Д-р Митов

Д-р Александар Митов

Д-р Александар Митов е магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето. Дипломира медицина на Медицинскиот факултет во Скопје како првенец на генeрација. Магистрира јавно здравје на кипарскиот институт на Harvard School of Public Health, а подоцна завршува магистерски студии за политики за животна средина во Кембриџ, Велика Британија.

Д-р Александар Митов е магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето. Дипломира медицина на Медицинскиот факултет во Скопје како првенец на генeрацијата, со просек 9,9. Магистрира јавно здравје на кипарскиот институт на Harvard School of Public Health како валедикторијан, со највисок просек во генерацијата (3,9/4).

Потоа завршува магистерски студии за животна средина во Кембриџ, Велика Британија, како член на престижниот колеџ St. John’s и стипендист на фондацијата Пексим. Академското образование е силната страна на д-р Митов и доказ за степенот на неговата посветеност и студиозност.

Од 2012-та година до 2017-та е Советник за здравство на Претседателот на Владата на Република Македонија, а беше и главен стручен консултант на кампањата за здрава храна на Владата на РМ, „Здравјето е избор!“. Преку многубројните настапи на медиумите и социјалните мрежи, како и преку сопствената емисија „Д-р Митов советува”, тој се труди да придонесе кон подобрување на јавното здравје во Македонија.

Последните години интензивно работи со пациенти со цел да успеат да ги променат своите навики и преку поздрав животен стил да стекнат подобро здравје. Следејќи ја медицината основана на докази, но и природните интервенции за кои има доволно убедливи научни студии, д-р Митов има сеопфатен пристап во третманот на хроничните болести.

 

slika-dr-mitov

Често Поставувани Прашања

Одговори за прашањата

Д-р Митов работи индивидуално со пациенти, како и општествено – со цело население. Поединечната работа, еден на еден, Д-р Митов ја остварува преку консултации со пациентите. Целта е да ги води низ промена на животниот стил што има директен бенефит за конкретната здравствена состојба во која се наоѓаат. Општествената работа на д-р Митов  е позната на сите: настапи на сите медиуми, јавни предавања, пишува текстови на социјалните мрежи и се труди да влијае на создавање здрави навики кај што поголем број граѓани. Да ги лекуваме причините, не последиците!

Лајфстајл медицина, или медицина на животен стил (lifestyle medicine) е всушност основата на работата на д-р Митов. Тоа опфаќа промени во начинот на исхрана, степенот на физичка активност, природни додатоци во исхраната, менаџирање на стресот и доволно спиење. Целта на лајфстајл медицината не е само краткорочен режим или диета, туку трајно менување на животните навики кон подобро!

Не. Д-р Митов е доктор по медицина (завршен Медицински факултет Скопје со просек 9.9), магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз човековото здравје (University of Cambridge и CII/Harvard School of Public Health), притоа под животна средина подразбирајќи сите можни влијанија врз здравјето : храна, вода, воздух, физичка активност и хемикалии.

Болестите можеме да ги организираме во три групи: прва, таму каде лајфстајл медицината со сигурност има ефект, втора група – каде ефектот е индивидуален и зависи од пациент до пациент, и трета група на болести каде лајфстајл медицината не може да помогне. Во првата група спаѓаат:

  • Дијабет;
  • Предијабет, хиперинсулинемија, инсулинска резистентност;
  • Кардиоваскуларни болести;
  • Атеросклероза;
  • Висок крвен притисок,
  • Зголемена телесна тежина;
  • Нарушени масти во крвта;
  • Замастен црн дроб;
  • Синдром на полицистични јајници;

Закажи консултација

X