fbpx

Дали ОПТИМИСТИТЕ се поздрави?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Дали за вас чашата е полупразна или полуполна? Одговор на ова древно прашање ве прави оптимист или песимист.

Научниците интензивно работат на проблематиката како оптимизмот и песимизмот всушност влијаат на нашето психичко, но и физичко здравје. Сè поголем број истражувања укажуваат на поврзаности помеѓу начинот на гледање на светот (оптимистички или песимистички) и општото здравје на човекот.

Позитивното мислење се покажало како клучно во ефективното менаџирање со стресот. Доброто менаџирање со стресот пак, се поврзува со низа на здравствени бенефити. Но, сепак, доколку по природа сте песимистични, нема простор за очајување – позитивното мислење е вештина, а секоја вештина може да се научи.

"“Online”/

Што се подразбира под поимите позитивно мислење и ,,разговор со себеси?

Позитивното размислување не подразбира игнорирање на реалноста, глумење дека лошите работи не постојат или целосно игнорирање на незгодните ситуации во кои често секој од нас може да се најде. Позитивното размислување значи дека отворено им ,,приоѓаме” на најразличните непријатности, односно имаме позитивен, конструктивен и продуктивен приод.

Позитивните мисли најчесто започнуваат со разговор со самиот себе. ,,Разговорот” е всушност бескрајна низа на неискажани мисли кои ни прелетуваат низ главата. Некои од нив може да бидат резултат на логично размислување, други пак, се погрешни ставови кои самите ги креираме поради дезинформации, или недостаток на одредени информации.

Значи, накратко, овие ,,автоматски” мисли можат да бидат позитивни или негативни. Ако поголемиот дел од нив се позитивни, вие сте оптимист, во спротивно – песимист.

Постојат ли здравствени бенефити од позитивното размислување?

Истражувачите интензивно ја истражуваат оваа тематика, односно врската помеѓу позитивните мисли и здравјето. Според некои податоци, одредени корисни дејства по здравјето, заради позитивниот став кон себеси и опкружување, постојат и тие можат да бидат:

• намалување на ризикот од депресија и нејзина манифестација
• намалување на стресот и подобро справување со него
• зголемен имунитет (поголема отпорност на вируси и бактерии)
• подобрена општа психолошка состојба
• подобрено кардиоваскуларно здравје и намален ризик од смртност од овие заболувања
• продолжен животен век

Механизмот според кој позитивните мисли ги даваат овие бенефити, не се сосем јасни. Едната теорија е дека имањето на позитивен пристап кон светот, овозможува подобро справување со стресните ситуации, на тој начин максимално се избегнува хроничниот стрес, кој е ризик фактор за навистина многу заболувања.

Исто така, се смета дека позитивните луѓе имаат и поздрави животни навики, односно здраво се хранат, физички се поактивни и избегнуваат цигари и алкохол.

Како да ги препознаеме негативните мисли?

Не сте сигурни дали вашиот ,,разговорот” со самите себе, ви делува позитивно или негативно? Некои чести форми на негативен ,,разговор со себеси” вклучуваат:

Филтрирање
Ги пренагласувате негативните аспекти на дадена ситуација, а ги ,,филтрирате” сите позитивни страни.

• Персонализирање
Кога нешто лошо ќе се случи, веднаш се обвинувате себеси. На пример, некоја средба со пријателите била откажана, а вие мислите дека тие не сакааат да ве видат, па претопставувате дека е откажана заради вас.

• Постојано очекување на нешто лошо
Автоматски го очекувате најлошото. Нешто лошо ќе ви се случи, па веќе сте заклучиле дека целиот ден ќе биде таков.

• Поларизирање
Работите ги гледате црно или бело. Не постои средина. Мислите дека треба да биде или совршен или ќе сте тотално промашување во одредена работа.

Фокусирање на позитивно размислување

Можете да научите како да ги ,,претворите” негативните мисли во позитивни. Процесот е едноставен, но потребно е време и вежбање – сепак креирате некаква нова навика.

Во продолжение, неколку совети за тоа како да размислувате попозитивно и да се однесувате оптимистички:

Пронајдете одредено поле во кое сакате промена. Ако сакате да размислувате и да се однесувате пооптимистично, најпрво идентификувајте некој област од животот за која најчесто имате песимистички став. Дали ќе биде тоа работата, некоја навика или врска, сеедно. Почнете полека и фокусирано:

• Неколку пати во текот на денот, застанете и проценете какви мисли имате во дадениот момент. Ако забележите дека поголемиот дел од мислите се негативни, обидете се да ги изнесете на површината и позитивните мисли, кои скоро секогаш се исто така присутни, иако можеби не ги забележувате од прва.

• Дозволете си да се насмеете, особено при тешки моменти. Обидете се хуморот да ви стане навика. Докажано, тоа го намалува стресот.

• Бидете физички активни, најмалку 30тина минути, секој ден во неделата!

• Обидете се да се опкружите со повеќе позитивни луѓе, кои не се двоумат да ви дадат поддршка, совет и разговор. Негативното опркужување може да предизвика зголемен стрес и да ви ја намали способноста за справување со стресот.

• Секогаш однесувајте се љубезно со луѓето, односно не го правете на другите тоа што не сакате да ви биде направено вам. Но, бидете и љубезни кон себеси. Размислите во ,,разговорите” со себеси, дали вашите заклучоци се донесени врз база на факти, или врз база на дезинформации или пак недостаток од информации.

Не очекувајте дека ќе станете оптимист преку ноќ. Сепак, за тоа е потребно време, дадете си време. Со секојдневно практикување на овие неколку скромни совети, за одредено време многу е веројатно дека ,,разговорите со себеси” ќе ви станат многу попозитивни, односно ќе бидат помалку самокритични, а повеќе во насока на себе-прифаќање. Исто така, можеби ќе станете и помалку критични спрема средината.

Fibro Gel

Како краток заклучок

 

Kога имаме состојба на умот која е генерално оптимистички настроена, можеме подобро, односно на поконструктивен начин да се справиме со секојднвениот стрес. Ова успешно справување има клучно влијание во некои утврдени корисни влијанија на позитивното мислење на психичкото, но и физичкото здравје на човекот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X