fbpx

Брз, лесен и вкусен рецепт за ХУМУС

tonus

Хумусот е намаз, традиционален за регионот на Блискиот Исток. Во последно време неговата популарност расте во светски рамки, заради специфичниот, богат вкус, мазната текстура, а се смета и за еден од најздравите намази кои можете да ги најдете на пазарот.

Поради тоа што е релативно нов кај нас, индустриски произведениот хумус е со висока цена за нашиот стандард. Од друга страна, сите намирници кои ни се потребни за негова подготовка се навистина евтини. Сè што ни треба е добар рецепт!

Во продолжение, проверен, одличен рецепт за подготовка на домашен хумус, кој може да биде и многу повкусен од оние на рафтовите во маркетите, секако ако го подготвувате внимателно со љубов, и со вистинските намирници.

"“Online”/

Корисни дејства на хумусот



Имајќи предвид дека овој намаз е направен од намирници кои сами по себе се особено корисни и здрави, сосема за очекување е нивната комбинација, односно хумусот, да биде уште поздрава.

Главните состојки, без кои хумусот не е хумус се: наут, таан, лимонов сок, маслиново масло и сол.

Во нашите последни објавени статии, зборувавме за научно потврдените корисни влијанија на наутот и таанот на организмот. За овие дејства можете поопширно да прочитате во статиите, а во продолжение само накратко ќе ги наведеме:

• подобрена дигестија
• помош при процес на слабеење
• кардиоваскуларно здравје
• здравје на коските
• подобрена работа на тироидната жлезда
• позитивно влијание на имунитетот
• антивоспалитено дејство
• позитивно влијание при дијабетес
• здравје на мозокот

Дополнително, другите намирници кои исто се додаваат при подготовката на хумусот, имаат исто така имаат навистина позитивно дејство на организмот; лимоновиот сок е пред сè богат со витамин Ц; маслиновото масло – со здрави маснотии..

Нашиот омилен рецепт за хумус



За нашиот рецепт ќе употребиме: 200g наут, околу 40g таан, нешто помалку од 1 супена лажичка сол, 2-3 супени лажички маслиново масло, 3 супени лажички сенф (по можност бел), 3-4 поголеми лажички лимонов сок(може и комбинација со јаболков оцет, по вкус), 1 лажичка лук во прав или мала главичка лук, црн пипер и други зачини кои се додаваат по подготовката.

• Најпрво наутот се остава да омекне во текот на ноќта, а доколку сте нестрпливи може да се обидете и со неколку часа.

• Откако убаво ќе омекне, наутот потоа се вари што е можно подолг период, до 30-40 минути. Секако, можете употребите и наут кој е веќе сварен и конзервиран.

Следно е поставувањето во блендер. Доколку имате блендери со поголем капацитет, можете сите набројани намирници да ги ставите во него одеднаш, но ако блендерот е со помала моќност, тогаш најпрво додадете ги покрупните работи како наутот и таанот, а потоа дозирајте од другите. Половина од содржината во блендерот прекријте ја со вода. На 20тина секунди запирајте го блендерот и подотстранете ја содржината која се наоѓа на ножевите. Притоа, внимавајте на текстурата! Доколку не е доволно ,,мазна”, постепено додавајте вода, (може и од водата во која се варел наутот), но внимавајте да не претерате.

• Во случај да немате блендер, тоа не значи дека нема да можете да добиете хумус со посакуваната мазна текстура. Впрочем, луѓето од Блискиот Исток кои го создале хумусот, секако немале блендери.

Потребен ви е метален толчник и соодветен сад во кој содржината нема да може да ви се заглавува по ќошевите. За помазна текстура, добро е да ги отстраните лушпите од наутот, но ова не е задолжително, особено имајќи предвид дека и во нив се содржат одредени микронутриенти кои можат да ни бидат од корист. Доколку имате микробранова, пред да го ставите наутот во садот за толчење, поставете ги во неа на краток период, со цел дополнително да омекнат.

Со металниот толчник, што е можно посилно толчете ја содржината. Постепено додавајте од таанот, кој постепено ќе создава помазна структура. Потоа, постепено дозирајте и од другите компоненти. Можете да додадете и мало количество на топла вода, но внимателно. По десетина минути толчење, хумусот е подготвен.

Здрави комбинации?

Хумусот оди особено добро со свежи домати, марула, краставица..

Само неколку здрави комбинации со хумус:

• здрави, интегрални сендвичи со хумус и различен сезонски зеленчук
• сос во интегрална паста
• употреба наместо мајонез и сенф во различни рецепти
• едноставно премачкан на интегрален леб, ,,питарки” или потпечено лепче
• хумус и фалафел, специјалитет од Блискиот Исток
• прелив за салати
• макало во комбинација со различни сезонски зеленчуци
итн

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор