fbpx

Дали сте нервозни заради недостаток на спиење?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Квалитетниот сон е многу повеќе од едноставно ,,рестартирање” на организмот, односно обновување на енергетските нивоа и степенот на концентрација, на секои 14 часови. Всушност, нашиот мозок менува повеќе состојби додека спиеме, во целта да ги ,,исчисти” токсините и метаболитичките нуспродукти кои ги оставила зад себе нервната активност во текот на денот.

Добриот и доволен сон е значаен од многу различни здравствени аспекти: како што рековме, го ,,обновува” телото, неговите енергетски нивоа, но го зајакнува и имунитетот, ја ,,контролира” телесната тежина итн. Генерално, добрата навика за спиење го подобрува квалитет на живот во целина. Повеќе на овие теми, прочитајте во некои од нашите претходни статии.


Нарушениот сон е секогаш проблем

Бројни студии утврдуваат сериозни психички, но и физички проблеми од постојаната нарушена навика за спиење. На пример, едно ново истражување открива дека конзистентно нарушената навика за спиење, предизвикува оштетување на значителен број невронски и синаптички конекции, кои за жал веројатно не би можеле да се ,,поправат” или повратат со подобрениот сон.

"“Online”/

Сите сме свесни, односно повеќе пати сме почувствувале на своја кожа како нарушениот сон делува на нашето расположение. Ненаспаноста нè прави нервозни, многу лесно раздразливи, тажни, безенергични, деконцентрирани и постојано изморени. Нарушениот сон води и кон зголемен стрес или поголема подложност на него. Стресот пак, го прави потешко заспивањето и го нарушува квалитетот на сонот, со што се формира непријатен циклус од кој излезот е тежок.

Една нова студија потврдува дека ненаспаноста води кон нервоза и напнатост

Едно истражување, објавено во мај месец годинава, дава податоци според кои недостатокот од сонможе да го мултиплицира чувството на нервоза и лутина.

Истражувачите ги анализирале собраните податоци од над 200 студенти кои редовно и внимателно забележувале, односно ја следеле (во текот на еден месец) својата навика за спиење, секојдневниот стрес и чувството на нервоза. Резултатите покажале дека испитаниците забележувале поголеми нивоа на нервоза и напнатост кога не биле наспани како вообичаено.

Правени биле и лабораториски експерименти на 147 лица. Волонтерите биле поделени во две групи. Првата група која била следена имала соодветен сон од 8 часа во текот на две ноќи, додека втората група спиела по 5 часа, исто така две ноќи.

По втората вечер, спроведен бил експеримент на испитаниците од двете групи. Експериментот се состоел од пуштање на нерпијатни, иритирачки звуци, по што бил утврдуван степенот на вознемиреност и нервоза кај секој од волонтерите поединечно. Добиените резултати покажале дека добро наспаните волонтери полесно се адаптирале на непријатните звуци и имале помал степен на нервоза, додека оние кои спиеле по 5 часа, покажале значителна напнатост и нервоза.

Сличен експеримент бил спроведен и со играње на видео игри. По завршувањето на игрите, според утврден механизам, мерено било нивото на фрустрација. Резултатите биле слични – оние со нарушен сон, покажале значително поголема нервоза и лутина.

Според овие информации, истражувачите со право тврдат дека нарушениот сон ја намалува емотивната адаптибилност или прилагодливост на иритирачки ситуации и околности (со кои често се соочуваме, особено во работното секојдневние).

Што можеме да извлечеме како финален заклучок?


Според експертите кои ја воделе споменатата студија, нејзините резултати се значајни поради тоа што утврдуваат одредена каузална врска помеѓу нарушениот сон и зголемената нервоза и фрустрација со текот на времето. За жал, ваквиот ефект бил лесно видлив и по само неколкудневното нарушување на сонот. Концептот на истражувањето овозможил да се види и тоа дека ваквата нервоза може да влијае на повеќе аспекти од секојдневието и неговите предизвици.

Значи, зголемената нервоза е уште една потврдена негативност од хронично нарушениот сон и уште една причина плус да внимаваме повеќе на тоа какви се нашите навики за спиење.

Повеќе општи совети за тоа како да го подобрите сонот во текот на ноќта, прочитајте тука.

Извори:

https://neurosciencenews.com/

Fibro Gel

“Does Losing Sleep Unleash Anger“ by Z. Krizan, A. Miller, G. Hisler – Science Advances

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X