fbpx

ВИСОКО ПРОТЕИНСКИ ДИЕТИ – РИЗИК ЗА БУБРЕЗИТЕ

tonus

Ако бубрезите ви се потполно здрави и на краток период применувате протеинска диета – веројатно нема да си направите голема штета. Ќе ослабете некој килограм, па потоа пак ќе ги вратите килограмите. Но, доколку имате бубрежна болест – тогаш со протеинската диета преземате голем ризик! ФАКТ:  Бубрежната болест е тивка, не може да знаете дали ја имате доколку не е во многу напредна фаза, или ако не направите специфични тестови. Почнувањето на протеинска диета, без овие тестови, може да ви направи значителни здравствени проблеми. ФАКТ: Пациенти со дијабетес или хипертензија имаат зголемен ризик од бубрежна слабост.  Кај овие пациенти протеинските диети носат  уште поголеми ризици. Протеините, особено оние од животинско потекло, се знае дека ја зголемуваат гломеруларната филтрација (работата на бубрезите) и поттикнуваат генска експресија на проинфламаторни гени ( поттикнува воспаление). И двете состојби се познати и признаени ризик фактори за бубрежна слабост. Во ист правец упатува и податокот од клиничка пракса дека на пациентите со бубрежна слабост им се препорачува храна со низок внес на протеини со цел да се забави влошувањето на бубрезите. Бубрезите не се како црниот дроб. Не се регенерираат. Секоја штета врз нив  е трајна и влошувачка на долг рок. Затоа на ниту еден пациент не би препорачал да се изложува на дополнителни непотребни ризици. Извор: https://www.nejm.org/doi/full/10.1056/NEJMra1700312

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор