fbpx

Брзо препознајте дали ви паднал имунитетот!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Имунитетот е секогаш актуелна тема, а особено сега во време на пандемија со коронавирусот. Во една од претходните статии зборувавме за тоа како имунитетот е поврзан со различните аспекти на животниот стил, а наведовме и повеќе прехранбени продукти кои можат да стимулираат подобар имунитет.

Заклучивме дека сè она што нè прави ,,помалку здрави” – лоша исхрана, пушење, прекумерно пиење алкохол, неактивност, стрес итн. – исто така влијае негативно и на нашиот имун одговор.

Во продолжение, најчестите знаци според кои можеме да препознаеме дека нашиот имунитет е компромитиран или ослабен, па следствено на тоа да превземеме некакви мерки.

"“Online”/

Што претставува имунитетот во кратки црти?


Имуниот систем всушност претставува нашиот одбранбен механизам против сите несакани инфективни заболувања (предизвикани од различните микроорганизми), но и малку поопшто. Тоа е нашиот одбранбен систем кој треба да го одржи организмот во една т.н. состојба на хомеостаза или баланс.

Имунитетот не е важен само за борбата со вирусните инфекции и другите заболувања за кои сè уште немаме пронајдено соодветен начин на лекување (како коронавирусот). Тој е доста значаен и општо, за она што се нарекува квалитет на живот – колку често ќе бидеме болни, како ќе се чувствуваме, какви последици ќе имаме по заболувањата итн.

Се наметнува прашањето: Дали ние, со нашите постапки, односно со нашиот животен стил, можеме на некој начин да му ,,помогнеме” на имунитетот во неговото соодветно функционирање? (многу повеќе околу одговорите на ова прашање, дознајте со кликнување тука)

Fibro Gel

Преку препознавањето на ,,симптомите на ослабениот имунитет, што ќе биде тема во продолжение, можеме значајно да си помогнеме во целта – подобро здравје.


1) На раните и модринките им треба подолго време да заздрават


Во секојдневието често пати доаѓа до различни повреди, исеченици итн. При ваквите ситуации, имуниот систем е алармиран и веднаш превзема соодветни акции.

Кога ќе се формира рана од било каков тип, белите крвни клетки (имуните клетки) се клучни во справувањето со несаканите инфекции кои можат да се случат на тоа место, додека црвените крвни клетки се неопходни за обновување на ткивата. Но, ако имунитетот е ослабен, процесот на заздравување ќе има потреба од значително повеќе време.

Повредите посебно треба да бидат избегнувани од лицата со дијабет. Кои се причините за тоа, прочитајте тука.

2) Постојано сте под стрес

Стресот го поттикнува ,,бори се или бегај”, односно сложениот одбранбен механизам на телото, зголемувајќи ја инфламацијата и нивото на одредени хормони. Ако стресот и воспалението станат хронични, се нарушува блансот и на имуниот систем. Така, ослабен е одговорот на телото кон различните патогените (штетни) микроби итн.

Значи постојаниот стрес може да биде и симптоми, но и причина за ослабен имунитет.

Ослабениот имунитет е уште една причина плус која треба да ве мотивира да најдете трајни решенија за справување со стресот. Повеќе околу тоа на кој начин стресот го намалува имунитетот и како да го спречите тоа, прочитајте во една од нашите претходни статии: Како стресот го намалува имунитетот?

 

3) Имате зачестени ушни или синусни инфекции

Ако страдате од синусни или ушни инфекции повеќе од 4 пати годишно, можно е да имате нарушен имунитет. Истото важи доколу два пати имате пневмонија или повеќе од двапати годишно користите антибиотска терапија.

Ако ви се случуваат волку чести инфекции, силно препорачливо е да посетите специјалист имунолог кој ќе може да ви помогне во вашиот случај.

[Поврзано: Зошто антибиотиците се земаат ИСКЛУЧИВО по препорака на лекар?]

4) Постојано страдете од настинки

Иако т.н. обични настинки изгледаат доста помалку сериозно од претходно споменатите инфекции, сепак и тие знаат да го нарушат квалитетот на живеењето. Многу честите настинки треба да ви бидат аларм дека нешто не е во ред со вашиот имун одговор.

Сепак, пред да се загрижите, обрнете повеќе внимание на вашето секојдневние. На пример, спред искуствата јасно е дека мајките на помалите деца, наставниците и сите вработени лица кои работат во затворени простории, а притоа имаат контакт со повеќе луѓе, се во посебен ризик од заразни болести кои ги напаѓаат дишните патишта.

За да го зајакнете имунитетот, консултирајте се со вашиот лекар во однос на  суплементацијата, на пример со витаминот Д, имајќи предвид дека низа студии укажуваат на поврзаност помеѓу недостаток од овој витамин и нарушениот имунитет.

[Поврзано: Витамин Д – КЛУЧОТ за над 4000 клеточни процеси!]

5) Постојано се чувствувате заморено

Заморот може да биде предизвикан од навистина многу фактори, па затоа нарушениот имунитет не треба прво да ви падне на памет кога ќе почувствувате замор.

При ваква ситуација, докторите најпрво советуваат да направите тестирање за анемија, спиечка апнеа, хормонски дисбаланс или некоја друга ,,скриена” причина која можеби дава дополнителни специфични симптоми. Ако на сите овие тестирање не се покажат проблеми, тогаш веќе можете да се сомневате на имунитетот.

Сите знаеме дека сме изморени додека сме болни, а дел од причните се токму зголемените енергетските потреби за имуниот одговор. Но, за жал ваквата состојба често знае да го наруши и сонот. Лошиот сон од друга страна исто така влијае лошо на имунитетот, па се формира еден непријатен циклус. Повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

Повеќе совети околу тоа како да си го подобрите сонот:

Во текот на денот:

 

  • Внесот на кофеински пијалаци сведете го на минимум и не пијте кафе попладне.
    • Ако сте пушач, работете на тоа да ги оставите цигарите. Никотинот е докажан како нарушувач на сонот.
    • Изложувајте се на светлина во текот на денот.
    • Ако чувствувате замор, кратките дремки од 20-30 минути во првата половина на денот можат да бидат корисни.
    • Бидете физички активни! Но, вежбајте до 4 часа пред времето за спиење.

Во текот на ноќта:


  • Не употребувајте алкохол. Алкохолот може и да помогне за побрзо да заспиете, но е проблематичен кога станува збор за должината на сонот, односно ќе се разбудите побрзо.
    Избегнувајте ги оброците, особено обилните, во текот на ноќта.
  • Најдете начини за релаксација (тоа може да биде и некој релаксирачки ритуал, како пиење чај на пример)
    • Немојте да лежите во креветот повеќе од 15 минути, ако не можете да заспиете.
    • Обидете се секоја вечер да легнувате во слично време, исто и за време на викендите.
    • Силното осветлување на домот не е паметен избор.

 

6) Често одите во тоалетот

Дијареата и запекот можат да бидат предизвикани од најразлични причини, помеѓу кои и ослабен имунитет.

За да го решите или превенирате овој проблем, имајте здрава исхрана, со повеќе растителни влакна, витамини, минерали и што е можно помалку процесирана храна. Препроцесираната храна е богата со рафинирани шеќери, заситени маснотии и трансмасти што може да го наруши имунитетот, но и балансот на корисната цревна микрофлора.

Имајќи предвид дека балансот на микрофлората е особено важен и за имунитетот,
храната со празни калории и преку нарушувањето на микрофлората делува негативно на имунитетот.

Според низа сериозни студии, Медитеранскиот тип на исхрана е оптимален за имунитетот – богат е со растителни влакна (пребиотици), здрави масти и пробиотици, додека отсуствуваат заситените масти, шеќерите, трансмастите и другите штетни компоненти, инаку доста често застапени во западниот или ,,модерен” начин на исхрана.

Дополнителни совети за оддржување на здравиот имунитет:

Избегнувајте продолжен престој во затворени простории со многу луѓе

Оставете ги цигарите

Имајте редовна физичка активност

Редовно и правилно мијте ги рацете, но и овошките и зеленчукот

Одржувајте здрава телесна тежина

Избегнувајте алкохол

Поврзани теми:

10 намирници за подобар имунитет!
Како ИМУНИТЕТОТ е поврзан со животниот стил?

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X