fbpx

Дијабет – Како да се грижите за вашите стапала и зошто е тоа толку важно?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Diabetes mellitus е хронично заболување кое е причинето од абномалните нивоа на шеќер во крвта. Овие абнормалности се предизвикани заради тоа што телото не може да создаде доволно инсулин или заради неможноста веќе создадениот инсулин да се искористи соодветно.

Статистиките во однос на ова заболување се загрижувачки. Бројот на заболени секојдневно вртоглаво расте, во светски рамки, но и кај нас во Македонија.

Пред сè, ова се должи на лошите животни навики за исхрана и физичката неактивност. Во претходните статии зборувавме општо околу дијабетот, кои видови постојат, како рано да го препознаете, кои луѓе се во посебен ризик и кои се начините за негово превенирање и природно контролирање. Денес, нешто повеќе околу проблемите со стапалата кои често се јавуваат кај пациентите со дијабет. На кој начин дијабетот влијае на стапалата? Што можете да направите во врска со тоа и кога треба да побарате медицинска помош?

"“Online”/

Како дијабетот влијае на стапалата?

Со текот на времето дијабетот може да предизвика нервни оштетувања, наречени и дијабетична невропатија. При ова нарушување пациентите чувствуваат морници (како боцкања од иглички) и болки во екстремитетите, а можно е и губење на чувството во нозете, особено во стапалата.

Кога ќе го загубите чувството во стапалата, најверојатно нема да ги забележите евентуалните повреди кои водат до помали или поголеми исеченици и ранички. Ваквите ранички можат да станат добра ,,подлога” за инфективните микроорганизми, па екстремно да се зголеми ризикот од инфекции. Зошто е ова случај кај дијабетичарите?

Дијабетот може значително да ја наруши циркулацијата на крвта во нозете и стапалата, па недоволните количества на крв која носи бели крвни клетки (имунитет) и хранливи материи (за обновување), водат до неможност за соодветно лекување на раната, но и на евентуалните инфекции. Некогаш, посериозните инфекции не можат да бидат излекувани, па во крајна линија можно е развивање на гангрена или чиреви на стапалата.

Fibro Gel

Гангрената и чиревите можат да не реагираат на терапијата. Во таков случај, за да се спречи евентуалното ширење на опасната, живото-загрозувачка инфекција се препорачува ампутација на прстите или стапалата, но некогаш и на дел од ногата.

Што можете самите да превземете за да го одржите здравјето на стапалата?

Заради претходно наведените причини, планот за контрола на дијабетот, покрај останатото, мора да вклучува и грижа за стапалата. Во продолжение, 6 основни совети околу грижата за стапалата.

1) Секојдневно проверувајте ги стапалата

Можеби имате некакви проблеми со стапалата, но чувствувате никакви симптоми (болки). Со постојаното проверување ќе можете навремено да реагирате, пред проблемот да ескалира. Ова треба да ви стане навика. На пример, пред секое легнување навечер, со соблекувањето на чорапите, направете ја рутинската проверка. Не заборавајте да погледнете и помеѓу прстите. Ако имате проблем со наведнувањето, користете огледало или побарајте помош од домашните.

Кои се евентуалните проблеми кои можете да ги забележите:

▫ некакви исеченици, ранички или црвени точки
▫ отоци или плускавци
▫ кафени нокти, зараснати нокти во кожата
▫ делови кои се потопли од вообичаено
▫ фунгални инфекции кои можат да предизвикаат ронлива кожа

Ако забележите некој од претходно наведените проблеми, консутирајте се со вашиот лекар. Никогаш немојте само на своја рака да се справувате со нив.

Лекарот најпрво ќе препорача третмани кои не подразбираат хируршки зафати, како на пример соодветно чистење и дезинфицирање на раните. Ако е неопходно, се применуваат и оперативни зафати, како отстранување на мртвите кожни клетки или ткива. Ампутацијата доаѓа кога сите можни други мерки ќе бидат превземени, а инфекцијата нема да се повлече.


2) Секојдневно мијте ги стапалата


По секојдневната проверка, најдобро е да имате и рутина за миење на стапалата. Миењето треба да биде многу внимателно и нежно, со сапун и топла вода (но не премногу жешка). Не ги потопувајте нозете во вода, бидејќи потоа кожата ќе ви биде доста сува.

По миењето, убаво исушете ги стапалата и нанесете антимикробна пудра, која ќе превенира од преголема влажност на кожата – што создава потенцијал за добри услови за развој на различни микроби.

3) Внимавајте како ги сечете ноктите!

Бидете особено внимателни со ноктите. Сечете ги на начин што нема да овозможни нивно зараснување во кожата (што води кон рани). Немојте да ги сечете ноктите на рабовите, сечете ги рамно.

Ако сакате да правите педикир во салон, носете си своја опрема за да избегнете инфекции.

4) Секогаш носете чорапи и некакви обувки

Постојаното покривање на стапалото ќе ја намали веројатноста од евентуални физички повреди. Никогаш не одете боси по тврди површини, заради тоа што доста веројатно е да се повредите, а да не го почувствувате тоа. Секогаш внимавајте на хигиената на чорапите и обувките кои ги носите. Исто така, пред да ги обуете обувките, секогаш проверувајте дали има некакви камчиња во нив.

Одберете обувки со анатомски влошки кои ја поддржуваат нормалната позиција на стапалото и обувки со соодветна вентилација (овозможен проток на воздух). Гледајте секогаш да ви биде пријатно и лагодно во обувките. Немојте да носите сандали, римјанки или тесни штикли.


5
) Заштитете ги стапалата од ладно и топло

Ако имате нервни оштетувања како резултат на дијабетот, можно е да ги изложите стапалата на екстремни темепратури без да забележите. Затоа, секогаш носете обувки на плажите (поради заштита од повреди, но и од врелиот песок), секогаш мачкајте ги и стапалата со крема за сончање и избегнувајте капење во ладни води.

Во зима, секогаш носете водоотпорни обувки и доволно дебели чорапи.

6) Одржувајте добра циркулација

Совети за подобра циркулација:

Fibro Gel

• Држете ги нозете подигнати кога седите подолг период.
• Бидете редовно физички активни – уште една причина зошто морате да бидете активни ако имате дијабет или сте во ризична група. За повеќе информации на оваа тема, погледнете едно од нашите видеа: Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта!
• Ако пушите, веднаш откажете ги цигарите.
• Немојте да носите чорапи и обувки кои премногу ве стегаат.
• Секојдневно правете вежби и масажи за стапалата.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X