fbpx

ДЛАБОКО масно ткиво, невидлив но опасен непријател!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

На сите ни е јасно дека со текот на годините се зголемува ризикот од покачена телесна тежина. Ова важи и кај машката и кај женската популација.

Така, средовечните луѓе, дури и оние што можеби претходно никогаш немале проблем со килограмите, почнуваат да забележуваат масни наслаги низ телото. Многу често, наслагите се во пределот на струкот и стомакот, посебно кај мажите заради самата генетска склоност иако генерално, телесната тежина има тенденција повеќе да се покачува кај женската популација.

Имајќи го предвид овој факт и самата зачестеност на овој феномен, најчесто зголемениот стомак и општо зголемените килограми, се  прифатени како нешто ,,нормално” и нормален дел од процесот на стареење. Без воопшто да навлегуваме дали тоа е нормално или не, ќе го нагласиме она што е важно да се знае на оваа тема: според научните факти, зголемената телесна тежина, посебно во пределот на стомакот (т.н. висцерално масно ткиво), претставува особен ризик за здравјето на човекот.

"“Online”/

 

Што всушност означува поимот висцерално масно ткиво?

 

Салото кое можеме да го забележиме како вишок, за да може да го има тој обем, најпрво треба да ги ,,пополни” повеќето достапни места помеѓу висцералните или органите кои се наоѓаат во стомачната празнина.

Значи, поимот висцералното масно ткиво се однесува на масните наслаги наталожени во пределот на стомачната празнина и на некој начин ги обиколуваат сите наши органи во тој предел (црниот дроб, цревата…, па дури и срцето). Како што маснотиите во овој предел се таложат, така салото се зголемува и зацврстува.

 

[Поврзано: Замастен црн дроб – зошто не треба да се игнорира и што да се направи?]

 

Единствениот начин за прецизно утврдување на количеството висцерално ткиво се компјутерската томографија и магнетната рецонанца. Сепак, бидејќи овие процедури не се баш практични, односно се скапи и одземаат доста време, докторите најчесто утврдуваат проблем со овие маснотии преку самата телесна тежина, распространетоста на масните наслаги низ телото и преку прашалници во врска со вашата исхрана и начин на живеење во целина.

[Поврзано: Што се, всушност, КАЛОРИИТЕ и колку дневно треба да се внесат за да слабеете?]

Според угледни здравствени институции, како центарот за јавно здравје на Харвард, може да се смета дека 10% од вкупното масно ткиво отпаѓа токму на висцералното. Иако навидум мал процент, овие маснотии можат да ни создадат сериозни здравствени проблеми.

 

 

Зошто висцералните масни наслаги се толку проблематични?

 

Во минатото се сметаше дека масното или медицински кажано, адипозно ткиво е ништо повеќе од скалдирана енерија која чека да биде употребена како енергија кога телото ќе има потреба.

Сепак, истражувањата покажаа дека масните клетки, особено висцералните масни клетки, се особено биолошки активни, па  дури можат да се сметаат и како ендокрин орган. Зошто?

Овие клетки излачуваат најразлични компнетни, што имаат далекусежен ефект низ организмот. Помеѓу разните компоненти има и онакви со хормонска природа, како лептинот.

 

[Поврзано: Кој е тој хормон на СИТОСТА излачуван од масното ткиво и зошто ни е толку важен?]

 

Претходно се сметаше дека главниот проблем со висцералните масни клетки е тоа можат да ослобуваат слободни масни киселини во крвотокот и црниот дроб, што може да го наруши метаболизмот на холестеролот, да го зголеми ризикот од замастен црн дроб, но и ризикот од инсулинската резистентност. Сепак, во последно време пристигнуваат сè повеќе научни податоци за бројните ризици што доаѓаат со зголемениот обем на масни наслаги во пределот на стомакот.

 

Висцералното масно ткиво излачува поголеми количества молекули или компоненти што можат да имаат силни негативни ефекти по здравјето на човекот. На пример, ги создава повеќето од протеините наречени цитокини, компоненти што можат да поттикнат процеси на хронична инфламација, познат ризик-фактор за повеќето од т.н. болести на модерното време, како: кардиоваскуларни, малигни болести, метаболен синдром, дијабет итн.

 

[Поврзано: ЦИТОКИНСКА БУРА – најопасната компликација од Ковид-19]

 

Уште неколку проблематични компоненти лачени од висцералното масно ткиво:

 

  • Прекурсори за ангиотензин – протеин кој ги ,,затега” крвните садови и го покачува крвниот притисок.
  • Ретинол-поврзувачки протеин (4RBP4) – проблематична молекула во однос на развивањето инсулинска резистентност
  • IL-6, IL-1бета, PAI-1 и TNF-aлфа – инфламаторни маркери, што значително допринесуваат за процесите на хронична инфламација

 

[Поврзано: Зошто масните наслаги на стуркот и стомакот се далеку полоши од оние на бутовите?]

Постојат бројни истражувања што велат дека висцералното масно ткиво може да го зголеми ризикот од:

 

Генетиката е важна, но начинот на живеење е КЛУЧЕН!

 

Како што е случај со висината, така и со телесната тежина и распределбата на масните ткива, важна улога игра генетиката. Студиите утврдуваат одредени мутации на гени кои ја зголемуваат подложноста за создавање абдоминални масни наслаги.

Се смета дека кај одредени луѓе поткожните масни ткива порано снемуваат простор за складирање (или способност за продуцирање на нови масни клетки). Ова би значело дека кај нив повеќе масно ткиво ќе биде складирано во висцералните депозити, а кога и тие резерви ќе бидат наполнети, мастите почнуваат да се акумулираат насекаде, вклучително и во срцевиот орган, мускулите, црниот дроб итн.

Така, висцералните масти можат да предизвикаат замастување на органите и воспалителни процеси, водејќи до метаболитички наршувања и кардиоваскуларни болести.

За жал, според досега кажаното, некои поединци ќе имаат повеќе маки со масните наслаги во стомакот од други, но тоа не значи дека им е судено да бидат гојазни! Здравите животни навики се клучот!

Затоа, за да превенирате таложење и да се ослободите од постоечките  висцерални масни наслаги, живејте здраво! Главно (во кратки црти) под здрав начин на живот се поздразбира:

  1. Здрава, правилна исхрана.
  2. Редовна физичка активност.
  3. Изнаоѓање на траен начин за соодветно контролирање на стресот
  4. Непушење и умерена употреба на алкохолот.
  5. Добра ,,хигиена” на сон

Некому овие совети ќе му звучат доста едноставно за да бидат вистинити, некому можеби пресложени, но вистината е таа – животниот стил игра клучна улога за нашето здравје во целина. Секој може да ги промени навиките, најважна е волјата и решеноста на поединецот и поддршката од средината.

[Поврзано: Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?]

ПРОГРАМА НА Д-Р МИТОВ ЗА ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ

ПРОГРАМА НА Д-Р МИТОВ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ДИЈАБЕТ И ПРЕДИЈАБЕТИЧНА СОСТОЈБА

ПРОГРАМА НА Д-Р МИТОВ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА МАСТИТЕ И ХОЛЕСТЕРОЛОТ

Fibro Gel

ПРОГРАМА НА Д-Р МИТОВ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ХИПЕРТЕНЗИЈАТА

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X