е опасно да се употребуваат антбиотиците кога не се препорачани од лекар? – прочитајте во една од нашите претходни статии.

 

Во продолжение, одговараме на доста често поставуваното прашање – Како треба да се храниме додека ја примаме антибиотската терапија и непосредно по нејзиното завршување?

"“Online”/

Што се антибиотиците и за што се користат?


Двете главни класи микроорганизми кои најчесто предизвикуваат инфекции се бактериите и вирусите. Кога станува збор за избор на терапија за овие инфекции, главниот проблем е тоа што двата типа патогени предизвикуваат заболувања со слични симптоми, но на различен начин се шират и размножуваат:

Бактериите се живи едноклеточни организми. Тие се насекаде и генерално не ни предизвикуваат некаква штета, па дури често ни се и корисни. Сепак, некои нивни видови се особено штетни, односно патогени и при внесување во организмот, ни прават инфекции, искористувајќи го нашето тело како ,,хранлива подлога” и нарушувајќи ги неговите нормални физиолошки процеси.

  • Вирусите се граница помеѓу живото и неживото. Тие имаат нужна потреба од клетка-домаќин за да се размножуваат. Телото најчесто преку имуниот одговор ги уништува овие патогени уште пред да создадат било какво заболување и штета.

Многу е важно да се разбере дека антибиотската терапија делуваат ИСКЛУЧИВО на бактериите, убивајќи ги преку спречувањето на нивниот развој и размножување.

Антибиотиците не делуваат на вирусите и габите. Често се користат и при вирусни инфекции, бидејќи кај одредени пациенти имунитетот слабее заради константната борба со вирусите, па телото станува поподложно и на други видови дополнителни инфекции, меѓу кои најчести се бактериските.

Најсигурниот начин да се разликува бактериската од вирусната инфекција е крвната анализа која ќе ви јаа препорача докторот. Без тоа, не можеме да бидеме сигурни дали антибиотиците не ги користиме залудно.

Несакани дејства

Споменавме дека овие лекови се многу значајни во третирањето и на потешките инфекции, но сепак, тоа најчесто доаѓа и со одредени негативни ефекти кои треба да бидат соодветно менаџирани.

Најчестото и најзначајното несакано дејство на антибиотиците е уништувањето на добар дел од нашиот микробиом, односно природната корисна микрофлора. Ова оштетување може да трае дури и до година. Особено чувствителни се најмалите.

 

Заради овие причини, при антибиотската терапија неретко доаѓа до непријатни дигестивни симптоми, како дијареа, стомачна болка, губење апетит, гадење, повраќање, покачена температура итн.

Уништувајќи значајни делови од нашиот микробиом, антибиотиците можат да нè направат поподложни на некои чести габични инфекции (најчесто на грлото, устата и вагината).

Во поекстремни случаи на несоодветно користење на антибиотиците, тие можат да предизвикаат дури и оштетувања на црниот дроб, бубрезите, но и развивање на силни инфекции со резистентни бактерии.

 

За спречување и намалување на овие ефекти, освен секако пропратната пробиотската терапија, многу е значајно како се храниме за време и по долгото пиење антибиотици. Во продолжение, повеќе совети во таа насока.

Јадете што е можно повеќе ферментирана храна

Ваквиот тип на храна, може значително да допринесе во ,,надоместувањето” на штетата настаната во микробиомот заради антибиотиците.

Ферментацијата е процес кој се одвива со помош на корисни бактерии, а на овој начин се добиваат доста здрави прехранбени производи, како: јогурт, кефир, комбуха, тофу, тепех, голем дел од нашата традиционална зимница (руска салата, кисели краставички, кисела зелка итн.), конзервирано цвекло итн.

 

Оваа храна во себе содржи огромен број пробиотски бактерии (најчесто од важниот род Lactobacilli), кои во голема мера ќе допринесат за враќањето на загубениот баланс во нашиот микробиом.

 

Истражувањата покажуваат дека консумирањето јогурт, води кон силно зголемување на концентрацијата на бактериите од родот Lactobacilli во дигестијата, а намалување на штетните, потенцијално патогени бактерии, како на пример оние од родовите Enterobacteri или BIlophila. Постојат докази дека пиењето нормален или пробиотски јогурт, го намалува ризикот и симптомите на дијареа кај лицата што земаат(ле) антибиотици.

Кај ферментираната храна од соја (тофу, темпех, сој сос итн.), се содржат одлични количества од корисните бактерии од родот Bifidobacteria.

 

[Поврзано: ПРИЧИНАТА за инстантното подобрување на цревата со ФЕРМЕНТИРАНАТА храна!]

Консумирајте храна која се смета за ПРЕбиотска!

Пребиотиците се недигестибилните јаглехидрати кои служат како храна за здравата и корисна цревна микрофлора. Бактериите од микробиомот ги ферментираат пребиотиците, создавајќи низа корисни соединенија за нашето здравје. Преку ферментацијата, корисните бактерии си обезбедуваат опстанок, но и раст и развој.

Речиси сите прeбиотици претставуваат растителни влакна, значи се наоѓаат во растителната храна, но не секој тип на растителни влакна е пребиотски. Примери за пребиотици се недигестибилен скроб, пектини, гуми, недигестибилни шеќери и мали полимери на олигосахаридите, како на пример познатиот инулин, а тука спаѓаат и важните соединенија бета-глукани. Ваките елементи се присутни во храната богата со растителни влакна, пред сé, свежата и полнозрнаста храна.

Сепак, постојат и други видови храна која не е богата со фибер, но делува како пребиотик, помагајќи го растот и размножувањето на здравите бактерии, како на пример на бактериите од родот Bifidobacteria.

 

На пример, црвеното вино содржи некои полифенолни антиоксиданти кои не се дигестираат од човековите клетки, но можат да бидат процесирани од нашата корисна микрофлора. Едно истражување покажува дека умереното и редовно консумирање на црвено вино, може значително да ја зголеми концентрацијата на споменатите бактерии во дигестијата и следствено на тоа, да помогне за намалување на крвниот притисок и холестеролот во крвта.

Сличен ефект имаат и моќните антиоксидативни компоненти на какаото.

Пребиотска храна, богата со фибер:

Постојат докази дека не само што растителни влакна претставуваат храна за корисната цревна микрофлора, туку и дека тие допринесуваат за намалување на некои штетни бакерии кои можат да се најдат во микрофлората на организмот.

 

Сепак, треба да бидете внимателни со количините (особено додека сте на терапија), бидејќи освен што фиберот ја успорува апсорпцијата на глукозата во крвта, тој може да го успори и апсорбирањето на лековите.

[Поврзано: 6 конкретни здравствени придобивки од ПРЕбиотиците!]

Повеќе храна богата со витамин К

Бактериската микрофлора продуцира солидни количества од значајниот  витамин К. При нејзиното нарушување, кое често се случува по антибиотската терапија, значително опаѓа и продуцирањето на овој витамин.

Јадењето храна богата со овој маснорастворлив витамин, ќе го надоместиме евентуалниот дефицит. Храна богата со витамин К:

Што треба да избегнувате?

 

Покрај здравата храна која може да ни биде од помош, постои и храна што треба да се избегнува при антибиотската терапија и непосредно по нејзиното завршување.

Одредена храна може да ја наруши апсорпцијата на антибиотиците, како на пример збогатената храна со калциум (често соковите од портокал), потоа како што споменавме, преголемиот внес на фибер, но и јадењето цитрон.

 

Секако, избегнувањето алкохол се подразбира, а според некои податоци и избегнувањето на кафето може да превенира од одредени несакани симптоми предизвикани од антибиотиците.

 

Бидејќи и јогуртот (како и сите млечни производи) е концентриран извор на калциум, потребно е да не се пие 3 часа пред и 3 по пиењето антибиотик.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор