fbpx

Едно е што ќе ставиме во уста, но сосема друго е што ќе стаса до крвта?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Кога јадеме одредена храна или пиеме некој пијалак, хранливите материи кои се содржат во нив доспеваат до нашиот дигестивен систем, се апсорбираат и завршуваат во крвотокот, по што се транспортираат до сите ткива и клетки.

"“Online”/

Но, не сите хранливи материи можат да бидат искористени до ист степен. Во превод, не сите внесени компоненти максимално се искористуваат. На пример, една иста компонента може да има различна апсорпција во зависност од одредени фактори.

Со други зборови, нутриентите се разликуваат во т.н. биодостапност или биорасположливост. Сфаќањето на овој поим значително може да помогне во здравиот начин на исхрана, односно во внесот на доволни количества од сите есенцијални макро и микронутриенти.

Како се дефинира биодостапноста?


Постојат неколку дефиниции за овој поим, но генерално тој се однесува на пропорцијата со која одредена хранлива материја може да се апсорбира од храната и да се употреби за одредена функција во организмот.

Фактори од кои зависи биорасположливоста на одредена компонента:

◦ нејзината физичката или хемиската состојба во рамките на системот храна, односно дали храната е во погодна хемиска и физичка состојба да биде апсробирана

◦ ефектот на дигестивните ензими врз неа

Fibro Gel

◦ колку таа компонента може да се поврзе со мукозата на тенкото црево

◦ дали таа компонента во дадената форма може да го мине ѕидот на тенкото црево и да се најде во крвотокот или лимфната циркулација

◦ дали дадената компонента може да се складира во организмот

◦ дали циркулаторниот систем сосема правилно може да ја врши својата функција (со што компонентата би дошла до клетките кои имаат потреба од неа)

◦ на кој начин компонентата се излачува

◦ здравствената состојба на организмот, фактор може да биде и бременоста

Како што може да се забележи од наведените фактори, биорасположливоста на одредена хранлива компонента зависи од надворешни и внатрешни фактори. Надворешни фактори се физичката и хемиската форма на храната, додека полот, возраста и здравствениот (физиолошкиот) статус се внатрешните.

Биорасположливоста на макронутриентите (јаглехидрати, масти и протеини) вообичаено е доста висока, повеќе од 90%, односно 90% од внесените вакви компоненти успешно се искористуваат од организмот.

Од друга страна, искористеноста, односно апсорпцијата и искористувањето  на микронутриентите (витамините, минералите и другите биоактивни компоненти – фитохемикалиите – расителни антиоксидативни соединенција) може значително да варира кај различни индивидуи и во зависност од различни состојби.

Во продолжение, ќе ги искористиме микронутриентите за да илустрираме кога може да дојде  до нивна намалена биорасположливост.


Ефектот на физичката и хемиската форма во достапноста на нутриентите

Првиот чекор кон обезбедување на биолошка достапност на хранливите материи е нивното ,,ослободување” од системот храна и преминувањето во хемиска форма која може да се врзе и да го помине интестиналниот ѕид.

Ензимите, односно компонентите кои го поттикнуваат и забрзуваат разградувањето на храната до попрости елементи, заедно со џвакањето, почнуваат да делуваат на ситнење на структурата на храната уште од усната празнина.

Потоа, храната доспева до желудникот каде доаѓа во контакт и се меша со желудочните киселини, по што преоѓа до крајната дестинација (за апсорпција) – тенкото црево. Овде се одвива главната апсорпција на храната под дејство на дигестивните сокови на панкреасот, полни со ензими.

Покрај џвакањето, ензимите и дигестивните сокови, значаен ефект врз обезбедувањето на погодна физичка и хемиска струкутра за апсорпција на храната има и нејзиното подготвување. Повеќе околу најдобрите начини за готвење прочитајте тука. Само како еден пример, свежите моркови и спанаќот се добар извор на растителни влакна, но нивното приготвување се овозможува поуспешна апсропција на нивните најважни хранливи компоненти – каротеноидите.

Минералните компоненти во различна храна се застапени во различни хемиски форми, што значително делува на нивната биорасположнливост. Класичен пример за ова се хем и нехем железото. Првото се наоѓа во храната со животинско потелко и е со поголема биорасположливост, за разлика од нехем кое се наоѓа во растителната храна. Хем железото, за разлика од нехем, се наоѓа во хемиски облик кој може да го ,,заштити” од поврзување со други елементи и на тој начин се превенира негова намалена биорасположливост.

Доста често витамините и минералите дополнително се додаваат во храна која природно не ги содржи или ги содржи во помали количества, со цел зголемување на нејзината нутритивната вредноста. Во случајот на витаминот Б9, кој често се додава во муслите и житарките за појадок, брашното и некои други прехранбени продукти, неговата синтетска форма додадена на овој начин има поголема биорасположливост, отколку неговата биорасположливост од природните извори на храна.

Ова го кажуваме само како пример за различното влијание на биорасположливоста на различните хемиски и физички облици на една иста компонента. Тоа не значи дека во секој случај е подобро да се користат суплементи на витамин Б9, наместо свеж зелен зеленчук или полнозрнасти житарки, кои се извори и на други значајни нутриенти.

Зголемувачи на биорасположливоста на хранливите материи


Нутриентите во рамките на еден прехранбен продукт можат да реагираат меѓусебно, но можат да стапат во интеракција и со нутриенти од други видови храна. На овој начин нивната биорасположливост може да биде нарушена, но во одредени ситуации и подобрена. На пример, за зголемувачи на достапноста може да се сметаат компоненти како водата, која е најдобар растворувач на планетата. Таа освен што со растворањето ги прави некои елементи порасположливи за организмот, им овозможува и заштита од некакви видови на интеракции со други компоненти.

Постојат и маснотии кои се растворувачи на т.н. маснорастворливите компоненти. Тоа овозможува нивна подобрена биорасположливост. На пример, бидејќи каротеноидите се маснорастворливи компоненти, нивото комбинирање со некаква здрава маснотија (3-5 грама по оброк), може да ја направи храната со каротеноиди (како морковите) уште поздрава, односно каротеноидите да имаат поголема биорасположливост.

Витаминот Ц е исто така пример за ,,зголемувач” на биорасположливоста. Студиите утврдуваат дека овој витамин ја зголемува биорасположливоста на железото за дури 2 до 3 пати! Ова би значело дека пиењето на џус од свеж портокал непосредно пред појадувањето житарки, може да му помогне на телото да апсорбира поголеми количества железо од житарките.

Намалувачи на биорасположливоста на хранливите материи

Т.н. намалувачи или инхибитори можат да ја намалат биорасположливоста на нутриентите преку:

• врзување на хранливите компоненти при што се добива форма на соединение кое не може да ја помине бариерата на тенкото црево, однсно апсорпцијата е невозможна

• врзување на хранливите материи што ќе доведе формирање на нерастворливи соединенија и на тој начин соединенија кој се неповолни за апсорпција

• натпреварување со други хранливи материи за истиот ,,влез” кој води во крвотокот

Добар пример за намалувач (уште наречени и антинутриенти) на биорасположливоста е фитичната киселина (пристуна во мешунките, полнозрнастата храна, семињата и јатките), која гради цврсти врски со минералите како калциум, железо, цинк, создавајќи растворливи или нерастворливи комплекси неповолни за апсорпција. Еден од начините да се намали ваквата киселина е подложеноста на ферментација на храната богата со неа или потопувањето на мешунките во вода.

Добар пример за нутриенти кои се ,,натпреваруваат” за истиот механизам на внесување во крвотокот се нехем железото и калциумот. Двата минерали се врзуваат за одреден транспортер на површината на апсорптивните клетки на тенкото црево. Нехем железото на овој начин влегува во циркулацијата, но иако калциумот не може да навлезе на тој начин, тој се врзува на споменатиот рецептор и го блокира. Така нехем железото има нарушена биорасположливост, односно не може да се апсробира и искористи од телото.

Ова најчесто е случај коа се земаат суплементи од некој од споменати минерали. Затоа, најдобро е да се избегнува внесување во кратки интервали, на пример на растителна храна богата со железо и калциумов суплемент.

Намалувачите на апсорпцијата можат да бидат и позитивни. На пример, растителните влакна ја намалуваат апсорпцијата на холестеролот во крвта, што е позитивно бидејќи неговите високи нивоа во крвта можат да бидат доста опасни.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X