fbpx

Депресијата не е обична тага

tonus

Според Светската здравствена организација, со некакви симптоми на депресија се соочуваат повеќе од 350 милиони луѓе ширум светот, од најразлични возрасни групи.

За многумина, депресијата и тагата се една иста работа. Сепак, ова е далеку од вистината. Помеѓу чувството на тага и депресијата постојат суштински разлики.

Во продолжение, подетално околу тоа што треба да знаеме за да можеме да ги разликуваме овие две појави.

"“Online”/

Тага наспроти депресија – есенцијални разлики

Тагата е една од базичните човекови емоции (чувства), односно природна реакција на одредена ситуација која ви предизвикала некаков вид на непријатност. Таа може да биде со различен интензитет. Сепак, ова е привремено чувство и ,,избледнува” со текот на времето. Вообичаено за неколку часови или денови, па можеби и недели, но природно минува сама по себе.

Депресијата од друга страна, претставува подолготрајно психичко растројство. Таа води кон менување на психичката состојба во која се наоѓа личноста. Има потенцијал да влијае негативно на сите аспекти од живеењето, со други зборови, ги нарушува врските и општо гледано социјалните односи помеѓу луѓето, како и перформансот на работното место. Накратко кажано, депресијата ја намалува волјата за живеење.

Чувството на депресивност е постојано со личноста која страда од депресија. На некој начин, депресијата е долготрајно чувство на тага, потиштеност и безволност.

Игнорирањето никогаш не е решение

Депресија е сериозна дијагноза. Нејзиното игнорирање е исто како да го игнорираме дијабетот или некое кардиоваскуларно заболување. Како да игнорираме мал пожар во дневната соба кој поседува потенцијал да ни ја запали целата куќа. Секогаш е потребно да се зборува за проблемите!

Кои се симптомите на депресија?


• Чувство на целосна обесхрабреност
• Хронично чувство на тага
• Безнадежност
• Отсуство на мотивација и за навидум незначајни дејства
• Незаинтересираност за активности кои вообичаено претходно предизвикувале задоволство
• Лесна надразливост
• Нарушени навики за сон и исхрана
• Чувство на вина без некоја причина

Во одредени посериозни случаи можни се и посериозни симптоми, кои вклучуваат дури и размислувања за самоубиство. Други симптоми на потешките форми на депресија:

▫ Чувство на тага кое не запира ниту за момент
▫ Целосна незаинтересираност за било каква активност
▫ Несоница, неможност за заспивање или предолго спиење кое значително влијае на секојдневните неопходни акитвности
Хроничен замор и безенергичност
▫ Чувство на целосна безвредност и речиси непостоечка самодоверба
▫ Нарушена концентрација

Можно е да искусите повеќе од овие симптоми и поради чувство на тага, но тие не треба да траат повеќе од 2 недели.

Ако имате неколку или повеќе од наведените симптоми и тие траат со недели или без разлика на нив, самите имате сериозен сомнеж дека сте депресивни, време е да побарате помош. Препознавањето на депресијата е клучно за да си помогнете. Постојат посебни методи за дијагностицирање што ги користат лекарите.

Најдобриот начин да си помогнете е да разговарате со блиски лица и лица кои се стручни на оваа тема – психолози и психијатри.

Ризик-фактори за депресија

Депресијата може да се случи секому, без разлика на возраста, полот и социјалната позиционираност. Сепак, постојат одредени ризик-фактори за развој на депресија. Aко ,,исполнувате” еден или повеќе фактори, не мора да значи дека сигурно ќе развиете депресија. Ризик-факторите вклучуваат:

• некакви трауми во периодот на детството или раната адолесценција
• неможност за справување со тешки настани во животот, како смрт на блиска личност или било која друга ситуација која предизвикува силно чувство на болка
• ниска самодоверба
• семејна историја на ментални заболувања, како биполарни растројства, депресија, анксиозност итн.
• неприфатеност од семејството или средината заради различни причини
• проблеми со прилагодувањето по тешки физички повреди – сообраќајни несреќи, мозочен удар итн.
• претходно дијагностицирани анорекција, булимија, PTSD или анксиозност
• социјални фактори и лоша социјална заштита

Неколку значајни разлики помеѓу тагата и депресијата


1) Тагата е чувство, депресијата заболување

Претходно ги нагалсивме овие клучни разлики. Депресијата е заболување со свои конзистентни симптоми, а тагата чувство кое не трае повеќе од неколку недели.

Хроничното чувство на тага е само еден дел од она што значи депресија. Со депресијата заедно со емоциите се менуваат и мислите, навиките, однесувањата, па дури и физичката состојба. Зарди овие причини, депресијата може значително да влијае на перцепцијата која ја имаме во однос на животот.


2) Тагата е краткорочна, депресијата останува  на долги патеки


Емоциите се моментални свесни искуства. Тие ,,избледнуваат” со текот на времето. Ако емоцијата продолжи да се провлекува во одредена фаза од животот, тоа се случува со повремени ,,паузи”. Тоа значи дека дури и во периоди на тага, во одредени делови од денот се чувствувате сосема добро. Способни сте да се насмеете, пошегувате, да слушате музика или да учите, читате и слично.

Од друга страна, депресијата е постојано тука. Таа многу тешко си заминува, особено ако со текот на времето постојано е игнорирана .

Сите нејзините симптоми се постојани, иако можеби имаат одредени пикови наутро или навечер. Депресивното чувство го диктира денот, па на депресивните луѓе им изгледа безнадежно дека некогаш повторно ќе се чувствуваат добро.

3) Тагата е специфична реакција. Депресијата абнормална генерана состојба

Тагата е реакција на некој настан или болна ситуација за нас. Иако е нерпијатна, таа е сосема нормална и здрава човекова реакција/емоција. Од друга страна, депресијата најчесто се појавува без очигледна причина и предупредување.

Можеби изгледа дека животот тече сосема добро и сте задоволни од него, сепак депресијата може да се појави и во ваква ситуација. Депресивноста не се појавува кога помислувате на одредена личност или ситуација (како што е случај со тагата), туку таа е пристутна во секој момент од денот, заедно со сите останати мисли.

Се јавуваат негативни мисли за иднината, необјасниво чувство на вина, беспомошност, безенергичност и безнадежност.

4) Тагата привремено го менува расположението. Депресијата има потенцијал да го промени животот

Кога сте тажни, расположението се менува. Умот ви е преокупиран со тажни мисли, но сепак, сè уште можете нормално да го поминете денот и да ги извршувате редовните обврски. Одредени потешки случаи на депресија, немаат воопшто способност (мотивираност) да ги извршуваат дури и наједноставните и најнеопходните секојдневни активности.

Така, депресијата има потенцијал да го промени животот. Всушност таа има потенцијал да влијае на работите кои значеле рутина, ве дефинирале како личност и ви го давале идентитетот.

5) Тагата е субјективно чувство, депресијата се дијагностицира

Вие ,,одлучувате” дали и зошто сте тажни. Никој не може да го негира тоа, бидејќи е чувство и е субјективно. За разлика од тоа, постојат посебни критериуми според кои се дијагностицира депресија. Ако имате сомнежи дека патите од депресија, искомуницирајте го тоа со вашиот лекар и помогнете си!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор