fbpx

Азотен оксид, многу важна молекула за срцето – како да го подигнеме нејзиното ниво?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Азотниот оксид е особено важна молекула која се синтетизира во нашето тело и има влијанија врз повеќе различни аспекти од здравјето.

Таа помага во дилатацијата (опуштањето) на крвните садови, со што поттикнува подобра циркулација, односно го зголемува приливот на крв во сите важни органи и клетки и го снижува високиот крвен притисок. На тој начин го подобрува кариоваскуларното здравје, здравјето на мускулите, мозокот и сите останати органи и органски системи за чие функционирање е неопходен добар проток на крвта полна со хранливи материи и кислород.

[Поврзано: Основни, а пресудни информации за крвниот притисок!]

"“Online”/

Со процесот на стареење, (по 40-тата година) се намалува и продукцијата на оваа молекула, што е сосема природно. Така, луѓето во 60-тите години во просек имаат половина од циркулацијата која ја имале во своите дваесети години.

Недостатокот на оваа компонента го зголемува ризикот од срцеви заболувања, дијабет и еректилна дисфункција.

За среќа, постојат повеќе начини да ги зголемиме нивоата на азотен оксид во нашиот организам. Во продолжение, 7+ конкретни научно-поткрепени совети околу тоа како да го зголемиме количеството на азотен оксид во нашите крвни садови.

Fibro Gel

1) Консумирајте повеќе цвекло

Цвеклото е богато со компоненти кои нашето тело може да ги претвори во азотен оксид. Според една студија спроведена на 38 волонтери, само 40 минути по пиењето сок од цвекло, нивото на азотен оксид во организмот се зголемува за дури 21%!

Слични резултати покажува и едно друго истражување од 2015 година – само 100ml сок од цвекло, значително ги зголемува нивоата на азотен оксид и кај мажите и кај жените.

Благодарение на богатиот нитратен состав, но и остантите вредни нутриенти, цвеклото се поврзува со низа здравствени бенефити, како подобрена когнитивна функција, подобрен спортски перформанс, понизок крвен притисок итн. Многу повеќе на тема цвекло, прочитајте во една од нашите претходни статии: ЦВЕКЛО – богат извор на молеулата која го регулира пртокот низ артериите.

[Поврзано: Рецепт за цвекло!]

2) Темно чоколадо

Темната чоколада е еден од најбогатите природни извори на флавоноидни антиоксиданти – компоненти кои се поврзуваат со низа корисни здравствени ефекти.

Истражувањата покажуваат дека флавоноидите на какаото можат да помогнат во постинувањето на оптимални нивоа азотен оксид, што ќе поттикне подобро кардиоваскуларно здравје и ќе помогне во заштитувањето на клетките од оксидативни оштетувања.

Една студија, спроведена на помала група луѓе покажува дека консумирањето 30g чоколада дневно, води кон значително зголемување на нивоата на азотен оксид во крвта. Дополнително, кај волонтерите било забележано намалување на крвниот притисок (и ,,горниот”, но и ,,долниот”).

Темното чоколадо е најдвориот доказ дека здравата храна е вкусна храна. Повеќе околу тоа зошто темното чоколадо е особено здрава храна, прочитајте тука.


3) Лук

Лукот може да го зголеми азотниот оксид преку активирањето на специјален ензим наречен азотен оксид синтетаза, кој е задолжен за конверзијата на аминокиселината L-аргинин во азотен оксид.

Една анимална студија покажува податоци според кои е јасно дека екстрактот од лук може привремено да го покачи нивото на азотен оксид во крвта за дури 40%, само еден час по консумирањето. Постојат и клинички истражувања на луѓе со слични резултати.

Друга лабораториска студија, вели дека лукот може да го максимализира количеството на азотен оксид кое може да биде апсорбирано од телото.

Многу повеќе за низата корисни ефекти од јадењето лук, прочитајте тука.

4) Зелен лиснат зеленчук

Зелениот лиснат зеленчук, како на пример спанаќот, прокељот, зелката се богат извор на нитрати, соединенија кое телото може лесно да ги претвори во азотен оксид.

Едно истражување покажува дека редовното консумирање храна богата со нитрати, како што се лиснатите зелени зеленчуци, може да помогне во задржувањето на високите нивоа азотен оксид во крвта и ткивата.

Повеќе други студии велат дека консумирањето на ваква храна е поврзано со намален ризик од кардиоваскуларни и когнтивни заболувања.

5) Цитрусни овошки


Цитрусните овошки се помеѓу најбогатите извори на витамин Ц во природата. Овој водорастворлив витамин има низа многу значајни улоги во организмот, а истражувањата (лабораториски, но и клинички) го поврзуваат и со подобрената биодостапност на азотниот оксид, како и максимизирањето на неговата апсорпција во телото.

[Поврзано: Биодостапност – едно е што внесувме во уста, но сосема друго е што ќе стаса до крвта]

Истражувањата ги поврзуваат цитрусните овошки со намален крвен притисок, подобра функција на мозокот, намален ризик од срцеви заболувања – бенефити за кои одредена улога игра и способноста на овие овошки да го зголемат нивото на азотен оксид во крвта.

Многу повеќе околу витаминот Ц и неговата улога во организмот, прочитајте тука.

6) Јаткасти плодови и различни семиња


Јатките и семињата се богати со аргинин, тип аминокиселина која е вклучена во продукцијата на азотен оксид во организмот.

Едно истражување со над 2700 волонтери, покажува дека зголемениот внес на храната богата со аргинин, ги зголемува нивоата на азотен оксид во крвта.

Благодарение на тоа што се добар извор на аргинин, јатките и семињата се поврзуваат со намален крвен притисок, подобри когнитивни перформанси и зголемена физичка издржливост.

Покрај ова, различните јаткасти плодови и семиња се извор на здрави незаситени маснотии, растителни влакна, низа витамини и минерали и други значајни компоненти за здравјето (на пример, омега 3 масни киселини – ореви и ленено семе).

7) Лубеница

Еден од најдобрите извори на цитрулин, аминокиселина која во нашиот организам може да премине во аргинин, кој видовме дека лесно се претвора во азотен оксид.

Студиите велат дека консумирањето лубеница може значително да ја зголеми концентрацијата на азотен оксид во крвта и да ја подобри неговата биолошката достапност, со што се подобрува циркулацијата, се намалува крвниот притисок и се зголемува издржливоста при понапорни трензи (тежински, кардио).

Повеќе за здравствените бенефити од јадењето лубеница, прочитајте тука.

[Поврзано: Како да одберете добра лубеница? 7 совети!]

Друга храна и навики кои помагаат да се зголемат нивоата на азотниот оксид:

Храна богата со антиоксидативни супстанци и антиоксидативни витамини (покрај витаминот Ц, тука е и храната богата со витамин Е, со полифенолните антиоксиданти, глутатионот итн).

Суплементација – L-аргинин и L-цитрулин, компоненти кои во организмот можат да преминат во азотен оксид.

Ограничување на користењето течни антибактериски средства за орална хигиена  – нивната прекумерна употреба може да почне да уништува и корисна бактериска флора, односно бактерии кои имаат способност да продуцираат азотен оксид од други азотни соединенија.

Редовна физичка активност – ја подобрува циркулацијата, главно поради подобрената ендотелијалната функција. Ендотелиум е тенкиот слој клетки кој ја обложува внатрешноста на крвните садови. Недоволните количества азотен оксид резултираат со ендотелијална дисфункција, што го зголемува ризикот од артеросклероза, висок крвен притисок и од нарушувањето на други фактори важни за срцевото здравје. Физичката активност ги одржува ендотелијалните клетки и крвните садови здрави преку зголемувањето на природната способност на телото да продуцира азотен оксид.

Користење лековити билки, како жалфија, глог, жен-шен, но и сливи

Откажување од цигарите – цигарите ја намалуваат способноста на телото оптимално да продуцира азотен оксид.

Избегнување на газираните, засладени пијалаци и брза храна

Fibro Gel

Квалитетен сон

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X