fbpx

ГОЏИ – пет причини зошто ова овошје доби светска популарност

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Гоџи  е плодот од е грмушката Lycium barbarum, која припаѓа на семејството Solanaceae во кое спаѓаат и компирот, доматите итн. Главната карактеристика на ова семејство е присуството на алкалоидот соланин, кој се отстранува со лупење и со термичка обработка.

"“Online”/

Се смета дека гоџи  потекнува од југоисточна Aзија, а најмногу се одгледува во Кина. Оваа култура расте од 1 до 3 метри во висина, плодот е со црвенкаста боја, со должина до 2 сантиметри и содржи од 20 до 40 ситни семчиња.

Гоџи  плодовите се јадат сурови или сушени, во различни смути комбинации, во овесна каша и други типови на доручек, во кондиторски продукти, слатки сосови, десерти, салати итн.

Во последно време се особено популаризирани, пред сé поради своите антиоксидативни својства. Она што е значајно за растението е фактот што е отпорно повеќе болести и инсекти.

Заради зголемената популарност, плодовите на оваа билка сé повеќе се предмет на истражувања од страна на научниците, па да видиме кои се потенцијалните бенефити од оваа билка кои тие ги утврдиле.

1) Ги заштитуваат очите!

Ова својство на гоџи бери се должи на неговиот богат антиоксидативен состав – зеаксантин, бета-каротен, витамин А, Ц итн.

Fibro Gel

Во само ¼ чашка од ова бобесто овошје се содржат дури 340% од дневните потреби за витамин А.

Познато е дека витаминот А, но и антиоксидантите зеаксантин и бета-каротените кои во организмот преминуваат во витамин  А, се многу значајни за видот.

Студиите покажуваат дека антиоксидантите можат да ги запрат или успорат оштетувањата на очите од:

◦ UV зраците
слободните радикали
оксидативниот стрес

Една студија открива дека гоџи  овошките делуваат заштитувачки на мрежницата, односно превенираат од појава на глауком, кој може да води кон целосно губење на видот. Повеќе други студии укажуваат дека антиоксидантите зеаксантин и бета-каротените можат да превенираат и од макуларна деградација, најчестото очно заболување поврзано со целосното слепило кај повозрасните лица.

2) Гоџи овошките можат да помогнат во контролирањето на глукозата во крвта, но и за здравјето на црниот дроб


Тие можат да бидат од помош за контролирањето и ослободувањето на шеќерот во циркулаторниот систем.
Едно истражување од 2015 година покажува дека гоџи бери делува балансирачки на нивото на инсулин и глукоза во крвотокот.

Истата студија ги поврзува гоџи бери овошките со зголемените нивоа на ,,добриот” HDL холестерол кај луѓето со дијабет тип 2.

Гоџи бери традиционално биле употребувани од кинеската народна медицина за третирање на заболувањата на црниот дроб. Ова било мотив за истражувачите да видат дали старите Кинези биле во право.

Анималните студии укажуваат дека овие овошки можат да помогнат во справувањето со некои состојби на црниот дроб и да превенираат прогресија на алкохолно предизвиканиот замастен дроб.

Дополнително, некои истражувања на пациенти со рак на црниот дроб, покажале успорувачко дејство на гоџи бери во однос на туморниот раст.

3) Можат да помогнат за подобар сон, но и при депресија и анксиозност

Во една студија, испитаниците пиеле 120ml сок од гоџи, во текот на 2 недели. Контролната група пиела ,,плацебо” пијалак.

Резултатите покажале дека групата која пиела гоџи бери сок имала подобрени енергетски нивоа, но и концентрација, ментална активност и чувство на смиреност. Исто така, покажано било позитивно дејство на сонот, а не биле утврдени никакви несакани дејства.

Дополнително, постојат и други анимални студии кои даваат слични резлутати, односно позитивно дејство на гоџи бери овошките во однос на депресијата и анксиозноста.

4) Делуваат позитивно на кожата

 

Гоџи бери овошките содржат солидни количества на бета-каротен, есенцијална растителна фитохемикалија, позната по повеќе корисни дејства на здравјето, вкучително и за здравјето на кожата.

Некои истражувања покажуваат дека бета-каротенот, кој често се употребува и во кремите за одржување на кожата, може да делува на:

• подобрувањето на општото здравје на кожата
• намалувањето на иритациите
• намалувањето на штетните влијанија од сончевите зраци на кожата
• намалувањето на кожните оштетувања кои доаѓаат со стареењето на кожата

5) Гоџи овошките можат да имаат имуностимулирачко и антиканцерогено дејство

И двете дејства се должат на нивниот моќен антиоксидативен состав. Имено, антиоксидантите се познати по клучната улога во намалувањето на оксидативниот стрес, односно нивната борба со слободните радикали кои на долг рок можат да предизвикаат хронична инфламација. Ваквите хронични воспалителни процеси, водат кон хронични заболувања, вклучително и рак.

Дополнително, антиоксидативните витамини А и Ц, со кои е богат гоџи бери, влијаат и на правилното функционирање на имуниот систем.

Анималните студии кои се достапни до овој момент, укажуваат на одредени антиканцерогени својства на гоџи бери овошките, односно намалување на туморниот раст кај лабораториските глувци и подобрување на ефектот од терапијата.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X