fbpx

Вкусен рецепт за гулаш без месо!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Веројатно нема човек во нашата земја кој не слушнал за гулашот, јадење од унгарската кујна, со навистина долга традиција. Се подготвува со говедско месо, кромид и пиперки, а можат се користат и различни зачини. Најчесто се служи во комбинација со компири, тестенини и слична скробна храна.

Сепак, начинот на подготовка и самите состојки на ова јадење тешко може да се каже дека се дел од здравиот начин на исхрана. Затоа, денес ви предлагаме на здрав начин да подготвите гулаш од печурки и јаткасти плодови, послужен со пире од компири.
Секако, зеленчуците (кромид и пиперка) си остануваат, а ги избегнуваме заситените масти кои се користат во подготовката и оние од местото што се користи за традиционалниот гулаш.

Печурките ќе ни ја дадат специфичната посакувана текстура на гулашот – цврста конзистенција и полн вкус, но во исто време ќе ни обезбедат и сосема солидна сочност. Јатките само ќе ја надополнат текстурата и значително ќе го збогатат вкусот.

"“Online”/

Гулаш без месо

Покрај одличниот вкус, нашиот гулаш ќе ви понуди искучителна хранливост, а притоа доста ниска калориска вредност. Тоа и конкретно ќе го забележите во нутритивната табела дадена најдолу.

Печурките се особено сиромашна храна со калории, но претставуваат добар извор на квалитетни протеини, низа минерали (железо, калиум, манган…) и витамини (пред сè од Б групата). Јатките (ќе користиме печени бадеми и/или индиски ореви) се исто така добар протеински извор, но пред сè содржат здрави, квалитетни незаситени маснотии. Покрај тоа, тие се одличен извор и на квалитетни минерали за срцето (магнезиум, калиум), потоа маснорастворливи витамини (како витаминот  Е и витаминот К) и разни антиоксидативни компоненти. Повеќе на овие теми, прочитајте во нашите претходни статии.

Без разлика дали гулашот ќе го сервирате со интегрална паста или компири (сложени јаглехидрати), ќе добиете особено хранлив и балансиран појадок, со низок гликемиски индекс, кој ќе ве засити на подолг период.

[Поврзано: Важни причини зошто треба трајно да ја замениме рафинираната храна (БРАШНА) со ПОЛНОЗРНАСТА храна! ]

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

• 1 зелена пиперка со средна големина, покрупно исецкана (со извадено семе)
• 1 главица кромид со средна големина, крупно исецкана
• 240g конзервирани домати и 1 лажица доматно пире (може и само половина мала чашка доматно пире)
• 100g печени индиски ореви (или 50g индиски ореви, 50g печени бадеми), иситнети на покрупни парченца
• 500g шампињони, исечкани на ,,листови” со средна дебелина
• чашка вода
• 500g компири, за пирето
• сол бибер и малку маслиново масло
• оригано и црвен пипер (по желба)

Начин на подготовка:

1. Целата содржина (соодветно подогтвена според претходно наведените инструкции) ставете ја во експрес лонец или друг сад погоден за динстување. Ставете ги сите цврсти намирници, па на крајот додадете ги чашката со вода, доматите и доматното пире. Гответе неколку минути на повисока температура, па намалете на единица или двојка и со затворен капак гответе околу 15-тина минути.

2. Во меѓувреме, излупете ги компирите и варете ги ситно исецкани. Кога ќе бидат готови (лесно ќе можете да поминете низ нив со вилушка или нож), убаво испасирајте ги или користете миксер. Додадете сол и бибер и малку ладно цедено маслиново масло. Можете да додадете и малку соино или кокосово млеко за да ја подобрите текстурата и вкусот на пирето.

3. Сервирајте го пирето, а врз него додадете од гулашот.

– Овој рецепт прави околу 4 порции.

Нутритивна вредност:
(на една порција)

Калории: 295 Јаглехидрати: 40g од кои растителни влакна: 9g и шеќери: 9,5g;  Протеини: 10,5g; Масти: 12,5g oд кои заситени масти: 2,2g; Витамин Б1: 0,65mg; Витамин B6: 0,35mg; Витамин Б5: 3,5mg; Витамин К: 15µg; Фолна киселина: 65µg; Железо: 5,2mg; Манган: 0.85mg; Бакар: 1,4mg; Калиум: 1350mg; Селен: 20 µg; Цинк: 3mg; Магнезиум: 127mg

Fibro Gel

Пробајте и: Рижото – интегрален ориз со печурки
Сицилијанска капоната – модар патлиџан во своето најдобро издание!
Италијанкса Чамбота – највкусната летна манџа од Медитеранот!
Медитеранска компир салата – РЕЦЕПТ!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X