fbpx

Дијабет и предијабетична состојба

Ако кај некоја состојба вреди и се исплаќа да се направат промените во животниот стил – тогаш тоа дефинитивно е кај дијабетот и предијабетните состојби.

Речиси и да не сме имале пациент во изминативе години кај кој немало подобрување. Ефектите се различни, се разбира, од мали но сепак значајни кај одредени пациенти, се’ до случаи каде целосно се надминала потребата од инсулинска терапија.

Разликата е во целокупниот пристап кон исхраната и физичката активност. 

Нема броење калории или лебни единици, едноставно здрава храна во количини од кои пациентот никако не чувствува глад, а сепак има подобрување, па и слабеење ако е потребно.

Стариот пристап за исхрана кај дијабет препорачуваше намален внес на шеќери, броење калории и лебни единици, ограничени порции и калорични рестрикции. За среќа, има нов пристап.

Претежно растителна исхрана, со малку масти, е идеална за пациенти со дијабет. Впрочем, во научна студија во 2006та, Д-р Барнард докажува дека овој пристап дава подобри резултати отколку исхраната препорачана од Американската Асоцијација за дијабет.

Што може да очекуваат пациентите?

Во рок од неколку недели од следењето на овој пристап, потребата за лекарства се намалува, а кај пациенти во порана фаза на болеста – потребата од лекови и целосно се губи.

Ако не се подобри тромесечниот просек, средствата се враќаат.


Причината за тоа е бидејќи овој пристап ги лекува ПРИЧИНИТЕ, а не последиците од дијабетот!

X