fbpx

Групата на НАЈЗДРАВИ зеленчуци – 5 ефекти врз здравјето!

tonus

Сите знаеме дека сета свежа храна, односно сите овошки и зеленчуци, важат за особено здрава храна. Сте забележале дека ова уште повеќе важи кога станува збор за  зеленчуците, како брокула, карфиол, кељ, прокељ итн. За нив често се употребува и терминот ,,супер-храна. Зошто е тоа случај?

Круциферозни зеленчуци

Споменатите зеленчуци се обединети под името круциферозни зеленчуци, а тука спаѓаат и: зелката, ротквицата, руколата, маца растението, добрејката, различни видови репка и многу други билки нетипични за нашите простори. Тие се доста застаени намирници во медитеранскиот начин на исхрана.

Круциферозните зеленчуци се особено нутритивно сконцентрирана храна, што значи имаат доста ниска калориска вредност, а од друга страна извонреден микронутритивен состав (витамини, минерали, антиоксиданти и различни фитохемикалии).

"“Online”/

Тие посебно се богати со витамините А, Ц, К и оние од Б групата, потоа со минералите кои ни се потребни во поголеми количества, а често ни недостастуваат, како железо, калиум и магнезиум, различни моќни антиоксидативни компоненти, како сулфурафанот на брокулата и глукозинолатите на карфиолот, а претставуваат и навистина добар извор на квалитетни растителни влакна.

[Поврзано: Нутритивно сконцентрирана храна – што е тоа?]

Ваквиот, навистина импресивен хранлив состав на круциферозните зеленчуци, им овозможува и повеќе импресивни корисни ефекти во однос на нашето здравје. Редовната употреба на различните круциферозни зеленчуци, помеѓу останатото ни овозможувa:

1) Борба против процесите на хронична инфламација
2) Контролирање на телесната тежина
3) Полесно регулирање на крвниот шеќер
4) Подобро кардиоваскуларно здравје

5) Поспоро стареење итн.

1) Борба против процесите на хронична инфламација

Зеленчуците од круциферозната група се особено богат извор на навистина потентни антиоксидативни компоненти утврдени во лабораториски услови, како: лутеин, зеаксантин, сулфурафан, глукозинолати, кверцетин, кампферол, изотиоцијанати и различни други флавоноиди, антоцијанини,  каротеноиди, терпени, танински материи, кумарини, антиоксидативните ензими (каталаза, супероксид дисмутаза, пероксидаза) итн. Вреди да се споменат и антиоксидативните витамини, како витамин А и витамин Ц.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања – најчестите болести на модерното време.

Поради ваквиот состав, круциферозните зеленчуци се вбројуваат во групата на најдобра храна за борба против хроничната инфламација. Една студија од 2014 година вели дека исхраната која подразбира редовно консумирање на вакви зеленчуци, се поврзува со 25% намалување на инфламаторните маркери кај жените.

Значи, ваквиот зеленчук може значително да помогне во превенцијата и третманот на заболувањата кои се директно или индиректно поврзани со хроничните инфламаторни процеси – ревматоиден артртис, астма, улцеративен колитис, гастритис, различни срцеви заболувања, дијабет, па дури и малигни заболувања.

[Поврзано: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНИ вопаление]

2) Контролирање на телесната тежина и подобро дигестивно здравје


Како што веќе забележавме, круциферозните зеленчуци се особено  нутритивно сконцентрирана храна – имаат навистина ниска калориска вредност.

Ова ги прави одлична храна за додавање во здравиот начин на исхрана при слабеење. Исто така, нешто што е многу важно за процесот на слабеење – круциферозните зеленчуци содржат одлични количества растителни влакна (повеќето содржат во една порција и до 1/4 од нашите дневни потреби!). Голем дел од популацијата има проблем со доволниот внес на овие важни компоненти за дигестивното, а преку тоа и за целокупното здравје. Значи, освен што практично не можете да претерате со оваа храна, таа истовремено ќе ви обезбеди и извонредна хранливост.

Растителните влакна претставуваат храна за корисната цревна микрофлора и помагаат во постепеното дигестирање на храната. Ова постепено дигестирање води кон постепеното испуштање на глукоза во крвта (низок гликемиски индекс), што прави да сме сити подолго време. Дополнително, тие можат да допринесат за побрза и подолга заситеност преку врзувањето на слободната вода во стомакот.

Фиберот го подобрува дигестивно здравје – подобра цревна перистатика, намален ризик од најчестите дигестивни заболувања – дијареазапексиндром на нервoзни црева, нарушувања поврзани со корисната цревна микрофлора, разни воспаленија итн.

Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

Глукозионатите го стимулираат доброто работење на црниот дроб, односно продуцирањето на детоксифицирачките ензими кои се клучни во неутрализирањето на штетниот метаболитички отпад кој постојано се продуцира во телото – слободните радикали. Покрај ова, споменатите антиоксидативни компоненти, заедно со сулфурафанот, превенирааат од воспалителни процеси на внатрешното ткиво во дигестивниот тракт.

3) Полесно регулирање на крвниот шеќер – погодна храна за пациенти со дијабет

Како што претходно наведовме, круциферозните зеленчуци се особено богат извор на растителни влакна, што придонесува за постепено апсробирање на глукозата во крвотокот – многу важно за пациентите со дијабет.

Дополнително, одредени студии го поврзуваат редовното јадење на ваков зеленчук со намалување на шеќерот при дијабет, што се поврзува со нивниот навистина моќен антиоксидативен потенцијал.

Една анимална студија, дошла до доста интересни податоци. Имено, глувците болни од дијабет, кои биле хранети со екстракт од брокули имале намалено оштетување на панкреасните клетки.

4) Подобро здравје на срцето

Кардиоваскуларните проблеми се водечка причина за смртност во нашата земја. Исхраната е исклучително важен фактор кој може да придонесе за превенирањето на ваквите заболувања кај кои неретко смртта е и првиот симптом.

Круциферозните зеленчуци, како дел од она што значи здрава исхрана, се многу важен фактор за одржување на оптималното кардиоваскуларно здравје.

Повеќе сериозни научни истражувања ни даваат податоци според кои може да се заклучи дека редовното консумирање ваков зеленчук, значително го намалува ризикот од срцевите заболувања.

Ова главно се должи на нивниот антиоксидативен, антивоспалителен состав, богатата содржина на минерали кои се значајни за срцето – калиум и магнезиум, но и повеќето корисни фитохемикалии.

5) Поспоро стареење

 

Стареењето е неизбежен природен процес кој е силно поврзан со оксидативниот стрес и намалената метаболитичка функција, а квалитетот на исхраната се смета за еден од клучните фактори во определувањето на генетската експресија (актвирање) и развојот на болестите кои се поврзани со овој процес.

Едно истражување кое се занимава со оваа тематика, вели дека сулфорафанот, главната биоактивна компонента на одредени круциферозни зеленчуци, има капацитет да го успори биохемискиот процес на стареење преку намалување на експресијата (активирањето) на ,,антиоксидативните” гени.

Сепак, за потврдување на овие податоци, потребни се многу повеќе студии на истата тематика.

Други корисни ефекти од редовното консумирање на круциферозен зеленчук:


•  Антиканцероген ефект – низа сериозни истражувања укажуваат на антиканцероген ефект на одредени антиоксидативни компоненти на круциферозните зеленчуци.
• Одлична храна за трудници – пред сè поради богатата содржина на витамини од Б групата (посебно Б9 и холин).

  • Подоброздравје на очите – поради антиоксидативниот состав (пред сè лутеин, зеаксантин и сулфурафан).
  • Помош при балансирање на хормоните– способност (индол-3-карбинол) за намалување на ,,нездравите” нивоа на естроген, што е од огромно значење во превенцијата на хипетироидизам, автоимуни заболувања, хроничен замор итн.
  • Подобар имунитет, но и здравје на кожата – поради одличната концентрација на витаминот Ц.
  • Подобро здраје на коските –добар минерален состав и витамин К.

    Можни несакани ефекти

    Несаканите ефекти се доста ретки, но постојат ситуации во кои треба да бидете внимателни со количествата од овие зеленчуци: ако имате одредена алергија на ваква храна, ако претходно сте имале навистина сиромашен внес на фибер (постепено зголемувајте го внесот, а не одеднаш), ако имате проблеми со хипотироидизмот или друго нарушување на тироидната жлезда и слично.

    Сепак, доста е тешко да претерате со ваквата храна. Повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

 

Поврзани теми: КАРФИОЛ – толку малку калории, а толку многу хранливост!
12 извонредни својства на БРОКУЛАТА!
Што е поздраво:  БРОКУЛА или КЕЉ?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор