fbpx

ГИНГИВИТИС или воспаление на непцата – причини и последици!

tonus

Гингивитис (гингивит) е воспаление на непцата, најчесто предизвикано од недоволна хигиена на усната празнина. Ова често заболување е поблаго заболување на непцата кое предизвикува иритација, црвенило или отоци на гингивите, делот од непцата кој ги опкружува забите.

Често гингивитисот се потценува, но тој треба да се сфати сериозно и да се третира навремено, бидејќи може да води кон посериозно заболување на непцата наречено парадентоза, а тоа пак, кон загуба на забите.

Најдобриот начин за превенција и лекување на ова заболување е одржувањето на правилната и редовна орална хигиена, односно: миење на забите најмалку 2 пати во текот на денот, употреба на конец за заби и редовни прегледи кај стоматолог.

"“Online”/


Симптоми

Здравите непца се тврди и светло розеви ткива, кои се цврсто слепени околу секој заб. Типичните имптоми на гингивитис се:

• отечени непца
• вцрвенети, до темно црвени непца
• крварење од непцата, особено при четкање на забите
• лош здив
• омекнати непца
• разлабавени непца околу забите
• болки при џвакање

Доколку забележите некој од овие симптоми, треба да се јавите кај вашиот стоматолог. Што порано се открие гингивитисот, тоа се помали шансите за трајни оштетувања и развување на парадентоза.


Причини

Како што кажавме, најчестата причина е лошата орална хигиена која овозможува наслагите на забите да предизвикаат воспаленија на непцата. Еве како овие наслаги од храната на забите можат да помогнат во развивањето на гингвит:

• Често наслагите се и невидливи тенки филмови составени од храна која е погодна средина за бактерии, особено ако храната е скробна или шеќерна. И нормалната флора на устата може драстично да се размножи на овие ,,подлоги” и на тој начин да создаде воспаленија. Затоа е потребно секојдневно отстранување на овие наслаги.

• Ваквите наслаги можат да преминат во забен камен. Забниот камен не можете самите да го отстраните со четкање на забите, бидејќи е цврста наслага која (повторно) е погодна средина за бактериите. За отстранување на забниот камен морате да посетите стоматолог.

• Воспаление на гингивата(пределот на непцата околу забите). Колку подолго помалите наслаги и забниот камен остануваат присутни, толку повеќе тие ги иритираат непцата, особено нивниот дел околу забите и на тој начин се зголемуваат шансите за воспаление, односно гингивитис.


Поединци кои се во ризик и можни компликации од гингивитот

Гингивитисот е навистина често воспалително заболување и секој може да го има, но за посебно ризични се сметаат луѓето:

◦ кои имаат лоша орална хигиена и се пушачи
◦ се повозрасни
◦ кои имаат сува уста
◦ кои имаат неправилна исхрана, најчесто недоволно внесуваат витамин Ц
◦ со различни скршеници на забите и места кои се тешки за чистење со четкичката
◦ кои имаат одредени болести што им го намалуваат имунитот одговор
◦ со одредени инфективни заболувања и користат лекови за некои други заболувања

Компликациите најчесто се зголемениот ризик парадентозата кој може да води до губење на забите, но можни се и некои други пострашни последици, како навлегување на опасните патогени бактерии кои го предизвикуваат воспалението на непцата во крвотокот зголемувајќи го ризикот од потешки бактериски инфекции на некои други места во телото.


Превенција

Превенцијата е јасна. Сé она што се подразбира под добра хигиена на усната празнина – редовно миење на забите, корисење на конец, листерин и редовни прегледи на стоматолог.

Дополнително, постои уште еден начин на превенција, а тоа е правилната исхрана. Балансираната и здрава исхрана подразбира помалку процесирани шеќери, кои се инаку најпогодна средина за развој на бактериите од наслагите на непцата и доволни количества на храна богата со витамин Ц и со сите други нутриенти потребни за силен имунитет и здравје на забите и непцата.


Неколку природни начини за самопомош при гингивит


• Промивање со солена вода

Една студија од 2016 година укажува дека употребата на солена вода може да има доста позитивно дејство при воспалени непца. Резултатите од студијата велат дека солениот раствор покажал намалувачко дејство во однос на отокот, болките, бројот на бактерии, количеството на храна во наслагите, но и во сузбивањето на непријатниот здив.

Сепак, миењето не се препорачува да биде секојдневно, бидејќи тоа може да го оштети забниот енамел или глеѓта.

• Користете помеки четки и менувајте ги на неколку месеци

• Промивање со зелен чај,  чај од хибискус, ѓумбир и камилица

Антибактериското и антивоспалителното дејство на овие чаеви може да биде навистина од помош. Исто така, можете да ги користите самите ќесички од чај, кои по кратко варење во вода од околу 5 минути(и потоа ладење), можете директно да ги нанесете на непцата.

• Употреба на различни гелови на база на куркума и алое вера

• Употреба на есенцијални масла како масло од лимонова трева,
чајно дрво

Кокосово масло

Масло со силно антибактериско дејство.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор