fbpx

Вредноста на КОРИЈАНДЕРОТ за здравјето – и листовите и семето се особено здрави!

tonus

Коријандерот е позната билка од Медитеранскиот регион, која најчесто се користи како зачин. Ботанички гледано, припаѓа на семејството повеќегодишни растенија Apiaceae, поточно родот Coriandrum (sativum), семејство во кое припаѓа и магдоносот, па заради тоа често луѓето ги помешуваат.

[Поврзано: Магданосот содржи АПИГЕНИН – моќна антиканцероген супстанција!]

Коријандерот, во текот на летото дава бели до светло розеви цветови со специфична форма, налик чадорчиња, а веднаш потоа и овални, ароматични светло кафени до црвеникаво-жолти семчиња, кои се користат како зачин. Неговите листови и стебленца имаат слабо киселкаст вкус и многу потсетуваат на магдоносот (имаат нешто помал обем). Тие исто така се користат како зачин во најразличните медитерански рецепти.

"“Online”/

Семето, одлично оди во комбинација со јадења кои вклучуваат зелка и други круциферозни растенија, потоа со печурки, риба, компири, различни супи, чорби, салати итн. Ливчињата и стеблото пак, се користат слично како и магдоносот – се комбинираат во различни свежи салати или се додаваат поситно или покрупно исецкани, веднаш по подготвувањето на оброкот, додека е сè уште топол (како пастрмката на пример).

Во продолжение, некои од најзначајните, научно-потврдени здравствени бенефити кои може да ни ги понуди оваа импресивна медитеранска билка.

[Поврзано: Строганоф со печурки – здрава алтернатива на популарниот рецепт!]

1.Нутритивно сконцентрирана храна со силно антиоксидативно и антиканцерогено дејство

 

Сите билки од семејството на коријандерот се особено богати со низа антиоксидативни компоненти. Ваквите компоненти нè заштитуваат од оксидативниот стрес, кој на долг рок води до процеси на хронични воспаленија – процеси што се вбројуваат помеѓу најзначајните ризик-фактор за повеќето хронични заболувања, како дијабет, кардиоваскуларни, малигни заболувања итн.

Ваквите моќни компоненти се содржат и во свежите листови, но и во семето кое се користи како зачин. Низа научни студии го утврдуваат силниот антиинфламаторен ефект на продуктите од коријандер

Во продолжение, најзначајните антиоксидативни фитохемикалии кои се пронајдени во семето, листовите и стеблото на коријандерот:

▫ апигенин

▫ терпинен

▫ кверцетин

▫ кампферол

▫ кафеична и хлорогенична киселина

▫ токофероли

▫ бета каротен

▫ зеаксантин

▫ лутеин

▫ бета-криптоксантин

Дополнително, тука влегува и сосема солидни количества од антиоксидативните витамини А и Ц.

Анималните истражувања утврдуваат дека ваквите компоненти имаат имуностимулирачко, невропротективно, па дури и потентно антиканцерогено дејство (пред сè апигенинот).

 

Покрај ова, свежиот коријандер е нутритивно сконцентрирана храна, односно има многу малку калории, а висока хранлива вредност – витамин К, витамин Ц, витамин А, калиум, железо, калциум, холин, манган, фолна киселина (витамин Б9), многу други нутриенти во нешто помали количества (фосфор, магнезиум итн.), одлично количество растителни влакна, како и моќни фитохемикалиикамфор, елемол, линалол, лимонен, борнеол, карвон итн.

2.Намалување на шеќерните нивоа

Постојано високите глукозни нивоа се силен ризик фактор за развој на дијабет тип 2.

Семето од коријандер може да допринесе за намалување на шеќерот. Всушност, лицата кои имаат низок шеќер или оние кои земаат терапија за дијабет, мораат да внимаваат на внесот на овој зачин, бидејќи поседува силна ефективност во намалувањето на глукозните нивоа.

Анималните студии ни покажуваат дека ваквиот ефект се остварува преку промовирање на специфична ензимска активност која помага да се ,,отстрани” шеќерот од крвотокот, но и преку стимулирањето за лачење на повеќе од хормонот инсулин.

3. Подобро дигестивно здравје 

Истражувањата покажуваат дека семето од коријандер може да делува како релаксирачки агенс за мускулите во дигестивниот тракт, па следствено на тоа, значително да ги олесни симптомите на синдромот на нервозни црева (IBS), како и на одредени нарушувања на цревната микрофлора.

Една студија со пациенти кои страдале од IBS, покажува дека земањето хербални медикаменти на база на коријандер, значително ги намалува најчестите непријатни симптоми на IBS, како стомачни болки, гадење, повраќање, гасови итн.

Според некои податоци, коријандерот може да послужи и како појачувач на апетитот.

[Поврзано: Изгубен апетит? Некогаш може да е сериозен знак]

4. Поздраво срце

Редовното консумирање на оваа билка може да биде од корист и за здравјето на срцето. Ваквото својство се должи пред сé на богатиот (флавоноиден) антиоксидативниот состав на семето и листовите на коријандерот, но и на неговата содржина: витамин Б9, витамин К, минералите калиум, магнезиум, како и растителните влакна.

[Поврзано: Без калиум, нема здраво срце. Како да го внесеме доволно секој ден?]

Според некои истражувања на голем број испитаници, најдена е релација помеѓу зголемениот внес на витамин Б9 од храната и намалениот ризик од кардиоваскуларни заболувања, за дури 40%. Дополнително, други студии велат дека недостатокот од овој витамин може да води кон зголемен ризик од срцеви заболувања и до над 50%. Фолната киселина е исто така клучен нутриент во периодот на бременоста.

Се смета дека механизмот според кој витаминот Б9 делува заштитувачки на срцето е тоа што го намалува нивото на амино киселината хомоцистеин, чие зголемено ниво се поврзува со оштетување на структурата на крвните садови и следствено, со зголемениот ризик од кардиоваскуларните заболувања.

Сепак, на оваа тема се потребни уште доста истражувања.

Коријандерот допринесува за поздраво срце и преку неговиот потенцијал да го подобри липидниот статус (холестерол и масти во крвта), но и да го намали крвниот притисок.

Всушност, утврдено е дека семето од коријандер дејствува и како диуретик, значи овозможува полесно ослобување на натриумот (солта) и течностите од организмот, со што значително може да помогне за намалување на крвниот притисок. Покрај тоа, со зачинувањето на храната со зачини како што е коријандерот, значително се намалува потребата за солење.

[Поврзано: Наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот – Намалување на солта!]

Одредени истражувања го поврзуваат овој зачин со

намалувањето на т.н. ,,лош” LDL и зголемувањето на ,,добриот” HDL холестерол во крвта. Кај народите кај кои коријандерот се консумира секојдневно (помеѓу останатите антиоксидативни зачини), забележано е помала тенденција од развивање на кардиоваскуларни болести.

[Поврзано: Липиден профил, или народски кажано – МАСНОТИИ во крвта
Основни, а пресудни информации за крвниот притисок]

  5. Одличен избор за здрави очи

 

Лутеинот, бета каротенот и зеаксантинот се трите главни каротеноидни антиоксиданти на коријандерот кои делуваат заштитувачки и го одржуваат здравјето на очите.

Студиите докажуваат дека лутеинот и зеаксантинот можат да превенираат од макуларна деградација, неизлечива очна болест која е водечката причина за губење на видот во светски рамки, а е типична за повозрасните луѓе.

Бета каротенот може да се конвертира во витамин А во организмот на човекот. Со секојдневната употреба на коријандер, значително си помагаме во задоолувањето на потребите за витамин А, клучен витамин за здрави очи.

[Поврзано: Што треба да внесуваме за здравјето на ОЧИТЕ?]


Дополнителни, импресивни корисни ефекти на коријандерот за нашето здравје:

  • Поздрави коски – поради солидните количества витамин К, но и минерали, како калциум, манган и магнезиум.

 

  • Превенција од инфламаторни заболувања – одредени видови канцер, артритис, срцеви заболувања, дијабет итн. Поради силниот антиоксидативен ефект.
  • Редовната употреба на коријандерот може да допринесе за превенција од некои невродегенеративни заболувањаАлцхајмер, Паркинсон итн.
  • Поздрава кожа – исто така поради моќното антиоксидативно дејство.

 

  • Антимикробен ефект – коријандерот содржи одредени потентни антимикробни компоненти, па така често се додава во храната која е подложна на специфични расипувања.

 

  • Помош при уринарни инфекции – токму поради антимикробниот, односно антибактерискиот ефект во конкретниов случај.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор