fbpx

Витамин Д – КЛУЧОТ на над 4000 клеточни процеси, a особено на ИМУНИТЕТОТ!!

tonus

Во последно време доста се зборува за улогите и важноста на витаминот Д и тоа е оправдано. Кога ќе се спомене овој витамин, луѓето веднаш го поврзуваат со здравјето на коските. И тоа е точно. Витаминот Д е важен за метаболизмот на калциумот и фосфорот, минерали клучни за здравјето на коските.

Сепак, популарноста која ја стекна овој масно-растворлив витамин во последно време е заради фактот што постојано излегуваат нови вести околу него во научните списанија – цел спектар на негови нови функции и влијанија.

Со ова, научниците ни покажуваат дека витаминот Д има значително поголема важност од тоа што претходно се сметаше, па треба и повеќе да внимаваме дали го имаме во доволни количини.

"“Online”/

Имуномодулатор, значајно влијание кај автоимуните болести, кај малигните заболувања, при метаболички синдром, а листата станува сé подолга и подолга.

Колку е важен витаминот Д, покажува и самиот факт што секоја една клетка од телото има потреба од него, односно е одговорен дури за 4000 клеточни процеси.

Хормон или витамин?

Малкумина знаат дека иако се реферира на витамин, станува збор и за прохормон или прекурсор на хормон. Дефиницијата за витамини е соединенија кои телото не може самото да ги синтетизира, а се неопходни во мали количини за извршување на некои важни процеси во телото.

Витаминот Д може да се синтетизира и има многу покомплексно дејство од останатите витамини во организмот, но сепак, неговото синтетизирање оди под дејство на сончевите зраци, затоа се вбројува и во витамините.

Синтеза на витаминот Д

Витаминот Д во организмот се создава во кожата во вид на провитамин, а под дејство на сончевата УВ светлина се трансформира во активен витамин Д. Нашата кожа кога е изложена на директни сончеви зраци создава доволно количество на витамин Д, и токму изложеноста на сонце е најсигурен начин за истиот да се синтетизира.

Значајноста на витаминот Д за здравјето

Како што споменавме, широка е лепезата на улоги на овој витамин во организмот, а дополнително се откриваат нови и нови. Така и неговата улога во целокупното здравје е многу важна.

1) Здрави коски –  суштински важен витамин за коските. Има улога во метаболизмот на калциум и фосфор, минерали клучни за здравјето на коските.  Одржување на нормална концентрација на витамин Д, посебно кај постари мажи и жени е примарен фактор во превенција и третман на остеопорозата.

2) Имуномодулатор – низа на студии укажуваат дека го намалува ризикот од вирусни и бактериски инфекции.

3) Здрави трудници, новороденчиња и деца – само неколку факти за нарушеното здравје кај децата, како резултат на недостатокот од витамин Д: зголемен крвен притисок, подложност на астма, подложност на алергии на различна храна итн. Кај трудниците, недостатокот од витамин Д води кон прееклампсија, бактеријална вагиниоза, а некои студии велат и дека недостатокот од витамин Д при бременост, води кон аутизам кај новороденчињата.


Други улоги и бенефити:

Здрава кожа
Раст и размножување на клетките
Регулација на одредени хормони
Здрав мозок и ментално здравје
Намален ризик од малигни и кардиоваскуларни заболувања
Заштитно дејство во однос на дијабетес
Корисно дејство кај повеќето видови на артртис
Новите истражувања покажуваат и заштитно дејство во однос на повеќето автоимуни заболувања

Недостаток од витамин Д

Недостатокот од овој витамин е застапен речиси насекаде, но зошто е тоа така, особено во земјите каде сончевите зраци се присутни во поголемиот дел од годината?

И кај нас во Македонија постојано имаме сонце, но дали начинот на живот ни дозволува доволна изложеност? Градежните работници и земјоделците на пример, немаат дефицит, но огромниот дел од луѓето работат канцелариска работа, па така изложеноста кај нив е минимална.

Неколку минутното изложување на сонце на лицето и рацете е далеку од доволно. Дополнително проблем е во кој дел од денот излегуваме, потоа, можеби позначајно, кој месец е?

Истражувањата покажуваат дека во одредени месеци од годината и самата изложеност на сонце, не продуцира витамин Д. Тоа се зимските и есенски месеци, па и дел од пролетта. Причината е аголот на сончевите зраци.

Создавањето на витаминот Д нагло почнува во месеците мај и јуни, но во периодот од 10 до 15 часот. Овој период мораме да научиме да го искористуваме.

Опасности од недостатокот

Симптомите на недостаток од витамин Д вклучуваат:

◦ постојана подложност на инфекции
◦ хроничен замор
◦ болки во коските, мускулите, зглобовите
◦ нарушено расположение
◦ нарушено заздравување на раните
◦ загуба на косата
◦ главоболки, депресија

Ако недостатокот продолжи во подолг временски интервал, можни се посериозни компликации, како:

• кардиоваскуларни заболувања
• автоимуни заболувања
• невролошки заболувања
• инфекции
• компликации при бременост
• одредени типови на малигни заболувања, директно поврзани се 6 групи малигни заболувања – хематолошки, карцином на дојка, дебело црево, бели дробови, кожа и простата

Кои луѓе се во особен ризик од недостаток?

◦ луѓето кои живеат во посеверните краишта на планетата
◦ оние кои живеат во градови со висока загаденост
◦ оние што премногу често користат креми за сончање
◦ вработените во канцеларии и луѓето кои поголемиот дел од денот го поминуваат во затворени простории
◦ они кои имаат потемен тен (поголемите нивоа на меланин водат кон помала апсорпција на витамин Д од кожата)

Утврдување на витамин Д во крвта

Речиси половина од населението, после 40тата година од животот, има намалено ниво на Витамин Д. Статусот на овој витамин во организмот се одредува со мерење на нивото на 25 (OH) D во серумот. Истиот се препорачува да се проверува уште на почетокот на менопаузата, како еден од начините за превенција од остеопороза, зошто хроничен недостаток на витамин Д не може да се реши преку ноќ и потребен е подолг временски период истиот да се надокнади.

Витаминот Д од храната со животинско потекло или оној што го создава нашето тело се нарекува витамин Д3 (холекалциферол), оној пак од растително потекло се нарекува витамин Д2 или ергокалциферол. Витаминот Д3 е далеку поактивен и поефикасен.

Според СЗО,
75-250nmol/L  е спектарот на нормални вредности во крвта на витаминот Д
50-75nmol/L –умерен недостиг
сé што е под 50nmol/L – апсолутен недостиг на витамин Д

Храната како извор на витамин Д

Богати намирници со витамин Д:

• лосос
• сардина
• туна
• жолчка од јајце
• печурки
• кравјо млеко, но и растителни млека кои се збогатени со витамин Д

Сепак, исхраната не е најсоодветниот извор на овој витамин. Изложеноста на сонце и суплементирањето се поефикасни начини за доволно внесување на витамин Д.

Безбедно изложување на сонце

Сонцето е најдобриот ,,извор” на витаминот Д. Иако знаеме дека УВ сончевите зраци можат да направат штета, изложувањето на поголеми површини од нашата кожа на сонце неколку минути (10-15минути) не е штетно, напротив, ни обезбедува создавање на витамин Д кое е доволно за дневно потребните количества.

Ако имаме намера тоа изложување на биде ефикасно, кожата не треба да ја премачкување со креми со УВ заштитен фактор. Оние со потемен тен, потребно е да се изложуваат и подолги периоди на сончевите зраци.

Нема дилема дека многу често е потребна суплементација, но како оди дозирањето и кој сé може да зема суплементи?

Кај децата до 5 години, речиси во секој случај може да се суплементира Д витаминот. Трудниците, често имаат потреба од суплементирање, исто така.

Но, возрасните треба особено да внимаваат и да не земаат суплементи на своја рака, бидејќи можни се посериозни проблеми. Дополнителен проблем е што самата токсикација со овој витамин на почетокот може и да не покаже никакви симптоми.

Хипервитаминозата на витаминот Д се поврзува, пред сé, со проблеми во метаболизмот на калциумот во телото, односно хиперкалцемија. Таа речиси никогаш не се случува преку исхраната, а научно е потврдено дека е невозможно да се случи хипервитаминоза со витамин Д од изложеноста на сонцето. Кога телото ќе продуцира доволно витамин Д, неговиот анаболизам прекинува. Значи, тоа е можно само преку суплементирањето.

За да знаеме колку и кога можеме да користиме суплементи, треба да се проверат нивоата на витаминио Д во крвта, но многу е битно да се знаат и нивоата на калциум и на паратироидниот хромон, а добро е да се имаат и параметрите на бубрежната функција. Штетата за тироидната жлезда може да биде голема доколку се зема витамин Д, а не се знае каква е нејзината состојба.

Дозирањето ќе зависи од состобјата со споменатите параметри.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор