fbpx

БАМЈА – ако сакате да го збогатите јадењето и со здравје, и со вкус!

tonus

Бамјата е едногодишно цветно растение од семејството слезови или Malvaceae. Се одгледува заради нејзините млади плодови кои се собираат во одреден пократок период, кон почетокот на летото.

На бамјата неопходно и е топло време за успешно да вегетира, па затоа најчесто се одгледува во топлите тропски краишта, но и кај нас во Македонија.

Ботанички гледно, бамјата претставува овошка, но во рецептите најчесто се приготвува како зеленчук. Уникатната конзистенција и вкус овозможуваат широка примена на оваа билка низ кујните ширум светот. Како еден пример, во традиционалната македонска кујна, бамјата е најпозната по нејзиното користење во специјалитетот турлитава.

Во продолжение, кои се корисните дејства од јадењето бамји.

"“Online”/

Бамјата е богат извор на хранливи материи

Бамјата спаѓа во густо-нутритивните храни, бидеќи содржи огромен процент на вода, а од друга страна и на низа микронутриенти и растителни влакна. Во 100g бамја се содржат само 33kcal, од кои 7,5g oд јаглехидрати(од кои 1,5g шеќери), 2g од протеини и 0,2g од масти.

Содржината на растителни влакна исто така е повеќе од солидна, односно 3,2g.

Од микронутриентите, бамјата во 100g содржи:

◦ 26% од дневно препорачаниот внес за витамин К
◦ 26% од ДПВ за витамин Ц
◦ 14% од ДПВ за витамин Б6
◦ 14% од ДПВ за витамин А
◦ 15% од ДПВ за витамин Б9
◦ 14% од ДПВ за магнезиум

Дополнително, бамјата содржи и одреден, солиден процент на калциум, калиум, но и помал процент на бакар, натирум, железо и некои други витамини од Б групата.

Значи, бамјата е пред сé добар извор на витамините Ц и К, но и на магнезиум и витамин А. Тоа би значело дека тие се добри за имуниот систем и здравјето на коските(витамин К и Ц), дека се погодна храна за дијабетичари и слабеење(густо-нутритивна храна, богата со растителни влакна), за бремени жени(витамин Б9) и храна добра за одржување на здравиот вид(витамин А).


Добар извор и на антиоксиданти

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојат се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак генерално зависи од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Бамјата содржи низа на моќни полифенолни антиоксиданти, вклучително катехини и изокверцетин,  флавоноидни соединенија, како и споменатите витамини со антиоксидантивно дејство – витамин Ц и витамин А.

Истражувањата покажуваат дека јадењето храна богата со полифенолни антиоксиданти може да го подобри срцевото здравје преку намалувањето на ризикот од згрутчувања на крвта и спречувањето на оксидативните процеси во крвните садови.

Антиоксидантите од бамјата се покажале и како добри за здравјето на мозокот, поради нивната способност да ја минат мозочната мембрана и на тој начин да го заштитат мозочното ткиво од оксидативен стрес. Така, продуктите како бамјата го заштитуваат мозокот од симптомите на стареење и ги подобруваат неговите перформанси во однос на меморијата и способностите за учење.

Бамјите се добра храна при процесот на слабеење и добра храна за дигестијата

Речиси сите зеленчуци се густо-нутритивна храна, односно храна богата со растителни влакна и вода. Тоа ја прави бамјата особено погодна храна при слабеењето. Освен што практично не можете да претерате со неа, таа ќе ви обезбеди и низа микронутриенти и антиоксидативни компоненти со најразлични корисни дејства врз орагнизмот.

Растителните влакна студиите ги поврзуваат со побрзото и поуспешно слабеење.

Ова е случај заради тоа што го намалуваа гликемискиот индекс на храната и ја врзуваат водата во стомакот, со што се промовира ситост. Дополнително, тие се храна за корисната цревна микрофлора, од чиј баланс зависи и целокупното здравје.

Растителните влакна помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје- констипацијата или запекот. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

Бамјите се добри за срцевото здравје

Високите нивоа на холестерол се една од најчестите причини за развој на кардиоваскуларни заболувања.

Бамјите содржат компонента со уникатна гел-структура или слуз, кој има можност за поврзување со холестеролот во текот на дигестијата, предизвикуваќи понатаму негово излачување преку столицата.

Друг потенцијален бенефит од бамјите за здравјето на срцето е резултат на нивната антиоксидативна содржина. Една подолготрајна студија од 4 години, која за волонтери имала над 1000 луѓе, покажува резултати според кои оние што јаделе храна богата со полифенолни антиоксиданти(преку Медитеранската исхрана), имале значително намалени инфламаторни или воспалителни маркери кои се значаен индикатор за срцевите заболувања.

На крајот, според повеќе истражувања, растителни влакна исто така можат да го подобрат кардиоваскуларното здравје, вклучително да го намалат ризикот од срцев и мозочен удар и од гојазноста како ризик-фактор за срцеви болести. Како и при првиот пример, ваквите резултати се должат на способноста на фиберот да го намали крвниот холтерол.


Храна погодна при остеопороза и за превенција од неа

Витаминот К игра клучна улога во метаболизмот на формирање коскеното ткиво, но и во згрутчувањето на крвта.

Јадењето на храна богата со витамин К, придонесува за зајакнување на коските и превенција од скршеници. Дополнително, бамјите се солиден извор и на калциумот и витаминот Ц. Едниот директно поврзан со здравјето на коските, додека витаминот Ц со метаболизмот на формирање на колагенот – протеин кој е многу значаен за здрави коски, но и за низа други функции.

Бамјите се храна која може да го намали крвниот шеќер

Одржувањето на здравите нивоа на глукоза во крвта е многу значајно за целокупното здравје, особено кај пациентите со дијабетес. Постојано високите нивоа на шеќер во крвта, можат да водат до предијабет и дијабет тип 2.

За очекување е храната сиромашна со калории, а богата со вода и растителни влакна, како што е бамјата, да биде погодна за дијабетичарите и за превенција од шеќерната болест.
Ваквата храна превенира од шеќерни пикови, но го намалува и гликемискиот индекс на останатата консумирана храна.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор