fbpx

АСТМА и исхрана – индиректно, но значајно влијание!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

За жал, не постои посебен начин на исхрана кој би можел значително да влијае на симптомите на астмата – многу често инфламаторно заболување на дишните патишта.

Сè уште немаме директни, конкретни докази дека одредена храна ја намалува инфламацијата (воспалението) на дишните патишта. Иако постојат податоци според кои кофеинските пијалаци, можат да придонесат за мало олеснување на симптомите на астмата, односно краткотрајна (1 до 2 часа) бронходилатација (проширување на дишните патишта), сепак наједноставните инхалации се многу поефикасен третман кога станува збор за краткотрајно олеснување на симптомите.

Сепак, исхраната е важна!

Како и да е, здравиот начин на исхрана е значаен дел од она што значи целокупен третман и успешно справување со астмата. Исто како редовната физичка активност, здравата исхрана е добра буквално за секого.

"“Online”/

Гојазноста е директно поврзана со потешките облици на астма, па за лицата кои страдаат или имаат зголемен ризик од неа, одржувањето на нормална телесна тежина треба да биде помеѓу приоритетите.

Како што веќе споменавме, иако се потребни многу повеќе анализи и испитувања, повеќе експерти од областа сугерираат дека одредени прехранбени производи можат директно да влијаат на состојбата со астмата. На пример, ако сте алергични на одредена храна и имате астма, треба да бидете дополнително внимателни, бидејќи таквата храна може да поттикне и посериозни симптоми на заболувањето.

Астма и исхрана

Во последните неколку декади, зачестеноста на астмата помеѓу населението е сè поголема, а истовремено, сè полоши стануваат и навиките за исхрана. Луѓето сè помалку јадат свежа храна (овошки и зеленчук), а препроцесираната храна сè повеќе навлегува во секојдневнието.

Fibro Gel

Повеќе експерти од областа укажуват дека можеби токму лошите навики во исхраната, имаат некаква поврзаност со рапидно растечката инциденца на оваа болест. Иако не нудат директно причинско-последично следство, низа научни студии ги поврзуваат овие фактори со зголемениот ризик од развој на астмата.

 

Кај луѓето кои имаат исхрана богата со витамин Ц, витамин Е, бета-каротен (провитамин А), флавоноидни антиоксиданти, магнезиум, селен и омега 3 масни киселини, забележани се пониски стапки на ова инфламаторно заболување. Повеќето од наброените супстанции претставуваат силни антиоксидативни средства, односно компоненти кои ги заштитуваат клетките од оксидативните оштетувања – процеси што го поттикнуваат хроничното воспаление.

 

На пример, една студија од 2007-та година, покажува дека децата кои израснале со Медитерански начин на исхрана, односно консумирале повеќе свежа храна, јаткасти плодови, мешунки, полнозрнеста храна итн., имале значително помал ризик од развивање на типичните астмастки симптоми.

Едно друго истражување пак, вели дека тинејџерите кои имаат лоша исхрана, односно не внесуваат доволно витамин Ц, Е и омега 3 масни киселини, имаат зголемен ризик од нарушувања на состојба во дишните патишта.

 

Сепак, значајно е да се напомене дека недостатокот од споменатите микронутриенти, сè уште не е докажан предизвикувач на астма. Дополнително, истражувањата во кои се користеле специфични  витамини, минерали и други антиоксидативни материи за третирање на заболувањето, поминале неуспшено. Се смета дека ова се случува поради различните интеракции во кои стапуваат наведените суплементи во организмот. Затоа, малку е веројатно дека самите антиоксидативни суплементи можат да придонесат во контролирањето и превенцијата од симптомите на астмата.

 

И покрај комплексната поврзаност помеѓу исхраната и астмата, за која имаме уште многу да учиме, со сигурност знаеме дека балансираната и здрава исхрана е важна за секого, особено за луѓето со хронични заболувања (и оние со зголемен ризик од нив). Ако не внесуваме доволно од неопходните нутриенти, нашиот организам ќе биде ранлив на најразлични заболувања, односно имунитетот ќе ни биде компромитиран. Така, поверојатни ќе станат и инфекциите со вируси и бактерии кои најчесто се случуваат во дишните патишта – чест поттикнувач на тешки облици на астма и астматски напади и тегоби.

Која храна може да помогне за превенција од астма?

Иако, како што веќе повеќе пати нагласивме, не постојат цврсти докази за директната поврзаност помеѓу исхраната и астмата, сепак практикувањето на здрав начин на живот, кој подразбира и здрава исхрана, во одредена мера секако ќе придонесе за намалување на ризикот од астма:

  • Јадете повеќе свежа храна – сезонските овошки и зеленчуци секојдневно треба да ви бидат на трпезата. Во однос на инфламаторните заболувања, како што е астмата, важно е да внесувате свежа храна која е посебно богата со антиоксидативни материи. Добар пример за тоа се лиснатите зелени зеленчуци и цитрусните и бобести овошки.

 

  • Јадете повеќе храна која е природен извор на омега 3 масни киселини – различни типови на риби, како туна, лосос, потоа ореви, ленено семе итн.

 

  • Максимално избегнувајте ги трансмастите – постојат одредени докази дека внесувањето на премногу омега 6 масните киселини, а особено внесувањето на трансмастите, може да ја влоши состојбата со астмата.

 

[Поврзано: ТРАНСМАСТИ- Буквално најштетните масти]

Што друго може исто така да влијае на симптомите на астма?

Исхраната може да влијае на астмата и преку други начини, како:

 

  • Исхрана богата со многу калории – ако јадете повеќе калории отколку што трошите, логично е дека ќе ја зголемите својата телесна тежина. Токму обезноста е ризик-фактор за бројни здравствени нарушувања, помеѓу кои се вбројува и астмата. Гојаните луѓе имаат поголема веројатност за силни напади на астма, земаат повеќе лекарства и пропуштаат повеќе работни денови, отколку луѓето со нормални вредности за BMI или телесна тежина.

 

  • Алергии на храна – лицата кои имаат одредени алергии на храна (најчесто на млеко, јајца, кикирики, морска храна итн.), кога ќе бидат изложени дури и на најмала количина од алергенот, а притоа имаат астма, можат да се најдат дури и во живото-загрозувачка состојба. Затоа, тие треба да бидат посебно внимателни со исхраната.

 

  • Чувствителност на адитиви – одредени адитиви кои често се користат во храната, како сулфитите (во сушените производи, дресинзите, вино и различни други процесирани прехранбени производи), можат да поттикнат симптоми на астма кај луѓето со ова заболување.

 

[Поврзано: 10 најчести адитиви присутни во секојдневните намирници]

 

  • ,,Киселини” – Огромен процент од луѓето со астма, имаат и проблеми со гастроезофагијалниот рефлукс (познатите ,,киселини”). За справување со киселините, потребен е добар начин на исхрана и губење на килограмите. Повеќе околу овој чест проблем и справувањето со него, прочитајте тука.

 

[Поврзано: 3 конкретни причини зошто јадењето пред спиење не е добра идеја]

 

Чест мит кој постои во врска со астмата е дека избегнувањето на млечните производи, ќе води кон значително подобрување на состојбата со астмата и нејзините симптоми. Едноставно, ваквите тврдење не се базирани на наука.

Fibro Gel

Пред да правите било какви промени во исхраната со цел подобрување на состојбата со астмата, консултирајте се со лекарот кој ве следи, бидејќи врз база на вашата специфична состојба, можно е да се препорачаат некои поконкретни совети околу исхраната и општо, стилот на живот.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X