fbpx

Еректилна дисфункција – потенцијално предупредување за нарушено срцево здравје?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Како што минува времето, може да се каже дека опаѓањето на либидото или сексуалната желба е нормална, природна работа. Сепак, доколку тоа нагло се појави порано од 60-тите години, не може да се смета за нешто сосема очекувано, односно веројатно е резултат на некој подлабок проблем. На пример, поради хроничен стрес, хормонски дисбаланс, депресија, прекумерна употреба на алкохол, одредени медикаменти итн.

[Поврзано: Намалено либидо – Можни причини и совети за решенија]

Еректилната дисфункција е многу чест проблем

Веројатно најчестиот проблем кај мажите во оваа смисла е т.н. еректилна дисфункција (ЕД). Станува збор за доста чест проблем (се јавува кај повеќе од 30% од мажите помеѓу 40 и 70 години), кој се дефинира како неможност за достигнување и одржување на ерекцијата на пенисот, што е неопходен предуслов за сексуалниот чин.

"“Online”/

[Поврзано: Дали сексот се брои за физичка активност и колку е ризичен за срцето?]

ЕД не е нормална појава на ниту една возраст

Можеби кај повозрасните мажи е потребна поголема физичка и психичка сексуална стимулација за да се достигне ерекцијата, но еректилната дисфункција не може да се смета за нормална појава на било која возраст.

Достигнувањето на ерекција е доста комплексен процес кој вклучува активност на мозокот, хормоните, нервниот систем, мускулите и кардиоваскуларниот систем. Ако било кој од овие фактори ,,затаи”, за резултат ќе имаме еректилна дисфункција.

Fibro Gel

Значи, во кратки црти, за да се постигне ерекција, потребно е:

 

  • Нервите на пенисот соодветно да функционираат.
  • Циркулацијата на крвта до пенисот да биде соодветна.
  • Да постои сексуална стимулација од мозокот.

 

 

Еректилна дисфункција како предупредување за нарушено кардиоваскуларно здравје?

 

Причините за оваа состојба можат да бидат најразлични, а мажите најчесто како главен виновник го посочуваат психолошкиот момент, кој како што видовме е само еден од факторите. Истражувањата велат нешто друго – најчестата причина за еректилна дисфункција се некакви васкуларни или проблеми со крвните садови.


Овие проблеми го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, па слободно може да се каже дека еректилната дисфункција често е еден вид предупредување за нарушено здравје и тоа не само кардиоваскуларно. Во продолжение, многу повеќе токму на оваа тема.

 

Како ЕД е поврзана со срцевото здравје?

 

Од физичка или механичка перспектива, ерекцијата претставува ,,хидраулички процес”, односно процес при којшто дополнителна количина крв доаѓа до пенисот и се задржува таму подолг период, за потоа полека да се повлече. Ерекцијата нема да биде можна доколку нешто го попречи доаѓањето на оваа крв до пенисот.

Тоа ,,нешто”, најчесто е атеросклерозата – процес на стеснување и стврднување на крвните садови, кој почнува со нивно воспаление, со што подоцна е олеснето таложењето на холестеролот и калциумот, градбените единици на проблематичниот талог. Овој талог е најчестата причина за срцев и мозочен удар, здравствени проблеми што се  главните причинители за смртност во светски рамки, а особено кај нас во Македонија. Покрај овие пострашни последици, атеросклерозата може да води и кон различни други проблеми со кардиоваскуларното здравје.

Проблемите кои ќе ги предизвика овој процес се во зависност од тоа кои артериите ќе бидат блокирани, па така доколку бидат блокирани  артериите што го снабдуваат мозокот, се интензивираат процесите за развој на деменција, се зголемува ризикот од проблеми со меморијата или се јавува мозочен удар, ако се блокирани артериите на срцето – срцев удар итн. Ако пак има проблеми со артериите кои го снабдуваат пенисот со крв, тогаш за последица имаме еректилна дисфункција.

 

[Поврзано: Мозочен удар – како да го препознаете, што да преземете и зошто е важно брзо да реагирате?]

 

Експертите од областа велат дека ЕД може да биде резултат и на покачениот крвен притисок, како и на некаква дисфункција на внатрешната обвивка на крвните садови, позната како ендотелиум.

Проблемите со ендотелиумот го зголемуваат ризикот од атеросклероза и предизвикуваат неадекватно снабдување со крв до срцето, но и нарушена циркулација на крв до пенисот.

 

Еректилната дисфункција може да помогне навремено да се открие некакво срцево заболување!

Иако ЕД не е секогаш поврзана со здравјето на срцето, веќе споменавме дека според истражувањата и искуствата, главната причина за овој проблем се некакви васкуларни проблеми (над 70% од еректилните дисфункции).

Така, ЕД може да се перцепира и како значаен симптом што ќе му укаже на пациентот дека треба да направи соодветни предгледи и тестови, кои ќе ја покажат состојбата на неговото кардиоваскуларно здравје. Прегледите вклучуваат крвна слика за утврдување на липидниот статус, мерење на шеќерот, мерење на крвниот притисок итн.

 

[Поврзано: Како ПРАВИЛНО да си измерите крвен притисок во домашни услови?]

Ваквото одговорно постапување не само што ќе превенира од потенцијалниот развојот на некои опасни срцеви заболувања, туку може да помогне во решавањето на проблемот со ЕД. Како? Одредени лекови за срцето можат да придонесат за решавање проблемите и со ЕД.

Други здравствени проблеми кои можат да се ,,кријат” или ,,стојат” зад овој проблем

Покрај бројните психолошки причини кои можат да условат ЕД, да видиме кои се останатите физички причинители со кои може да е поврзана ЕД:

 

  • Дијабетес – хронично повишените нивоа на шеќер во крвта поседуваат потенцијал да ги оштетат крвните садови и нервите ,,одговорни” за еректилната функција. Едно истражување вели дека речиси половина од испитаниците со дијабет имале и ЕД.
  • Намален тестостерон – мажите со ниско ниво на овој хормон често имаат проблеми со ЕД, но и со некакви кардиоваскуларни проблеми. Повеќе на оваа тема, прочитајте тука: Симптоми на намален тестостерон и како да го подигнеме?
  • Гојазност – поголема веројатност од срцеви заболувања, но вишокот килограми претставува и индивидуален ризик-фактор за ЕД. Истражувањта покажуваат дека дури 80% од мажите со ЕД имаат проблеми и со тежината.
  • Алкохолизам – предизвикува проблеми со крвниот притисок, холестеролот итн.
  • Некакви физички повреди на пенисот

  • Канцер на простата – терапијата за ова заболување, може да води до ЕД.

    [Поврзано: ПРОСТАТА – што треба да знаете за ПСА тестот?]

  • Невролошки проблеми Алцхајмер, Паркинсон и слични заболувања.

  • Проблеми со бубрезите – бубрежните заболувања можат да предизвикаат хормонски промени, проблеми со циркулацијата и енергетското ниво. Овие промени силно влијаат на либидото. Дополнително, одредени терапии за бубрежни болести можат да придонесат за ЕД.

    [Поврзано: Лицата со дијабет треба посебно да внимаваат на своите бубрези! Зошто?]

 

Третман и превенција на ЕД

 

Постојат различни медикаменти кои можат да се користат за решавање на овој проблем (најчесто вијаграта), но тие се само привремени и можат да имаат доста несакани ефекти, посебно ако веќе имате некаква редовна терапија за друго заболување. Затоа, пред да користите вакви лекарстава, задолжително консултирајте се со лекар.

За превенција и трајно решавање на овој проблем најзначајни се промените во животниот стил. Впрочем тоа може лесно да се заклучи кога ќе се види што најчесто е коренот или причината која води кон еректилната дисфункција.

Што можете да направите за да превенирате ЕД или за суштински да си помогнете при овој проблем? Најзначајно е да ги усвоите здравите навики за живеење, кои значајно ќе придонесат и во превенирањето на сите хронични заболувања, помеѓу кои и оние директно поврзани со еректилната дисфункција.

Oсновните совети:

  • Одржувајте нормална телесна тежинавишокот килограми е ризик-фактор за срцеви, но и повеќе други хронични заболувања.
  • Бидете редовно физички активни

  • Имајте здрава, разновидна исхрана

[Поврзано: Физичка активност и срцеви заболувања]

Fibro Gel

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X