fbpx

ВРГАЊ – кралот на печурките

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Вргањот (науч. Boletus edulis) се смета за една од најквалитетни печурки, во однос на вкусот и хранливоста, па затоа често е наречен и крал на печурките. Периодот во кој вирее е токму летниот, односно со почетокот на летото, па се до ноември месец.

Вргањот расте во листопадни и зимзелени шуми и се карактеризира со бело-кафена боја на ,,чадорчето’’ и дршка која се задебелува од горе надолу. Најдобро е ако немате добри познавања, да не го берете самите, туку да го купите од проверени извори. Застапен е како свежа печурка, но во маркетите најчесто е во сушена форма.

Составот на вргањот е импресивен


Како и останатите печурки, така и вргањот е доста густо-нутритивна храна – содржи многу малку калории, а од друга страна е особено богат извор на низа хранливи материи. Во 28g сушен вргањ се содржат:

"“Online”/

◦ 105kcal
◦ 15g јаглехидрати
◦ 7g протеини
◦ 0g масти
◦ 7g растителни влакна
◦ 5mg железо или 30% од дневните потреби за овој минерал

Покрај овие компоненти, вргањот содржи и антиоксидативни компонени, но и одредени количества витамин А, витамин Ц и калциум.


Богат антиоксидативна содржина која спречува хронична инфламација


Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички ,,отпад” . Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен стрес, односно да ги оштети различните клетки и ткива на организмот. Во спречувањето на овие процеси, клучна улога играат антиоксидантите.

Спречувањето на оксидативниот стрес го спречува развојот на хронична инфламација или воспаление во организмот, која е еден од главните ризик-фактори за хроничните заболувања, како: рак, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмер итн. Оксидативниот стрес од слободните радикали исто така може да предизвика и катаракта, макуларна деградација, Паркинсонова болест и многу други заболувања.

Една студија од Полска ни дава податоци според кои вргањот има навистина импресивна антиоксидативна содржина, вклучително каротеноиди, аскорбинска киселина (витамин Ц) и ликопен.


Вргањот е добра храна за слабеење, но и за дигестивното здравје

Како една од густо-нутритивните храни, вргањот содржи огромен процент растителни влакна и вода (ако е свеж), но и висок процент на протеини. Тоа го прави особено погодна храна при слабеењето. Освен тоа, вргањот ќе ви обезбеди и одредени важни микронутриенти и антиоксидативни компоненти со најразлични корисни дејства врз орагнизмот. Високо-протеинската храна делува може да делува на симнувањето килограми, бидејќи ги намалува нивоата на грелин, хормон кој го стимулира гладот.

И растителните влакна студиите ги поврзуваат со побрзото и поуспешно слабеење.

Ова е случај заради тоа што го намалуваат гликемискиот индекс на храната и ја врзуваат водата во стомакот, со што се промовира ситост. Дополнително, тие се храна за корисната цревна микрофлора, од чиј баланс зависи и целокупното здравје.

Растителните влакна помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје- констипацијата или запекот. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

 

Одличен извор на квалитетни протеини

7g протеин на само 28g маса, е одличен процент на протеини, што може да задоволи значителен дел од дневните потреби за овој макронутриент.

Заради овие причини, вргањот е одличен протеински извор за оние кои избегнуваат или воопшто не јадат месо, дополнително, вкусовите карактеристики или ,,полниот” вкус и високата содржина на железо, го прави идеална замена за месото.

Доволното внесување на протеини преку исхраната е особено важно од многу аспекти, како одржување на мускулната маса, градење и обновување на ткивата итн. Дополнително, протеините делуваат на намалување на апетитот и одржувањето на нормланите нивоа на глукоза во крвта, што превенира од гојазност и поттикнува здрав кардиоваскуларен систем.


Потенцијално антиканцерогено дејство

Според некои релевантни податоци вргањот поседува одредени моќни компоненти со потенцијално уништувачко дејство на малигните клетки на одредени типови рак.

Една лабораториска студија објавена во научното списание Food & Function, покажува дека екстрактот од вргањ може да предизвика смрт на малигните клетки на дебелото црево. Постојат и други студии со слични резултати и заклучоци, односно истражувања кои покажуваат дека одредени компоненти на вргањот имаат блокирачко дејство во однос на растот, но и уништувачко дејство на колоректалните малигни клетки.

Дополнително на тоа, вргањот има навистина висок процент и на растителни влакна. Зголемената употреба на растителни влакна повеќе студии ја поврзуваат со намалениот ризик од колоректален канрцином.

Fibro Gel

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X