fbpx

Билки и зачини кои природно го намалуваат ШЕЌЕРОТ во крвта

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Билките и суплементите нема да го излекуваат дијабетесот, но може значително да помогнат да се одржува пониско ниво на шеќер во крвта.

Сé повеќе истражувања покажуваат дека во комбинација со конвенционалната терапија, можат да понудат олеснување на симптомите и намалување на ризикот од компликации.

Во продолжение 6 билки и суплементи кои можат да помогнат при дијабет тип 2.

"“Online”/


1) Цимет

Циметот е миризлив и зачин со интензивен вкус кој се прави од кора на дрвја. Доста се користи при зачинување на слатки, печени јадење итн.

Тој може да додаде слаткост на јадењата без додавање на шеќер. Заради оваа причина е популарен кај луѓето со дијабет, но треба да знаете дека ова не е ни одблизу сé.

Една анализа на повеќе студии, укажува дека циметот(секако во зависност од типот и составот, дозата) може да ги подобри:

Fibro Gel

• нивоата на глукоза во крвта
• нивоата на инсулин и инсулинската сензитивност
• нивоата на масти во крвта
• антиоксидативниот статус
• крвниот притисок
• дигестијата

Друга ваква анализа покажала дека циметот може да води кон намалени нивоа на шеќер во крвта при гладување, намалување на ,,лошиот” холестерол, односно ги потврдува претходните заклучоци.

Иако овие анализи не покажале дека циметот може да има значително влијание на хемоглобинот А1Ц (стандарден за дијагностицирање и следење на дијабетот), сепак мастите, холестеролот и инсулинската сензитивност се особено значајни параметри за дијабетичарите.

Треба да се каже дека повеќето анализирани студии се анимални, па потребни се повеќе истражувања за да се докажат овие ефекти кај луѓето.

Циметот можете да го внесувате преку зачинување на различни јадења, чај и како суплемент, но строго во консултација со вашиот лекар.

2) Алое вера

Алое верата е доста често растение со навистина најразлични примени. Покрај многуте, може да се користи и при дијабет.

Оваа билка покажала интересни својства во однос на испитуваните лабораториски глувчиња. Имено, таа делувала на заштитата и обновувањето на бета клетките во панкреасот, односно клетките кои продуцираат инсулин. Експертите сметаат дека ова веројатно се должи на нејзиниот моќен антиоксидативен состав. Ваквите резултати треба да бидат мотив да се истражува понатаму.

Алое верата може да ја земате како сок или во комбинација во смути, но и како суплемент во консултација со лекарот. Препаратите за кожа на база на алое вера, не смеат да се јадат.

3) Бел (магарешки) трн

Луѓето ја користат оваа билка како лек уште од далечни времиња, особено за црниот дроб.

Екстрактот од белиот трн покажал моќни антиоксидативни и антивоспалителни својства. Ова го прави погоден за дијабетичарите. Повеќето студии се ветувачки, но сепак не се доволно уверливи за екстрактот да може да се користи како единствен третман за дијабет тип 2. Како и да е, не се најдени значајни несакани дејства, па суплементирањето со оваа билка можете да го применувате по советувањето со лекар.


4) Пискавица (Грчко семе)

Грчкото семе е уште една намирница која може да делува на намалување на глукозата во крвта.

Семето е богато со растителни влакна и други компоненти кои можат да ја успорат дигестијата на јаглехидратите.

Постојат некои податоци според кои пискавицата може да помогне и во превенцијата од дијабет тип 2.

Една студија која траела 3 години, имала за испитаници 66 луѓе со предијабет кои секојдневно употребувале по 5 грама прав од писакавец и исто толку голема контролна група, која не употребувала воопшто. Добиените резултати велат дека луѓето со предијабет кои употребувале прав од пискавица, имале значително намален ризик од развој на дијабет тип 2.

Истражувачите заклучиле дека консумирањето на семето води кон зголемување на нивоата на инсулин во организмот, што пак го намалува шеќерот во крвта, но намален бил вкупниот холестерол.

Пискавицата може да се употребува како билка, прав или како суплемент во вид на капсула.

5) Гимнема силвестре

Ова е тревка која потекнува од Индија и чие име значи ,,уништувач на шеќерот”.

Во 2013 година, објавена е анализа на резултатите од повеќе студии, според која пациентите со дијабет тип 1 и 2 покажуваат знаци на подобрување по користењето на гимнема.

Кај луѓето со дијабет тип 1 кои земале екстракт од билката во период од 18 месеци, се покажало значително опаѓање на нивото на шеќер при гладување, во однос на оние кои примале само инсулин.

Другите истражувања на оваа билка даваат податоци дека луѓето со дијабет тип 2 добро реагирале и на листовите и на екстрактот, односно имале намалување на нивоата на шеќер, а зголемување на инсулинските.

Гимнема силвестре може да се зема како екстракт, како суплемент – капсули или да се користат нејзинтие листови.

6) Ѓумбир

Ѓумбирот е добро позната билка (корен) која има низа на погодни дејства врз организмот и се употребувала илјадиници години наназад во традиционалната медицина.

Најчесто е користен за дигестивни и воспалителни проблеми, но според една мета-студија од 2015 година тој може да биде корисен и при дијабет.

Ѓумбирот може да ги намали нивоата на глукоза во крвта, но не и да ги намали нивоата на инсулин. Поради оваа карактеристика, тој може да придонесе кон намалување на инсулинската резистентност кај луѓето со дијабет тип 2.
Механизмот според кој ова се случува не е јасен за истражувачите, па затоа потребни се повеќе истражувања на темата.

Ѓумбирот можете да го користите како свежо изрендан, како чај, сок, но и во форма на суплемент.

 

Важно

Многу е важно да запаметите дека овие билки не можат да бидат самостоен третман за било кој тип на дијабет и дека пред употребата на било какви суплементи, треба да се консултирате со стручно лице.

Консултацијата е значајна бидејќи самите не можете да го утврдите дозирањето, поради можните компликации ако при суплементирањето земате и некои медикаменти, но и поради тоа што вашиот лекар има целосен увид во вашата медицинска историја.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X