fbpx

Домашен лек за кашлица – ОБИЧЕН МЕД!

tonus

Уште од најдалечното минато медот се употребувал во исхраната на луѓето. Но, различните типови мед се користеле и како традиционален лек за најразлични типови заболувања, од третирање на инфективни болести, дијареа и други дигестивни проблеми, астма, хроничен замор, па сè до подготовка на креми за рани и кожни заболувања.

[Поврзaно: 5 изненадувачки придобивки од медот, па дури и кај триглицеридите!]

Во една од нашите претходни статии, зборувавме подетално околу придобивките од употребата на медот во исхраната и наведовме повеќе научно-базирани податоци за неговите корисни ефекти врз здравјето.

"“Online”/

Една од најчестите употреби на медот во традиционалната медицина секако е намалувањето на симптомите предизвикани од горнореспираторните инфективни болести, пред сè се мисли на кашлицата. Веројатно добро ви е познато што ни нудат нашите повозрасни, како домашен лек кога сме настинати: чај, лимон и мед!

[Поврзано: 7 причини зошто чајот не се пие само во зима!; 8 импресивни својства на ЛИМОНИТЕ]

Искуствата на нашите постари не се воопшто за потценување, речиси никогаш, па ни во овој случај! Тоа го докажува и една нова студија во однос на медот. Во продолжение, многу повеќе на оваа тема.

Медот, како еден од потенцијалните домашни лекови за горнореспираторни инфекции

 

Тим истражувачи од Универзитетот Оксфор, Велика Британија, биле инспирирани од традиционалната уптореба на медот за намалување на кашлицата и другите типични симптоми при горнореспираторните заболувања. За таа цел, тие решиле да истражат колку навистина медот е ефективен, односно колку може да помогне во оваа насока.

Како дополнителен мотив за ова истражување била претераната употреба на антибиотиците за третирање на настинките кои не секогаш се бактериски. Ваквата ,,лоша навика” на самите пациенти и докторите што тоа им го овозможуваат, може да има навистина несогледливи последици, односно создавање на сè порезистентни бактериски соеви. Многу повеќе на оваа тема, прочитајте во еден од нашите претходни текстови:

Зошто антибиотиците се земаат ИСКЛУЧИВО по препорака на лекар?

 

Антибиотска резистентност

 

Горнореспираторните инфекции се најчестата причина за препишување на антибиотска терапија. Сепак, огромниот дел од настинките се од вирална природа, што значи не се предизвикани од бактерии. При вирусните инфекции, антибиотиците се целосно неефикасни (освен ако има нужна потреба, поради т.н. секундарни бактериски инфекции).

Заради претераната употреба на антибиотиците, СЗО и други релевантни здравствени институции со голем углед, предупредуваат дека токму антибиотската резистентност е една од најреалните закани за глобалното здравје и безбедноста на храната во иднина.

Како што веќе споменавме, медот е еден од најценетите природни лекови уште од античко време, користен за цела лепеза на различни болести.Денес, јасно и потврдено е неговото антибактериско дејство во однос на патогените, а покрај тоа, овој природен производ поседува и антиоксидативно, антивоспалително, па дури и антиканцерогено дејство.

Антимикробниот ефект на медот се должи на повеќе негови карактеристики:

 

  • неговата голема вискозност овозможува тој да биде бариера за раните, потоа
  • значително го повишува осмотскиот притисок на даден простор, поради екстремно богатата шеќерна содржина и на крајот можеби најважно
  • содржи ензими наречени глукозо-оксидази, кои ја деградираат глукозата и поттикнуваат создавање на водороден пероксид, компонента што ги убива микробите.

 

Што утврдува споменатото истражување?

 

Истражувачите, поттикнати од претходно наведените факти за медот, се обиделе да ги сумираат повеќето значајни истражувања на тема мед и горнореспираторни болести.

 

Всушност, нивниот труд бил мета-анализа, односно истражување кое користи податоци од низа претходно спроведени студии (14 испитувања, со над 1300 уникатни пронајдоци) на тема: како горнореспираторните инфекции ,,реагираат” на медот. Споредуван бил ефектот на медот и другите конвенционални и домашни лекови против кашлица.

Дури 9 од наведените 14 испитувања биле на деца.

 

Истражувачкиот тим открил дека, во споредба со другите вообичаени домашни третмани за настинки, медот бил супериорен во намалувањето на типични симптоми на горнореспираторните инфекции, како: кашлање, затнат нос, кивање и болно грло.

 

Иако според студијата, потребни се повеќе плацебо-контролни истражувања, според нејзините податоци, за голем дел од настинките, медот може да се смета за природна, ефтина и безбедна алтернатива на антибиотската терапија. Така, овој природен продукт може значително да помогне во успорувањето на проблемот со антибиотската резистентност.

 

Сепак, истражувачите предупредуваат дека не секој тип на мед е со ист квалитет и дека тој е навистина комплексна супстанца. Дополнително, не секоја инфекција дозволува да ја третираме самите во домашни услови со било кој третман, на своја рака. Затоа, консултирањето со стручно лице секогаш треба да биде приоритет.

 

Извор:

 

,,Effectiveness of honey for symptomatic relief in upper respiratory tract infections: a systematic review and meta-analysis”, August 18, 2020, BMJ Evidence-Based Medicine

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор