fbpx

Вечно актуелниот – витамин Ц! А има и зошто!

tonus

Иако помеѓу луѓето не постои согласност околу тоа кој е најздравиот начин на исхрана, сите ќе се сложиме дека треба да се јаде повеќе свежа хранаовошје и зеленчук.
Постојат низа причини зошто е ова случај, но една студија од Данска, нѝ дава уште една дополнителна причина плус.

Што поголем внес на витамин Ц, тоа помал ризик од срцеви заболувања и општа смртност (од било кои причинители)!


Во студијата објавена во 2015 година, истражувачите заклучуваат дека јадењето свежа храна (овошје и зеленчук), нé заштитува од кардиоваскуларните заболувања и предвремената смртност. Тие сметаат дека ова во огромен дел се должи на многуте корисни дејства на витаминот Ц, со кои се богати овошјето и зеленчукот.

Студијата анализира податоци од над 100 илјади Данци, осврнувајќи се на нивните навики за исхрана. Резултатите потврдиле дека луѓето кои јадат повеќе овошје и зеленчук, имаат за 15% помал ризик од срцеви болести, во споредба со оние кои речиси никогаш не јадат свежа храна. Ризикот од смртност од било каква причина пак, бил помал за 20%.

"“Online”/

Истражувачите ги анализирале и нивоата на витамин Ц во крвната плазма кај околу 3,5 илјади од испитаниците. Утврдиле дека колку е повисоко нивото на овој витамин во крвта, толку е помал ризикот од срцеви заболувања и предвремена смртност.


Овошките и зеленчукот се здрава храна не само заради витаминот Ц!

Крајниот заклучок бил дека ова позитивно дејство од јадењето свежа храна, само во одреден дел се должи на витаминот Ц. Значи, витаминот Ц не е единствената причина заради која свежата храна е добра за здравјето. Имено, ваквата храна содржи и низа на други микронутриенти (различни витамини и минерали), а е и одличен извор на антиоксиданти и различни видови на фитохемикалии.

Зошто витаминот Ц е толку корисен за организмот?


Корисните ефекти на овој витамин за здравјето се навистина многубројни и разновидни. Можеби неговото најпознато дејство е како имуностимулатор, односно компонента која нѝ помага многу полесно да ги пребродиме настинките и гриповите. Можеби нешто помалку познато е дека витаминот Ц е многу моќно антиоксидативно средство.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак генерално зависи од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања – дијабет, кардиоваскуларни заболувања, малигни заболувања итн.

Ваквото антиоксидативно својство на витаминот Ц му овозможува да ја намали општата инфламација во различни делови од организмот, па така тој придонесува за подобро здравје на мозокот, кожата, очите, а го намалува и оксидативното оштетување на ,,лошиот” LDL холестерол, што превенира од артеросклероза.

Дополнително, витаминот Ц учествува во метаболизмот на синтеза на невротрансмитерите, колагенот (најзастапениот протеин во организмот на човекот) итн.

Најдобри извори на витамин Ц во храната:


Пиперки3 пати повеќе отколку во портокалот, на пример.
• Цитрусни овошки – лимон, портокал, цитрон итн.
Домати
• Бобести овошки – јагоди, малини, капини, рибизли, боровинки, бобинки итн.
Брокула
Спанаќ
Компир
Зелка
Останат лиснат зеленчук
• Карфиол
Магданос
• Киви

Одредени количини од овој витамин има и во поголемиот дел од свежата храна. На тој начин и умереното, но редовно јадење свежа храна, никогаш нема да нé остави во дефицит од овој витамин. Дополнително, ваквата храна ќе нѝ обезбеди и низа други есенцијални микронутриенти.

Витаминот Ц е водорастворлив, па затоа треба секојдневно да се внесува. Дневните препорачани количества од овој витамин се од 65 до 90mg д, а за сосема безбедни се сметаат и количествата до 2000mg.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор