fbpx

,,Бродчиња” од модар патлиџан полнети со урда

tonus

Сакате ручек кој целосно ќе ве засити и ќе ви ги обезбеди потребните нутриенти, а притоа нема да ви даде многу калории?

 

Бродчиња од модар патлиџан и урда



Популарните ,,бродчиња” се одличен хранлив оброк кој има потенцијал добро да ве засити (поглднете нутритивна табела, под рецептот!). Ваквото својство се должи на главните компоненти на овој рецепт: модриот патлиџан и урдата.

Урдата е одличен протеински извор, додека патлиџаните изобилуваат со микронутриенти (витамини и минерали) и растителни влакна.
Квалитетните протеини од урдата го супресираат хормонот на гладот, наречен грелин, додека растителните влакна и водата на свежата храна, како што е модриот патлиџан, поттикнуваат чувство на полн стомак.

"“Online”/

Во Индија, модриот патлиџан се смета дури и за „крал на зеленчуците“ – и со право, бидејќи освен што го збогатува вкусот на секое јадење, тој има состав кој ветува најразлични здравствени бенефити. Многу повеќе околу нив, дознајте во една од нашите претходни статии: Придобивки од МОДРИОТ патлиџан!

Се работи за искучителна, нутритивно концентирана храна. Својата темновиолетова боја ја добива од антоцијанинот, моќен антиоксидативен пигмент. Високата нутритивна вредност, пред сè, потекнува од високото ниво на витамините Ц, К, Б1(тиамин), Б3(ниацин) и Б6. Освен тоа, модрите патлиџани содржат и магнезиум, фосфор, фолна киселина и калиум, а имаат и исклучително ниска калориска вредност (само 25 калории на 100 грама!). Ова ги прави модрите патлиџани нутритивно сконцентрирана храна, која освен за зачувување на доброто здравје е одличен избор и за задржување на добрата линија.

[Поврзано: Нутритивно концентрирана храна – што е тоа?]

Модриот патлиџан – специјалитет на медитеранската кујна

 

Во медитеранската кујна, еден од најзастапените вкусови е токму оној на модриот патлиџан. Тој може да се сретне во речиси секоја форма – полнет со различни состојки, во мусака, манџи, салати и ред други јадења. Денес, ви предложуваме да подготвите бродчиња од модар патлиџан со урда!

[Поврзано: Сицилијанска капоната – модар патлиџан во своето најдобро издание!]

За овој рецепт, потребно ќе ви биде:

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. Најпрво ги пресекуваме на половина (по хоризонтала) двата модри патлиџани. Внимателно, со лажичка ги издлабуваме по средината, односно го вадиме семето за да оставиме простор подоцна за полнењето. Ја вклучуваме рерната да се загрева на 180°C.
  2. Додека рерната се загрева, секоја од издлабените половини модар патлиџани ја преливаме со 1 лажичка ладно цедено маслиново масло, а потоа зачинуваме со димена црвен пипер и сол и бибер, според вкус. За подобар вкус, добро е да користиме покрупна, морска сол.
  3. На една тава за печење, поставуваме хартија за печење и ги редиме половинките модар патлиџан. Откако рерната доволно ќе се загрее, ги ставаме патлиџаните да се печат околу 10 до 15 минути.
  4. Додека модрите патлиџани се печат, го подготвуваме ,,филот”. Во еден подлабок сад ја ставаме урдата, а потоа ги додаваме сецканиот магдонос, заедно со иситнетите јатки, копарот и ориганото. Добро мешаме додека смесата целосно не се соедини.
  5. Испечените модри патлиџани ги полниме со филот и врз нив наросуваме малку од калинките.
  • Овој рецепт прави 3 порции.

 

Нутритивна вредност:

(на една порција)

Калории: 310 Јаглехидрати: 30g од кои растителни влакна: 12g и шеќери: 16g;  Протеини: 15g; Масти: 16g од кои заситени масти: 3g; Витамин Б1: 0.3mg; Витамин Б2: 0.3mg Фолна киселина: 110µg; Витамин Б3: 5mg; Витамин Б5: 1,6mg Витамин Б6: 0.4mg; Витамин Б12: 0.4µg Витамин А: 750IU; Витамин E: 3,3mg; Витамин К: 130µg; Железо: 2mg; Калиум: 1100mg; Манган: 1,2mg; Магнезиум: 100mg; Бакар: 0.6mg; Селен: 12µg; Фосфор: 280mg

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор