fbpx

Ваша блиска личност има намера да слабее? 10 начини како вие можете да помогнете!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Имајќи предвид дека гојазноста веќе одамна има заземено пандемиски размери, многу често се случува со овој проблем да се соочува и некој наш близок – дали е тоа другар, пријател, родител или можеби партнер.

Дали некогаш сте се почувствувале беспомошни во намерата на некој начин да ѝ помогнете на блиската личност која можеби и самата се труди да го надмине проблемот со обезноста? Што да направите? Како да бидете од помош? Како да се поставите за да бидете најкорисни?

Во продолжение, ќе се обидеме да дадеме некои корисни одговори на оваа тема.

"“Online”/

Менувањето на навиките навистина не е лесен процес

Процесот на менување било каква навика е секогаш тежок. Таков е случајот и со исхраната. Дополнително, исхраната е навика која има и физиолошки импликации. Ова значи дека освен со начинот на однесување, во намерата за менување на исхраната, неопходно би било справување и со моменталните потреби на кои претходно сме го навикнале телото. Најчестиот проблем е задоволството (серотонинот) кое за момент го добиваме од храната со силен вкусов интензитет, но како физиолошки фактори (го нарушуваат хормонскиот баланс) се јавуваат и стресот, нарушениот сон итн.

Многу е важно да се каже дека правилниот начин на менување на исхраната (здравото и слабеењето кое е ефективно на долг рок), како по правило е поврзан со менувањето на некои други животни навики – менување на седечкиот начин на живот со редовна физичка активност, како најчеста нужна промена, потоа создавање механизми за справување со секојдневниот стрес, практикување добра хигиена на сон итн.

За среќа, успешното менување на секоја лоша навика е можно, секако најпрво со цврста решеност, за која е неопходен цврст мотив. Мотивот пак, многу често е поврзан со партнерот и блиските луѓе. Заради овие причини, многу е важно како ќе се постави и однесува блиската личност на лицето кое се обидува да ослабе, во текот на процесот на слабеење.

Fibro Gel

Комуницирајте со блиската личност!

Можеби слабеењето изгледа доста едноставно, но тоа претставува повеќеслоен процес во кој секој поединец има различни потреби и во однос на психолошкиот дел.

Некои поединци подобро го минуваат процесот сосем сами, други пак имаат потреба од поголема поддршка. Затоа е важна комуникацијата. Зборувајте отворено на оваа тема, ако не прашате и самите си претпоставувате, никогаш нема со сигурност да знаете во која група од споменатите е вашиот партнер.

Сепак, потребите можат да се менуваат во текот на самиот процес, па бидете свесни за тоа и прилагодувајте се според дадените, можеби некогаш и суптилни ,,знаци”.


10 начини како да
ѝ помогнете на блиската личност во процесот на слабеење:

1) Бидете поддршка, не судија – Немојте да се фокусирате на грешките кои ги прави партнерот, туку бидете поддршка во секој момент. Секако, добронамерните критики се добредојдени, но гледајте главно тие да бидат одмерени и да преовладува општа атмосфера на поддршка.

2) Станете активен дел од нивниот програм –  Гответе заедно и обидете се периодот во кој партнерот има порестриктивна исхрана да јадете заедно со него, или барем пробувајте од јадењата. Ако тој/таа посетува теретана, а имате можност да се придруижите, направете го тоа. Секако, правете го тоа со ентузијазам, инаку би било залудно, па дури и контрапродуктивно.

3) Создадете ,,атмосфера на здраво живеење – Ова всушност значи да се создаде чувство на лагодност спрема новите навики. Како што нездравите навики станале рутина, така можат да станат и здравите. Едни здрави навики, повлекуваат други, а кога во тој процес сте заедно со партнерот, сè ќе се одвива полесно, побрзо и поприродно.
Здравиот животен стил не подразбира само исхрана.

На пример, дружбите со блиските пријатели практикувајте ги во склоп со некакви активности – дали ќе биде тоа прошетка или искачување на Водно, на пример.

4) Покажете дека се грижите за личноста, а не за нивната исхрана – Покажете му на партнерот дека се грижите за него/неа од секој аспект. Секако, ова е многу важно и кога тој/таа не е во процесот на слабеење, но немојте да дозволите целата работа околу слабеењето да ви (на двајцата) стане опсесија, па да заборавите дека личноста има и други потреби во комуницирањето.

5) Кога ќе имаат лош ден, добро ислушајте ги, но никако не судете – Прашувајте како оди прогресот и бидете тука за да ги ислушате ако наидат на било каков проблем. Овој тип на комуникација е особено важен ако знаете дека при вакви ситуации партнерот бара ,,утеха” во вкусен и обемен оброк – обидете се разговорот со вас да биде таа ,,утеха”.

6) Поддршката нека биде видлива – Немојте да дозволувате партнерот кој има потреба од помош да дојде и да ја побара од вас, вие бидете оној кој ќе ја понуди, односно јасно дадете до знаење дека сте тука за нив. Ако се работи за добар пријател/ка, а не можете да се гледате постојано, испратете му порака, јавете му се – нека бидат свесни дека можат да сметаат на вас. И секако, притоа не зборувајте само за проблемот со тежината, туку и за сите останати животни проблеми.

7) Бидете тука да ги прославите успесите во процесот на слабеење – Многу е значајно да се обрне внимание на напредокот, без разлика колку е мал или голем. Најдете креативни начини (кои не вклучуваат храна) за да ги прославите овие мали победи. Купете ѝ букет, карта за концерт, одете со него на кино, спортски натпревар или некои други активности кои знаете дека му/ѝ се драги.

8) Бидете во тек со нивната програма за слабеење
– Нучете што е можно повеќе за процесот низ кој што поминува вашиот партнер или блиската личност на којашто сакате да ѝ помогнете. Ако не можете да ги придружувате при сите нивни активности за слабеење, тогаш почитувајте го времето кое го посветуваат на нив. Дополнително, знаејќи го нивниот план, ќе научите корисни работи и за себе (можеби и вие имате нездрава исхрана), ќе покажете дека се грижите, дека нивните намери имаат смисла, но ќе престанете и постојано да поставувате непотребни прашања.  J

9) Избегнувајте ги лошите навики, особено во исхраната – Можеби вие немате проблем со гојазноста како вашиот партнер или друга блиска личност, но тоа не значи дека вие имате здрава исхрана. Помеѓу другото и заради оваа причини погоре споменавме дека е најдобро да јадете заедно со партнерот за време на најрестриктивниот период.

Избегнувајте да го доведувате партнерот во ситуации на искушение. Немојте да нарачувате пица, буреци, пецива и останата храна богата со (празни) калории.

Fibro Gel

10) Секогаш бидете позитивни – Можеби ова е најважната работа. Кога се соочувате и справувате со некаков проблем (гојазноста може да биде и доста сериозен проблем, иако често не изгледа така на прв поглед), кога гледате дека некој верува во вас и во тоа што го правите, секако дека шансите за успех се неспоредливо поголеми. Кога блиската личност што се обидува да ослабе ќе доживее било каков вид криза во процесот на слабеење, бидете тука за нив со позитивната енерија и охрабрете ги да продолжат по вистинскиот пат.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X