fbpx

Главоболки – можни причини, превенција и кога да се обратите на лекар

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Постојат повеќе типови главоболки со различни симптоми и причини кои довеле до нив. Иако најголемиот дел од случаите на главоболки се оние краткотрајните кои не се причина за некоја посебна загриженост, сепак разликувањето на тоа за кој тип на главоболка станува збор, може значително да нѝ помогне во изборот на терапија, но и во согледувањето дали/кога нѝ е потребна стручна помош.

Главоболките се дефинитивно еден од најчестите проблеми помеѓу населението (една од 10-те најчести причини поради кои пациентите одат на доктор). Според СЗО, речиси секој човек искусува одреден тип на главоболки од време на време.

Иако знаат да бидат навистина исцрпувачки, болни и непријатни, сепак поголемиот дел од главоболките можат успешно да третираат за само неколку часа, со едноставни аналгетски медикаменти.

"“Online”/

Но, кога станува збор за болки кои повторно и повторно се јавуваат или можеби се тука во поголемиот дел од денот, мораме да обратиме поголемо внимание. Можно е да се работи за некаква посериозна состојба/заболување.

Во продолжение, кои се се најчестите типови главоболки? Кои се нивните причнители? Како да ги третираме и превенираме? Кога е време да се побара помош од стручно лице?

Примарни главоболки

Главоболки кои не се предизвикани од некои други ,,скриени” причинители.

Fibro Gel

1) Мигренозни болки

Луѓето кои страдаат од вакви главоболки, чувствуваат интензивна пулсирачка болка само на едната страна од главата. Болките можат да бидат пропратени со силна сензитивност на светлина, звук па дури и мирис. Гадењето и повраќањето исто така не се невообичаени.

Мигрената е 3 пати позастапена кај женската популација, а дури ¼ од пациентите што страдаат од мигрената, се соочуваат со т.н. симптоми на аура (15 минути до 1 час пред вообичаените симптоми на мигрената):

визуелни проблеми (цик-цак линии, треперечка светлина, па дури и привремено загубен вид)
◦ вкочанетост во вратот, рамењата и екстремитетите
◦ проблеми со нарушена рамнотежа и координација
◦ проблеми со говорот
◦ трнење во рацете и нозете
◦ мускулна слабост
◦ збунетост

Имајте на ум дека овие симптоми се слични со оние за мозочен удар и менингитис, па ако се појавуваат за првпат, или се сомневате дека нешто е невообичаено, а знаете дека имате чести проблеми со мирената, задолжително јавете се на лекар.

[Поврзано: Мозочен удар – како да го препознаете и зошто е важно брзо да реагирате?]

Мигренозните болки имаат тенденција да се вреќаат (од неколку пати во неделата, до еднаш годишно), а еден ,,напад” може да трае дури и до 3 дена. За жал, за многумина мигрената е траен проблем.

Причините поради кои се јавува, сè уште не се целосно разјаснети. Како и да е, знаеме дека генетиката има одредена улога, бидејќи често мигрената е наследена, а мигренозните болки се почести кај одредени групи на луѓе, на пример оние кои страдаат од депресија или епилепсија.

Мигренозните напади можат да бидат поттикнати од: стрес, анксиозност, нарушени навики за спиење, хормонски дисбаланс, прескокнување оброци, дехидратација, одредена храна и медикаменти, силна светлина, гласен звук итн.

Постојат низа соодветни медикаменти за превенирање и третирање на мигренозните напади. Самите можете да си ги олесните болките со одморање во темна и тивка просторија, со пиење повеќе вода и течности, избегнување на кафе и алкохолни пијалаци  и ставање на ладни облоги на болното место.


2) Тензиона главоболка

Најчестиот тип главоболка, која поради тој факт често се нарекува и ,,обична главоболка”. Таа е блага до умерена и луѓето најчесто не се жалат од неа, но ја искусуваат и до неколку пати месечно. Сепак, истражувањата покажуваат дека честата нејзина појава може да влијае на работниот капацитет на индивидуата, но да го наруши и општиот квалитет на живот.

Симптоми се чувство на непријатна тежина во главата, вратот и рамењата, притисок зад очите и сензитивност на светлина и гласен звук.

Оваа главоболка е предизвикана од притисок во главата и мускулите на вратот. За разлика од мигрената, таа минува многу побрзо дури и без терапија, а најчесто не е проследена со гадење и повраќање Точните причини не се познати ниту кај овој тип главоболка, а се смета дека може да биде поттикната од:

дехидратација
◦ гласен звук
◦ недостаток на физичка активност
нарушен сон
◦ прескокнување оброци
◦ напрегање на очите

За справување со тензиската главоболка исто така има соодветна терапија (аналгетска), но важно е да се знае дека промените во животниот стил можат значително да помогнат во нејзиното третирање и превенција: добри навики за спиење, здрава исхрана, избегнување цигари и алкохол, редовно вежбање и истегнување, добро менаџирање со стресот и депресијата, чести превентивни проверки на очите, правилно седење, акупунктура итн.

3) ,,Кластер главоболки


Овој тип главоболки се со најсилен интензитет, често знаат да се враќаат (некогаш и со недели и месеци), а 6 пати е поголема веројатноста да се случат кај мажите. Доаѓаат одеднаш, сосема ненадејно, а траат од 15-тина минути, до 3 часа. Во текот на еден ден можни се и повеќе ,,напади”.

Луѓето ги опишуваат овие главоболки како интензивни болки во пределот околу едното око, пропратени со чувство на притисок и силно горење. Другите симптоми вклучуваат: насолзени очи, силна сензитивност на дразби, отечен очен капак, затнат нос, силна вознемиреност итн.

Симптомите на овие главоболки можат да се помешаат со оние на поленската треска, па затоа пациентите (особено оние кај кои се јавуваат за првпат) треба да консултираат лекар. Постојат соодветни медикаменти и за овој тип главоболки, а во превенцијата силно влијание имаат непушењето и избегнувањето на алкохолот.

4) Главоболки од силен напор

Тие се предизвикани од силен физички напор, како: трчање, скокање, тежински вежби, сексуални односи, напади на кашлање и кивање итн. Најчесто се краткотрајни, но некогаш траат и 1-2 дена.

Се јавуваат во вид на пулсирачка болка низ главата и се почести кај оние што имаат членови од семејството што страдаат од облик на мигрена.

Третманот вкучува аналгетици, нестероидни антиинфламаторни лекови, бета-блокери. Најдобрата превенцијата е загревањето пред тренингот, соодветното одморање во текот на вежбањето (ако е пренапорно), но и денови за одмор (секојдневната интензивна физичка активност не е здрава навика!).

Секундарни главоболки

Тип на главоболки кои се симптом на одредена друга состојба, како на пример повреди на главата или кофеински ,,кризи”.

Секундарните главоболки можат да бидат:

• Главоболки поради преинтензивна употреба на медикаменти – помеѓу останатите медикаменти, прекумерната употреба на самите лекови за главоболка, може да биде причина за непријатни главоболки.

• Главоболки поради синуси – поради отечени и/или инфицирани синуси од алергија или некаква инфекција. Овие главоболки не се толку чести и се пропратени со симптоми како затнат нос, треска, гадење итн. Ако ги немате другите типични симптоми, доста е веројатно да се работи за мигренозна болка, па ако имате дилеми, обратете се кај матичниот лекар.

• ,,Кофеински главоболки – прекумерното консумирање (над 400mg) на кофеински пијалаци, како кафе (4 шолји), газирани пијалаци, енергетски пијалаци, чаеви итн. Доколку наеднаш се прекине со навиката за пиење кафе, а секојдневно консумирате по најмалку две шолји дневно (што е еднакво на 200mg кофеин), можни се главоболки кои потсетуваат на оние мигренозните.

• Главоболки поради физички повреди – спортски повреди, сообраќајни несреќи итн.

• Ментруални главоболки – поради хормонските промени кои настануваат во периодот (природни промени во нивоата на естрогенот).

• ,,Мамурни главоболки – поради прекумерно консумирање алкохол. При овие главоболки најдобриот совет е пиење повеќе вода и електролитни пијалаци.

Кога главоболките треба посериозно да ве загрижат и да се обратите на лекар?

Како што рековме, повеќето главоболки се полесни и многу ретко се симптом на некое друго посериозно заболување. Сепак, поединците кои страдаат од силни болки кои долго траат и често се повторуваат или се влошуваат со текот на времето, треба да консултираат лекар. Медицинската помош е неопходна кога:

◦ Болката доаѓа одеднаш и е доста интензивна
◦ Појава на главоболки по некаква физичка повреда
◦ Главоболки што се пропратени со конфузија, нарушен вид, баланс или говор
◦ Главоболки проследени со слабост, вкочанетост и
хроничен замор
◦ Главоболки во комбинација со треска, паѓање во бесознание, интензивно чешање и вкочанетост на вратот
◦ Главоболки со постојана потреба за повраќање

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X