fbpx

АВТОФАГИЈА – што вистински значи овој термин?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Автофагијата и наизменичното гладување се дефинитивно најчесто употребуваните зборови во фитнес индустријата денес.

Но, дали го знаеме нивното значење и дали автофагијата има исцелувачка моќ како што многумина сугерираат?

Како можеме да го потикнеме процесот на автофагија, дали само преку гладувањето?

"“Online”/

Во текстов ќе се обидеме да дадеме кратки одговори на овие, но и некои други поврзани прашања со автофагијата.

Што значи intermittent fasting (IF) или на македонски наизменично гладување?

Наизменичното гладување е распоред за исхрана кој подразбира точно определени периоди во кои се гладува (се консумира само вода, чаеви, кафе или друг тип бескалориски пијалоци), а потоа и точно утврдени периоди во кои се јаде.

Постојат повеќе популарни стратегии на IF, а најпознат е методот на Лингејнс. Тој подразбира 16 часа гладување (обично преку ноќ) и потоа јадење во рок од 8 часа.

Fibro Gel

Во моментов наизменичното гладување е екстремно популарно во светски рамки. Тоа е така бидејќи дава солидни резултати. Започна во популарно наречените ,,теретани”, а сега веројатно нема некој кој не чул за начинот на исхрана кој го вклучува.

Ако сте читале малку повеќе на темата, сигурно сте забележале дека постојано се повторува поимот автофагија. Речиси магични дејства и се препишуваат на оваа појава, само дел од нив се: намалувањето на килограмите, лекувањето на ракот, успорувањето на стареењето и позитивното делување на разни други заболувања… Листата е навистина долга.

Но, дали наизменичното гладување навистина може да биде толку корисно и дали автофагијата е речиси магичен процес?

Што всушност значи автофагија?

Зборот автофагија потекнува од грчките зборови: авто-себе и фагија-јаде. На македонски може да се преведе како ,,да се јаде себеси”.

Значи, автофагија е природен процес во кој всушност организмот ги ,,рециклира” клетките или отстранува некои оштетени органели од самите клетки и на тој начин ги ,,поправа”. Тоа е сепак малку посложен процес кој во многу аспекти е сè уште неистражен, па оваа дефиниција можеби и не е сосема точна, а речиси сигурно треба да биде дополнета.

Во процесот на автофагија некои од клетките се ,,поправаат”, а некои се ,,рециклираат”, oдносно се користат за енергија или изградба на други компоненти кои му се потребни на телото.

Воглавно постојат две најголеми заблуди околу овој процес.

Првата е дека автофагијата функционира на начин што ги јадe старите и ,,лоши” клетки. Во реалноста, клетките не се ,,изедени” во процесот на автофагија. Секоја клетка ја користи автофагијата за да на еден начин го рециклира својот материјал за разни намени, односно таа е еден начин за преживување на клетката.

Втората најголема заблуда е дека автофагијата единствено се одвива при процесот на гладување. Лачењето на инсулинот докажано ја инхибира автофагијата, но гладувањето не е единствен начин за да започне овој процес. Всушност на одредено ниво, автофагијата постојано се одвива, а гладувањето само ја стимулира дополнително или на еден начин ја забрзува. Но, постојат и други начини да се стимулира овој процес: имајќи во предвид дека ова е ,,преживувачки” процес, секој клеточен стрес може да го индицира, вклучително и било кој тип на физичка активност.

Автофагијата и слабеењето

Претходно видовме која е во суштина улогата на автофагијата во организмот. Но, многумина промотори на IF тврдат дека губењето на калориите при применувањето на IF се должи речиси исклучиво на автофагијата. Точно е дека студиите покажуваат зголемено согорување на масните наслаги при IF вежбање. Дополнително, точно е и дека лачењето на инсулин кое доаѓа по секое јадење го супресира согорувањето на мастите и автофагијата.

Но, студиите покажуваат и дека IF нема дополнителен поголем ефект од обичната калориска рестрикција која не се води по принципите на IF.

Заклучок: губењето на килограми при IF се должи на калориската рестрикција, а не на автофагијата.

Значи ако консумираме повеќе калории во определениот период за јадење од IF, отколку што трошиме во текот на денот, периодот на гладување кој следува и поттикнатата автофагија нема да ни ги намалат килограмите. Дури напротив, автофагијата според некои студии може во ваков случај и да го поттикне апетитот, па дури и да ја зголеми акумулацијата на масти во масните клетки.

Но, доколку правилно се приджувате при процесот на IF, односно калорискиот дефицит е според планираното, автофагијата не може ниту магично да ви ги зголеми калориите.

Дали автофагијата има антиканцерогено и дејство против стареењето?

Уште од далечното минато калориската рестрикција, односно внесувањето на помалку калории во однос на потрошеното, се користела за забавување на стареењето. Калориската рестрикција и гладувањето предизвикуваат во организмот одговори како намалени воспалителни процеси и подобрен имунитет. Дополнително, на овој начин поттикнатата автофагија може да го забави стареењето преку отстранувањето на некои штетни метаболити за клетката, како на пример некои погрешно синтетизирани, некогаш и токсични протеини.

За ваквите податоци постои научна поткрепа. Покрај споменатите начини на кои автофагијата потткинува успорено стареење, таа може да го продолжи животниот век и преку превенирање на многу честите болести во староста како Алцхајмеровата, Паркинсоновата и Хантингтоновата болест.

Во однос на канцерот, одговорот е двонасочен. Автофагијата може да биде заштитен механизам од развојот на канцер, но од друга страна во некои случаеви може да биде и токму спротивен, односно поттикнувачки механизам за растење на малигните клетки.

Некои гени кои се супресивни за канцерот имаат експресија која е поврзана со автофагијата. Исто така, супресивно дејство на канцерот може да има потенцијаната способност на овој процес да ги санира оштетувањата во клетката од онкогена природа, односно способноста на автофагијата да ги уништи проканцерогените протеини.

Од друга страна, рековме дека автофагијата е процес кој е користен од клетката за нејзината заштита од стрес од било каква природа. Канцерогените клетки исто така можат да ја искористат автофагијата за да се заштитат од изгледнувањето, хемотерапијата и радиотерапијата. Во праксата, односно во лекувањето кај некои пациенти се користат и супресори на овој процес. Значи автофагијата може да биде опасно оружје кога е во ,,погрешни раце”.

Се поставува прашањето: За или против наизменичното гладување или Intermittent fasting?

Според овие информации се наметнува ова прашање, но можеби и самиот одговор. Дали да применувате IF или не зависи од вас и од тоа како се чувствувате. Ако се чувствувате добро и ако IF функционира за вас, тогаш примената на овој, да го наречеме ,,додаток на исхраната”, би можела да ве доведе до посакуваната тежина, веројатно без некакви здравствени последици.

Но, многу е важно да се запомни: За да се загуби телесната тежина, не е потребно, а уште помалку нужно да се гладува!

Значи, ако IF ве измачува, не е потребно да го применувате.

Fibro Gel

Губењето на тежината и подобреното здравје кое следи од тоа, се резултат на конзистентен калориски дефицит и конзистентност во применувањето на здравиот начин на исхрана и на живеење, општо. IF нема да помогне да загубите повеќе тежина во однос на ,,обичниот” калориски дефицит. Пред било каква примена на гладувањето при лечењето на болестите, најдобро е да се консултирате со стручното лице, кое на долг рок ја следи вашата здравствена состојба.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X