fbpx

Две топли есенски супи – РЕЦЕПТ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Времето полека но сигурно почнува да заладува, па сè почесто на нашето мени ќе се појавуваат топлите јадења. Различни типови чорби, супи, манџи итн.

Денес ви предложуваме 2 рецепти за чорба кои се здрави, вкусни и лесни за приготвување.

 

Крем чорба од моркови и ѓумбир

Првиот рецепт е крем чорба од моркови и ѓумбир која освен што ќе ве засити и загрее, ќе ви овозможи и повеќе здравствени бенефити. Нутритивниот профил на морковите и ѓумбирот е навистина извонреден.
Морковите имаат ниска калориска вредност, а особено висока концентрација на провитаминот А (бета каротен), но и на растителни влакна, калиум, фолна киселина, витамин К и низа други антиоксидативни фитохемикалии, слично како и ѓумбирот – еден од најздравите зачини на планетата. Ваквиот состав им овозможува да бидат одличен избор за поздраво срце, вид, дигестија, имунитет, коски, па дури и за подобро здравје на мозокот.

"“Online”/

[Пробајте и: Смути од банана и ѓумбир]

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

• 500g моркови со средна големина, исечени на покрупни парчиња по должината
• 2 лажици маслиново масло
• 2-3 чешниња лук, ситно исецкани
• 1 супена лажица свеж ѓумбир (може да користите и лажица сушен)
• 2 чашки растителен бујон
• малку соја сос (бел) или половина чашка кокосово млеко (или соино, но не засладено)
• коријандер
• сол и бибер
• гранчиња нане, по желба

Fibro Gel

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200  ͦС.

2. Наредете ги морковите во тава за печење и врз нив додадете го маслиновото масло. Убаво прекријте ги сите моркови со маслото, сол и бибер. Гответе на 200  ͦС, 45 минути. На половина од ова време, превртете ги морковите. Морковите се испечени кога се видливо карамелизирани и вилушката лесно проаѓа низ нив.

3. По печењето, оставете ги морковите да се подоладат. Потоа, ставете ги во процесор за храна, заедно со лукот, ѓумбирот и растителниот бујон. Миксирајте додека не добиете целосно хомогенизирана смеса.

4. Ставете ја добиената смеса во сад за готвење, заедно со втората чашка бујон, бибер, коријандер и зачини по желба. Гответе на средно висока температура со повремено мешање. Кога ќе почнат да излегуваат меурчиња, намалете ја топлината и додадете од млекото или белиот соја сос.Добро измешајте, па тргнете од оган.

5. Сервирајте ја крем чорбата во сад за супа и гарнирајте со свежо нане.

– Овој рецепт прави околу 3 порции.

– Можете да го служите со ФИБРОГЕЛ леб, табуле или киноа салата.

Нутритивна вредност:
(на една порција)

Калории: 165 Јаглехидрати: 17g од кои растителни влакна: 5g и шеќери: 8g;  Протеини:2g; Масти: 8g; Витамин A: 28000 IU; Витамин Б12: 1 µg; Витамин К: 20µg; Фолна киселина: 45µg; Железо: 1mg; Манган: 0.4mg; Бакар: 0.1mg; Калиум: 600mg

 

Чорба со цвекло и црвена зелка

 

Мешавината од цвекло, праз и црвена зелка во овој рецепт создаваат уникатен микс за чорба кој е хранлив, вкусен и совршен за студените денови.

Иако црвената зелка има речиси ист вкус со обичната, зелена зелка, таа е побогата со одредени состојки кои се поврзани со бројни бенефити за нашето здравје, како антиоксидативните пигменти антоцијанини, од кои доаѓа нејзината специфична виолетова боја. Во просек, антиоксидативните нивоа во црвената зелка се за 4,5 пати поголеми од оние во зелената зелка. Ова не е единствената предност на јадењето црвена зелка – нејзините високи количества на витамините Ц и К, како и нешто помалите вредности за минералите калциум, цинк и манган – се дополнителни причини зошто оваа треба почесто да јадеме зелка.

Цвеклото и празот исто така можат да ни понудат низа бенефити за здрвјето, како понизок притисок, подобра дијгестија, имунитет, подобар вид, поуспешно контролирање на шеќерни нивоа итн.

[Пробајте и: Рецепт за домашно цвекло]

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 1 страк праз, една ½ за готвење, а другата половина за гарнир
  • 2 главици црвен кромид, ситно исецкани
  • 2 големи или 3 средни цвекла, излупени и исецкани на мали коцки
  • ½ средна црвена или обична зелка, исецкана на ситни коцки
  • 1l доматен сос
  • 750ml вода или растителен бујон
  • ½ кафена лажичка морска сол

Начин на подготовка:

 

  1. Загрејте го маслиновото масло во едно големо тенџере и додадете ги кромидот и половина од празот. Кратко запржете ги со повремено мешање.
  2. Во тенџерето додадете ги идецканото цвекло и црвената зелка, па повторно промешајте. Гответе ги сите состојки околу 5 минути пред да ги додадете доматниот сос и водата. Промешајте и покријте го тенџерето. Чорбата гответе ја околу час и половина, или барем додека целосно не омекнат парчињата цвекло. На крајот ако има потреба испасирајте ја смесата (може да користите и блендер). Времето на готвење ќе зависи од тоа колку е свежо цвеклото кое го користите. Потребно е често да ја проверувате чорбата и да промешувате, за да не ви се залепи сѐ на дното.
  3. По час и половина, додадете сол и вкусете за да проверите дали недостасува уште. Тргнете ја чорбата од оган и оставете ја малку да се излади пред да служите.
  4. Служете ја чорбата во мали, длабоки садчиња, а одозгора наросете го ситно исецканиот остаток од празот.

– Овој рецепт прави 4-5 порции, во зависност од големината на садот во кој ја служите. Адаптирајте ги дозите на состојките доколку ја готвите оваа чорба за повеќе или помалку лица.
– Чорбата може да ја чувате во фрижидер во добро затворен сад најмногу една недела, а можете и да ја замрзнете најмногу 2 месеци.

Нутритивна вредност:

(на 1 порција)

Калории: 195 Јаглехидрати: 39g од кои растителни влакна: 10,5g и шеќери: 24g;  Протеини: 7g; Масти: 3,5g; Витамин A: 2200 IU; Витамин Ц: 60mg; Витамин К: 45µg; Фолна киселина: 212µg; Железо: 5mg; Манган: 1mg; Бакар: 0.4mg; Калиум: 1500mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X