fbpx

Едноставна, а извонредна напивка: ЈАЧМЕНОВА ВОДА! Зошто е толку здрава и како да ја направите?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Јачменот се смета за една од најстарите житарки, а сé поголем број истражувања покажуваат позитивен ефект на неговите продукти во однос на различни здравствени аспекти.

Јачменовата вода е еден од тие продукти. Таа претставува пијалак направен од водата во која се приготвувал јачменот. Некогаш на оваа вода за подобрување на вкусот и се додаваат цедени овошни сокови, како лимоновиот на пример. Оваа е погодна и како освежителен пијалак, во летните услови.

Во традиционалната медицина, јачменовата вода се сметала за корисна за различни здравствени проблеми. Во продолжение, што вели науката за јачменовата вода.

"“Online”/

Богат извор на витамини, минерали и антиоксиданти

Јачменовата вода е богата со водорастворливи Б витамини, потоа железо, бакар, манган и повеќе други минерали во помали количества. Дополнително, таа е богата и со антиоксиданти кои претставуваат клучен заштитен фактор од штетното дејство на секојдневно продуцираните (како метаболитички отпад) слободни радикали.

Повеќето корисни дејства на оваа вода се должат токму на нејзиниот богат антиоксидативен состав.

Додавањето на одредени антиоксидативни зачини, ја прави јачменовата вода уште посилно антиоксидативно средство.

Fibro Gel

Го намалува холестеролот


Пиењето јачменова вода или чај од јачмен влијае на нивото на холестерол во крвта. Утврдено е дека токолите, специфични компоненти на јачменот, можат да делуваат на намалување на ,,лошиот“ или LDL холестеролот, на тој начин придонесувајќи за подобро кардиоваскуларно здравје.

Антиоксидантите од јачменовата вода придонесуваат за намалувањето на оксидативниот стрес предизвикан од слободните радикали, со што исто така се намалува ризикот од заболувања на срцето.

Дополнително, од страна на  Американската агенција за храна и лекови (FDA) потврдено е  дека бетафиберот (тип на растително влакно) на јачменот делува позитивно при срцеви заболувања и го намалува холестеролот во крвта.

Помага во контролирање на нивото на глукоза во крвта

Една студија се занимава со испитување на способноста на јачменовата и овесната вода во однос на контролирањето на шеќерот во крвта. Утврдено било дека двете води, секако доколку не се засладени со одредени шеќери, можат да имаат одреден бенефит во однос на контролирањето на глукозните пикови во крвта.

Ваквото својство на јачменовата вода е доста значајно за пациентите со дијабет, па се препорачува да ја користат по оброците. Антиоксидативниот состав на јачменовата вода исто така може да придонесе за подобрување на состојбата со дијабетот.

Погодна за слабеење и за дигестивното здравје


Јачменовата вода содржи висока содржина на растворливи растителни влакна и може да предизвика продолжено чувство на ситост и намалување на гликемискиот индекс на останатата внесена храна.

Непроцедената јачменовата вода содржи доста калории, но не од маснотии и помага за подобро хидрирање.

Споменатите фактори можат да го направат пиењето на јачменова вода доста корисно при процесот на слабеење, секако во комбинација со здрава и правилна исхрана.

Дополнително, фиберот претставува храна за корисната цревна микрофлора, од чиј баланс зависи не само доброто дигестивно, туку и целокупното здравје.

Растителните влакна се покажале од огромна користи при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје- констипацијата или запекот.

Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

Јачменовата вода може да биде добра и за имунитетот

Покрај борбата со штетните слободни радикали и богатата содржина на микронутриенти, јачменовата вода може да го поддржи имуниот систем и на еден друг значаен начин.

Имено, многу често при подготвувањето на оваа вода се додаваат и цитрусни овошки , како лимонот и портокалот на пример кои се богати со витаминот Ц. Сите знаеме дека витаминот Ц има многу значајна улога не само во подобрувањето на имунитетот (заштита од настинки и грипови), туку и значајно дејство како антиоксидант, за здравјето на кожата итн.

Како да ја приготвите јачменовата вода?

Јачменовата вода е лесна за приготвување. Многумина за подобрување на вкусот додаваат и лимон, портокал или друго цитрусно овошје, мед, природни засладувачи, но и различни зачини. Ова, како што видовме погоре, ја прави јачменовата вода уште поздрава.

За да направите 6 чаши јачменова вода, ќе ви бидат потребни:

¾ чашка со јачмен
2 лимона (парченца или сок)
½ лажица мед
6 чаши вода

Постапка:

1. Измијте го јачменот под млаз вода, сé додека водата под него не е целосно чиста и оставете го да кисне во сад полн со вода околу 4 часа.

2. Промијте го јачменот со помал млаз вода и ставете го во сад, заедно со лимонот (сокот од лимон) и 6-те чаши вода.

3. Гответе ја содржината на средна до температура на вриење.

4. Намалете ја температурата и гответе уште 15 до 30 минути.

5. Исцедете ја содржината во друг сад.

6. Додадете го медот во водата додека е жешка.

7. Чувајте ја водата во фрижидер и потоа консумирајте ја ладна.

* За луѓето кои имаат проблеми со шеќерот, добро е место медот да додадат некој природен засладувач, како стевиа на пример.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X