fbpx

Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Постојат толку многу типови на диети што луѓето понекогаш забораваат дека слабеењето се сведува на два едноставни принципи – здрава и правилна исхрана и редовна физичка активност. Секако, слабеењето е далеку од наивен процес, но не нѝ е потребен некој ,,фенси” или магичен начин на исхрана за да ослабеме.

"“Online”/

Основите на овој процес се следење на калорискиот внес, зголемување на физичката активност, јадење на здрави масти, полнозрнаста храна и растителни протеини.

Заборавете на силно рестриктивните, ограничувачки диети и следете ги принципите на здравата исхрана и живеење (умерени оброци, повеќе свежа, полнозрнаста храна, мешунки, јатки.., редовна физичка активност, контролиран стрес, добар сон). Водејќи се според овие принципи, ќе можете да ги загубите килограмите трајно.

Зошто диетите се погрешен пристап, прочитајте тука.
Во продолжение, што треба, а што не треба да правите при процесот на слабеење:

Не треба:

Да се чувствувате тажно, мачно или виновно.

Fibro Gel

Да имате ,,чит деј или ден кога ќе ви биде ,,дозволенанездравата храна во неограничени количества.

Да се потпирате на ,,замените за одредени производи.- ,,заменските” или ,,здравите” бургери, палачинки, пици со растителен кашкавал итн., се проблематични заради тоа што многу ретко содржат помалку калории и ја одржуваат лошата навика на внесување големи количества празни калории. Создаваат привид дека консумирате здрава храна која не само што нема да придонесе за повишување на килограмите, туку е добра за вашето здравје.

Да се обидувате со некоја диета заради тоа што таа функционирала за некој друг.

Да консумирате алкохол или да имате обемен оброк непосредно пред спиење.

Многу луѓе, особено оние кои држат било каков тип диета, си поставуваат крајно нерационални рестрикции или ограничувања во однос на некој вид храна. Ова не е бесмислено само од нутритивен (хранлив) аспект – на пример, јадењето живи јајца од препелица наутро, јадењето конзервирани ,,протеински” колбаси, само за да се избегнат ,,лошите” јаглехидрати или немешањето на јаглехидрати и протеини – туку е бесмислено и од психолошки и од аспект на одржливост.

Ако некој постојано се чувствува тажно, нервозно, потиштено, а ако го прекрши самопоставеното ,,правило” и виновно, тоа е дефиниција за неодржливост. Можеби најзначајниот принцип на здравото слабеење е можноста за одржливост. Затоа, треба да се усвои начин на исхрана кој е најблизок до вашите потреби и вкусови. Медитеранскиот начин на исхрана оваа година, покрај другите награди од релевантни институции, доби и награда за најлесно одржлива здрава исхрана на долги патеки.

Имајќи ваква исхрана, нема воопшто да имате потреба од т.н. чит дејс и ќе научите да си ги простувате грешките, бидејќи трчате маратон, а не спринт. Потребата од вакви денови во кои ,,сè ќе ви биде дозволено”, значи дека вие имате проблем со она што самите си го ограничувате или не сфаќате дека навистина треба да намалите со нездравата храна.
Ваквите денови лошо влијаат на психолошкиот аспект кој е исто така значаен при процесот на слабеење, но го нарушуваат и ритамот на метаболизмот.

Подетално околку проблемот со прејадувањето навечер и кој се главните проблеми на сите диети, прочитајте во нашите претходни статии: Диетите не се решение, диетите се ПРОБЛЕМ и Зошто оброците доцна НАВЕЧЕР влијаат лошо на телесната тежина?

Треба:

Да го следите калорискиот внес, но и она што го јадете.

Да обрнете внимание на големината на порциите.

Да го читате составот на произовдите.

Да ги јадете сите типови храна.

Да јадете ,,свесно и пополека.

Да имате паметна вечера.

Најновите истражувања покажуваат дека луѓето кои поминуваат барем 10-тина минути во денот, мислејќи на тоа што јадат и во колкави количества, се поуспешни во процесот на слабеење.

Следењето на тоа што го внесувате ве прави посвесни колку здраво се храните, но и колку калории внесувате. Ова во почетокот подразбира читање на етикетите со нутритивна и калориска вредност и/или внесување на оброците во одредени апликации на паметните телефони. Запишувањето на лист, исто така е опција.

Со текот на времето, самите ќе изградите чувство која храна колкава енергетска и нутритивна вредност има и нема да имате потреба постојано да ги читате етикетите и да внесувате во апликации. Исто така, ќе го согледате и шаблонот на исхрана кој го имате и каде грешите, па ќе ви треба сè помалку време за успешно да менаџирате со оброците и ужините во текот на денот.

Кога се работи за слабеењето и контролирањето на телесната тежина, од исклучителна важност е контролирањето на големината на порциите. Немојте да прескокнувате оброци, имајте повеќе оброци од помал обем.

Споменавме и внесување на секаква храна, а тука подразбираме храна богата со било кои макронутриенти – јаглехидрати, протеини, масти. Секој од нив има своја улога во орагнизмот и е есенцијален (неопходен).

Избегнувањето на јаглехидратите можеби ќе помогне во слабеењето, но не за долго. Сложените јаглехидрати треба да бидат основната во здравата исхрана, а секако тука влегуваат и здравите маснотии и растителните протеини. Маснотиите не нѝ се нужно непријател. Постојат многу лоши, лоши, но и добри масти.

Повеќе за најчестите невистините околу јаглехидратната храна, прочитајте тука.

Истражувањата покажуваат дека она што се подразбира под спорото и свесно јадење, без дистракции води кон внесување на помалку калории, а подобро чувство на заситеност – многу важно при процесот на слабеење.

Кога велиме свесно јадење, се мисли на јадење со внимание и интенција (намера, насоченост). Јадењето со интенција за грижа кон себеси и јадењето со внимание кога се заситуваме, но и уживањето во храната е навистина значаен дел од она што се подразбира под здрава исхрана.

Со свесното и внимателно јадење, не само што ќе си помогнете за подобро здравје и поефикасна дигестија, туку исто така и ќе:

◦ научите на уживате во вкусовите на храната.


◦ сфатите дека нездравата храна и не е толку вкусна како што претходно ви делувало и дека ви прави непријатно чувство по јадењето.


◦ забележите кои продукти на лош начин делуваат врз вашето расположение и енергетско ниво, а можеби и онакви кои ви делуваат позитивно.


◦ ја намалите телесната тежина – ќе се заситувате побрзо.

 

Повеќе околу тоа како да започнете со свесното и фокусирано јадење, прочитајте тука.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X