fbpx

А зошто се пие СОКОТ од киселите краставички?

tonus

Во неколку од претходните статии зборувавме за здравствените бенефити од консумирањето на пробиотската или ферментираната храна, но и за тоа што се пребиотиците.

Во нашата трацидиција е употребувањето на ферментираната храна – туршија, цвекло, кисела зелка, кисели краставички итн. Можеби изненадувачки, но во последно време сé позастапен е трендот на пиење на сокот од киселите краставички.

Во продолжение, 10 причини зошто да не ја фрлате течноста во која се наоѓаат киселите краставички.

"“Online”/

1) Добар минерален и пробиотски состав

Околу 100g сок од кисели краставички содржи:

◦ 0,4g јаглехидрати
◦ 1-5% од дневните потреби за калциум
◦ 50-100% од ДП за натриум
◦ 3% од ДП за калиум
◦ 3% од ДП за магнезиум

Киселите краставички се богати и со низа корисни пробиотски бактерии, пред сé ако се  домашно произведени, бидејќи инаку имаат подлегнато на процес на пастеризација – уништување на огромниот дел од микроорганизмите во теглата.

Поради високиот процент на натриум, особено луѓето со висок притисок треба да бидат внимателни со количините во кои го употребуваат сокот од кисели краставички.

2) Може да придонесе на смирување на мускулните грчеви

Некои спортисти веќе со години го користат овој солен пијалак за подобра хидратација, но и како добар извор на електролити. Дополнително, тие увиделе и дека тој ги намалува мускулните болки и грчеви иако експертите сé уште не можат да најдат одговор зошто ова е случај. Една од тезите е дека оцетот може да делува на стопирањето на нервните сигнали кои ги предизвикуваат грчевите.

Некои истражувања утврдуваат дека пиењето само 1/3 чаша сок од кисели краставички, може да допринесе за позитивниот ефект врз мускулите.

3) Сокот од кисели краставички придонесува и за подобра хидратација

Сите знаеме колку нѝ е значајна водата, а особено во летниот период или ако имаме поинтензивна физичка активност.

Пиењето на пијалак кој освен вода содржи и калиум и натриум, помага за побрзо хидрирање. Натриумот и калиумот се електролити кои се губат преку потењето.

Токму сокот од краставички ги има овие својства, па неговото консумирање, особено по интензивните физички активности, му помага на телото соодветно да хидрира и да ги надомести загубените електролити многу побрзо.


4) Ефтин, а здрав пијалак

Веројатно досега и сте го фрлале сокот од кисели краставички заедно со теглата!

Тоа не е воопшто паметен потег. Сокот од краставички е одлична замена за скапите спортски електролитни напитоци, претходно видовме и зошто.


5) Содржи и антиоксиданти


Сокот од кисели краставички содржи и сосема солидни количества од витаминот Ц и Е, два клучни антиоксидативни витамини. Тие се исто така значајни за кожата, коските, имуниот одговор и низа други функции.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојат се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак генерално зависи од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

6) Може да придонесе и во процесот на слабеење

Сокот од кисели краставички содржи доста оцет. Според повеќе истражувања, секојдневното консумирање на оцет може да помогне за намалување на телесната тежина.

Една студија објавена во European Journal of Clinical Nutrition покажува дека оцетот може да го продолжи чувството на полн стомак и ситност. Слично на оваа студија, едно истражување спроведено на лабораториски глувци хранети со генерално масна храна покажало дека оцетната киселина ефективно го намалува вкупниот внес на храна во телото.

7) Потенцијално дејство во намалувањето на нивото на шеќер во крвта


Едно од најпозитивните својства на оцетот кое се споменува во повеќе студии е неговата способност за намалување на шеќерот во крв и намаленото лачење на инсулинот, по оброците.

Оцетната киселина покажала својства на одржување на подолгото чувство на полн стомак и позитивен ефект на неколку ензими кои се вклучени во метаболизмот, односно во намалувањето на апсорпцијата на шеќерите.


8) Пробиотскиот состав е значаен за корисната цревна микрофлора

Научните студии велат дека пробиотиците кои се добиваат во текот на ферментацијата, можат да помогнат во враќањето и одржувањето на балансот во корисната бактериска микрофлора. Секако, пробиотиците (корисните бактерии) остануваат и во соковите на пробиотските производи, како цвекло, кисели краставички, зелка итн.

Според нив, пробиотиците можат да ги намалат непријатните симптоми поврзани со синдромот на иритирани црева, што е многу честа состојба помеѓу населението.

Дополнително, ферментираната храна може да помогне при дијареа, стомачни болки, гасови и констипација или запек.

Значи, подобрената дигестија е главната причина за да се консумира ферментираната храна, но и нејзините сокови, секако помеѓу повеќето причини, вклучително:

подобар имунитет

подобро кардиоваскуларно здравје

подобро ментално здравје

нормална телесна тежина итн.


9) Копарот е еден од најздравите зачини


Зачинот кој најчесто се користи при ферментирањето на краставичките е копарот. Тој придонесува за подобро дигестивно здравје –  подобрено варење, намалување на стомачните болки, стомачните грчеви и гасови итн.

Многу повеќе за копарот прочитајте во една од претходните статии: Копар – одличен за подобрување на дигестијата!

10) Сокот од кисели краставички го спречува непријатниот здив

Некои штетни бактерии се најчестиот виновник за лошиот здив. Добрата концентрација на оцет, но и на копар во сокот од кисели краставички, прави тој да има антибактериски ефект, односно може успешно да ги сузбие споменатите штетни бактерии.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор