fbpx

Видови храна за добар ТЕН

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Со доаѓањето на летото многумина сакаат да стигнат до бронзен тен. Секако, здравата изложеност на сонце води кон ваков тен, но дали сте знаеле дека и одредени прехранбени производи можат да помогнат за оваа цел?

Додавањето на одредена свежа храна, односно овошки и зеленчуци во исхраната, може да и даде на вашата кожа одреден сјај што потсетува на темениот тен, направен на плажа. Дополнително, една студија од Универзитетот од Лидс, вели дека поединците кои имале тен продуциран од разновидната исхрана богата со одредени витамини и минерали, делувале ,,попривлечно” од оние кои тенот го добиле од сонцето. Што се крие зад ваквиот ефект?

Студијата прави разлика помеѓу два типа на обојување на кожата:

"“Online”/

• ,,каротеноидно обојување”
• ,,меланин обојување”

Меланин обојувањето е она кое е добиено од сончевите зраци, додека каротеноидното обојување на тенот е од одредена свежа храна богата со каротеноиди. Така, јадењето храна богата со споменатите компоненти, која воедно е и богата со други антиоксиданти, вода, минерали и други компоненти исто така многу важни за здравјето на кожата, може да ви помогне во добивањето на посакуваниот летен сјај на вашата кожа.

Во продолжение, 6 такви прехранбени производи:

Fibro Gel


Моркови

Не е нешто ново дека морковите се одличен избор за здрава и сјајна кожа. Тврдењата дека морковите можат да ви ја ,,направат” кожата портокалова не се точни, напротив тие содржат компоненти кои ќе придонесат за сјаен тен и здрава кожа.

Само еден морков со просечна големина содржина повеќе од 100% од дневните потреби за витаминот А, витамин многу важен за кожата. Покрај тоа, морковите се одлични и за видот, коските итн. Повеќе околу нив прочитајте тука.

Дињи

Дињите се неизбежна намирница во жешките летни месеци која ќе ви овозможи освежување и хидрирање, но дали сте знаеле дека таа е одлична и за кожата? Покрај тоа што помага за подобро нејзино хидрирање, обезбедува низа антиоксиданти за заштита на кожата, помеѓу кои и каротеноиди и високи концентрации на витаминот Ц.

Овој витамин е клучен во метаболизмот на колагенот – најзастапениот протеин во организмот. Колагенот има структурна фунцкија, витална за одржувањето на здраво кожно ткиво. Дополнително, витаминот Ц е моќен антиоксидант што помага за заштита од оштетувањата на кожата предизвикани од слободните радикали.

Повеќе за дињите прочитајте тука.


Брокули

Брокулите се супер-храна која е навистина богат извор на огромен број хранливи материи, помеѓу кои моќни антиоксиданти, витамин Ц, витамин А и минерали важни за здравјето на кожата. Важноста на витаминот Ц за кожата ја објаснивме претходно.

Покрај ова, некои помали студии даваат резултати според кои брокулата може да нé заштити од штетните УВ зраци и од изгореници од сонцето.

Повеќе за брокулата можете да прочитате тука.

Тиква

Сезоната на тиквите е во есен, кога веќе почнува да се губи тенот и сјајот на кожата добиен на плажите. Добар начин за надоместување е редовното јадење тиква. Покрај тоа што тиквата е богата со каротеноиди и други антиоксиданти корисни за кожата, таа содржи и високи концентрации на растителни влакна кои можат да помогнат да се чувствувате посити и на тој начин да го контролирате аптетит и да слабеете.


Пиперки

Пиперките се многу честа храна на нашите трпези, а пазарите се преполни со квалитетни пиперки. Тие се одличен извор на каротеноиди, но и со низа моќни антиоксидативни компоентни, помеѓу кои витамин Ц и тоа во количества и до 3 пати поголеми од оние на портокалот, на пример. Важноста на овие компоненти за здравјето на кожата(но и на косата) веќе претходно ја објаснивме.

Повеќе околку корисните ефекти на пиперките прочитајте тука.


Домати

Високата концентрација на витамин Ц, антиоксидантите и високата концентрација на вода, ги прават доматите одличен избор за здрава и сјајна кожа. Овој период изобилува со вкусни македонски домат чии корисни ефекти не треба да ги пропуштиме.

Дополнителни совети за здрава кожа:

јадете повеќе од споменатата храна богата со витамин А и Ц, но и други продукти богати со овие витамини

• јадете зелени зеленчуци богати со антиоксиданти и корисни минерали – спанаќ, кељ, рукола итн.

јадете храна богата со цинк и селен – ленено семе, свежа храна, бразилски ореви, интегрален ориз, интегрален леб, туна, мешунки, јатки, полнозрнаста храна итн.

јадете храна богата со витамин Е и здрави маснотии(омега 3 масни киселини, мононезаситени масни киселини)– авокадо, сончоглед, маслиново масло, риба, јатки, леноно семе итн.

јадете повеќе мешунки за протеини и цинк – леќа, наут, грав, грашок итн.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X