fbpx

Водењето здрав живот – клучен фактор и во превенцијата од деменција

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Деменција е состојба која измачува многумина од повозрасната категорија на луѓе. Нормално е со текот на стареењето да опаѓа интелектуалниот капацитет, но деменцијата не е тоа.

Што всушност претставува деменција?

Со поимот деменција се опишуваат збир од знаци/симптоми што се предизвикани од нарушувања што го засегаат мозокот. Тоа не е некоја точно одредена болест. Деменцијата влијае на размислувањето, однесувањето и способноста да се извршуваат секојдневните работи.

Функцијата на мозокот е доволно засегната за тоа да има влијае врз нормалниот општествен или работен живот на лицето. Обележје на деменцијата е неспособноста да се вршат секојдневните активности како последица на намалените спознајни способности.

"“Online”/

Лекарите утврдуваат постоење на деменција ако се значително оштетени две или повеќе спознајни функции. Во спознајни функции спаѓаат: помнењето, способноста за говор, разбирањето на информациите, способноста за снаоѓање во просторот, расудувањето и сосредоточеноста.

Точните знаци или симптоми што ги има некое лице со деменција, зависат од деловите на мозокот што се оштетени од болеста што ја предизвикала деменцијата. Кај многу видови на деменција, некои од нервните клетки во мозокот престануваат да функционираат, ги губат врските со другите клетки и изумираат.

Деменцијата обично се засилува со текот на времето. Тоа значи дека постепено се шири низ мозокот и знаците што ги има лицето со текот на времето стануваат полоши.

Fibro Gel

Нешто повеќе околу ова заболување, прочитајтет тука.

Нова студија на оваа тема дава интересни резултати


Една нова студија објавува дека преку долгорочното контролирање на 12 специфични ризик-фактори , можете да го одложите појавувањето на деменција или да го намалите ризикот од неа за дури 40%.

Експертите утврдуваа нови 3 ризик-фактори за развој на деменција

Според новиот дополнет извештај на Лансетовата комисија, во однос на превенцијата од деменција, експретите додаваат уште 3 дополнителни, нови ризик-фактори за демеција и тоа:

прекумерно консумирање на алкохол
повреди на главата
загаден воздух

Овие нови 3 фактори се додаваат на веќе постоечките 9, утврдени во 2017:

• понизок степен на образовани во помладите години
• губење на слухот по 40-тата година
хипертензија
• обезност
• пушење
• депресија
• социјална изолираност
физичка неактивност и
дијабет во подоцнежните години

Никогаш не е рано или доцна да се превземе нешто во однос на деменцијата


Деменцијата им го отежнува животот на над 50 милиони луѓе во светски рамки, додека бројот на пациенти со вакви заболувања се очекува да се триплира до 2050-тата година, особено во земјите со послаб економски развој (моментално 2/3 од пациентите се од овие земји). Според статистиките, жените почесто го имаат овој проблем во однос на мажите.

Во западните земји, како Англија, Франција, САД итн., бројот на пациенти со деменција е  во постојано опаѓање, а се смета дека ова се должи на свесноста за здравиот начин на живеење и неговото влијание врз превенцијата од деменција.

Експертите од оваа област советуваат дека никогаш не е рано или доцна да се почне со превентивните мерки од деменцијата, а како најзначајни мерки ги наведуваат:

• Одржување на нормалниот крвен притисок (максимум 130/80), по 40-тата година.

• Почестите прегледи за слух и превенцијата од нарушен слух (на пример, избегнувањето на честа изложеност на многу гласни места), после 40-тата година и редовното носење на соодветни апаратчиња за слух, ако има потреба.

• Избегнување на изложеност на загаден воздух или носење на соодветни заштитни маски.

• Непушење и избегнување на изложеноста на чадот од цигари.

• Превенирање на повреди на главата.

• Избегнување на алкохол или умерено пиење.

• Редовна физичка активност.

Намалување на вишокот телесна тежина.

Претходните совети за превенирање на деменција експертите ги препорачуваат по претходна сеопфатна, системска анализа, вклучително анализа на достапната литература, мета-анализите и индивидуалните студии на тематиката.

Речиси сите препораки без исклучок, се преклопуваат со она што значи здрав животен стил, односно усвојување на принципите на здравиот живот. Здрава исхрана, избегнување алкохол, непушење, редовна физичка активност, но и ментална активност (читањето, љубопитноста и постојаното учење нови работи), менаџирање со стресот, квалитетен сон и одржување нормална телесна тежина.

Значи, покрај другите добро познати бенефити од водењето на животот според овие принципи, како причина плус е превенцијата од деменција.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X