fbpx

Два лесни и здрави предлози за ДОРУЧЕК!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Сите сме свесни дека овесот е кралот на доручеците, но понекогаш сакаме наутро да јадеме и нешто друго. Во продолжение, два особено здрави предолг-рецепти за појадок!

Просо – житарка која е потценета!

Просото е позната храна за птиците, но оваа полнозрнеста житарка треба често да се наоѓа и на нашите трпези. Зошто?

Просото е добар извор на растителни влакна, сложени јаглехидрати, антиоксидативни компоненти (ферулична киселина, катехини итн.), а ни обезбедува и најмногу есенцијални аминокиселини во споредба со било која друга житарка.

"“Online”/

Покрај ова, просото е одличен извор и на микронутриенти, пред сè на повеќе витамини од Б групата, како и битни минерали – калциум, магнезиум, фосфор, железо итн.

Ваквиот состав му овозможува на простото да биде одлична храна за кардиоваскуларното здравје, при дијабет, за слабеење итн. Внимателни со просото треба да бидат лицата кои имаат проблеми со тироидната жлезда.

[Поврзано: Има важни причини зошто да користите ПРОСО барем еднаш неделно!]

Fibro Gel

Предлог за појадок: Просо со „златно“ млеко

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 1 шоља неварено просо
  • 1 супена лажица мед, или повеќе по вкус
  • изрендана кора од 1 среден портокал
  • 1 ½ кафена лажичка мелена куркума
  • ½ кафена лажичка мелен ѓумбир (можете да користите и свеж)
  • ½ кафена лажичка мелен цимет
  • 2 чаши растително млеко по избор

Предлози за додатоци:

  • 1 мало зрело манго, излупено и исечено на крупни коцки (можете да користите и ананас, или пак сосема да го изоставите овошјето)
  • 1-2 супени лажици несолени семки од тиква (користете бадеми или ореви наместо семки од тиква, доколку не ви се допаѓа вкусот)

Начин на подготовка:

1) Во едно средно тенџере ставете го просото заедно со 3 шољи вода на средно-висока температура. Почекајте да зоврие, а потоа намалете ја топлината и вријте на средно-тивок оган додека не омекне (ова би требало да трае околу 10 минути). Исцедете го вишокот вода, оставете го просото да се олади во тенџерето покриено 5 минути и потоа измешајте го со вилушка. Поделете го просото во 4 шољи или тегли и оставете го уште малку да се излади додека го правите „златното“ млеко.

  1. За да направите златно млеко, комбинирајте мед, кора од портокал, куркума, ѓумбир и цимет во средна чинија. Додадете 3 лажици врела вода за да се раствори медот, па додадете го млекото (бадемовото млеко убаво одговара со ова јадење).
  2. Истурете го млекото во теглите со просо и одозгора ставете манго/ананас, семки од тиква или некои други јаткасти плодови. Покријте ги теглите и ставете ги да отстојат во фрижидер најмалку 2 часа пред да служите.

– Оваа златна каша можете да ја чувате во фрижидер во покриен сад најмногу 4 дена.

– Рецептот прави 4 порции.

Нутритивна вредност:
(на 1 порција, БЕЗ додатоци)

Калории: 250 Јаглехидрати: 44g од кои растителни влакна:  5.2g и шеќери: 6.3g; Протеини: 7.4g; Масти: 4.9g од кои заситени масти: 0.6g; ; Железо: 2.75mg; Бакар: 0.5mg; Манган: 1.3mg; Витамин А: 596 IU; Витамин Б1: 0.3mg.

 

Ленено семе – најдобриот растителен извор на омега 3



Наутро немате време или можеби желба да направите хранлив појадок? Подгответе го вашиот појадок претходната вечер за да не мора да го прескокнувате најважниот оброк во денот. Се што треба да направите наредното утро е да одвоите најмалку две минути за целиот процес. Овој пудинг од ленено семе е густ, хранлив појадок со кој можете многу да експериментирате во поглед на додатоците.

[Поврзано: Прочитајте 8 силни причини за почеста употреба на лененото семе!]


Предлог за појадок: Пудинг од ленено семе

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 6 супени лажици мелено ленено семе
  • 1 ½ чаша вода (можете да користите и бадемово млеко, доколку сакате)
  • 1 зрела банана, исечкана на тркалца
  • 3 урми, со извадени семки и исечкани

Додатоци:

  • 1/2 чаша боровинки, капини, малини или било кое друго овошје
  • 1/2 чаша ореви, бадеми, кикирики, индиски ореви или било какви други јаткасти плодови

Начин на подготовка:

1) Истурете ленено семе и вода (или бадемово млеко) во шоља или тегла, покријте ја и оставете ја во фрижидер преку ноќ, за убаво да го покиснете лененото семе. Следниот ден смесата треба да има структура на желатин.

2) Додадете ја мешавината од ленено семе и вода во блендер заедно со бананата и урмите, па блендирајте додека смесата не се изедначи. Треба да добиете погуста, течна смеса.

3) Префрлете ја смесата во длабок сад и додадете овошје и јаткасти плодови по желба.

– Овој рецепт прави 2 порции.

Нутритивна вредност:
(на 1 порција, БЕЗ додатоци)

Калории: 195 Јаглехидрати: 27.5g од кои растителни влакна: 8.2g и шеќери: 14.3g; Протеини: 4.8g; Масти: 9.1g од кои заситени масти: 0.8g и Омега-3: 4.8g; Манган: 0.7mg;

 

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X