fbpx

Горчливата вистина за благите сокови!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Луѓето кои имаат навика да пијат сокови и различни типови пијалаци со додадени шеќери, имаат поголем ризик од дијабет тип 2. Интересно, како зголемувачи на ризикот од ова заболување се вбројуваат и т.н. 100% овошни сокови, или соковите кои содржат само природни, овошни шеќери. Од друга страна, заменувањето на споменатите штетни пијалаци со вода, кафе или чај, делувава обратно – го намалува ризикот од дијабет тип 2.

[Поврзано: НАЈОПАСНИТЕ калории: ТЕЧНИТЕ калории!]

Ова се вели во едно поново истражување од минатата година, објавено во Diabetes Care, а изработено од тим истражувачи на познатиот американски универзитет Харвард.

"“Online”/

 

Нешто повеќе околу истражувањето


Анализирани биле податоците од околу 200 илјади луѓе, во три фази (3 различни студии кои траеле над 20 години), а целта била утврдување на долгорочните ефекти на газираните пијалоци (и оние со вештачки засладувачи), овошните сокови (густи, ,,100%”, бистри итн.) врз ризикот од развивање на дијабет тип 2. Волонтерите со утврдена динамика пополнувале специјализирани прашалници околу пиењето на споменатите пијалаци.

По проценувањето на бројните ризик фактори за дијабет тип 2, како возраст, генетика, хормонски баланс, ниво на физичка активност, BMI, утврдена била улогата на пиењето зашеќерени пијалаци во однос на ризикот од развивање на дијабет тип 2.

Оние кои секојдневно пиеле по повеќе од половина чаша од ваквите пијалаци, имале 16% поголем риизк од дијабет тип 2, во однос на оние кои не пиеле воопшто или пиеле помалку од половина чаша дневно.

Fibro Gel

Малку подетално околу заклучоците

Заклучоците од оваа мета-студија се на линија со повеќето претходни студии и придонесуваат кон веќе утврдените обемни докази за негативните влијанија по здравјето од засладените пијалаци.

Ова истражување дава и некои нови интересни информации.

Истражувачите велат дека нивните заклучоци се идентични како оние на повеќето  претходни студии на темата и тоа претставува уште една потврда за потребата целосно да се избегнувааат или да се ограничи употребата на засладените пијалоци.

Иако т.н. 100% овошни сокови често се сметани за здрава алтернатива на зашеќерените пијалаци, сепак во оваа студија најдена е забележителна релација помеѓу зголемениот риизк од дијабет тип 2 и консумацијата на ваквите сокови.

Истражувачите велат дека најдобриот избор ако сакаме 100% овошје е да јадеме свежи овошки! Сите овошки имаат огромен процент на вода, па освежувањето нема да нѝ недостасува.

Заменувањето на пијалаците со додадени шеќери со вештачки засладувачи, не го намалило ризикот од развој на дијабет тип 2, тој останал ист како – друг интересен заклучок на истражувањето.

Сепак, овој заклучок е зависен и од количеството, односно ако се консумираат вештачки засладени пијалаци во ист обем како зашеќерените, но и од зголемениот ризик од дијабет кај луѓето кои редовно ги употребуваат овие пијалаци (знаејќи дека имаат ризик, пијат повеќе вакви пијалаци).

Здрави алтернативи

Резултатите од оваа студија укажуваат на значајноста да се изнајдат соодветни здрави алтернативи, а во меѓувреме наместо шеќерните пијалаци да се пијат оние здрави пијалаци (кафе, вода, вода со лимон, но да се јадат и свежи овошки како замена) кои во моментов нѝ се достапни.

Заменувањето на шеќерните пијалаци со вода, кафе или чај, било поврзано со 2-10% намален ризик од развој на дијабет тип 2.

Иако познатите ,,100%” сокови содржат и одредени хранливи материи, сепак тие се во голема мера занемарливи, а калориската вредност им е значителна.
Растителните влакна кои се типични за свежата храна отсуствуваат, додека овошната енергија е силно сконцентрирана. Значи, ваквите сокови претставуваат сконцентрирана шеќерна енергија, која ќе нѝ создаде шеќерни пикови, а потоа и нагли падови – ќе нè направи погладни.

Поради овие причини, 100% сокови лесно можеме да ги вброиме во т.н. храна со празни калории.

Можеме да заклучиме дека иако ,,овошни сокови” звучи здраво и освежително, сепак треба многу да се внимава на нивната уптореба, особено ако сте под некаков ризик од дијабет тип 2 или сте подложни на гојазност (понатаму ризик-фактор за низа нарушувања). Луѓето многу често не се ни свесни колку празни калории или шеќери внесуваат со само неколку чаши сок.

Како пример, 0,35l сок од портокал содржи дури 7,5 кафени лажички шеќер, односно 160 калории! Јадењето на свежи овошки не само што не е толку концентриран извор на енергија, туку обезбедува и низа на микронутриенти и растителни влакна. Дополнително, многу побрзо промовира ситост. Исто така, нашата перцепција за овошјето е дека тоа претставува храна, а за сокот дека е само некаков вид на освежителен додаток, не храна.

Краен заклучок – овошните сокови подалеку од нас (особено од децата), наместо тоа:

вода
свежи овошки
смути пијалаци
вода со лимон
минерална вода
различни чаеви (ладни, топли), засладени со малку мед, по желба
кафе

Поврзани теми:

7 научни докази што ќе ве потсетат за моќта на лимоновата вода
Добри вести за љубителите на кафето!
Минерална вода – кои се придобивките за здравјето?
7 причини зошто треба да пиете чај и во лето!

Fibro Gel


Извор
:

https://care.diabetesjournals.org/content/early/2019/09/18/dc19-0734

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X