fbpx

Замастен црн дроб – зошто не треба да се игнорира и што да се направи?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Содржината на масти во црниот дроб до одредена граница се смета за нормална. Но, доколку концентрацијата на мастите во клетките на црниот дроб стане превисока, тоа може да биде знак за заболувањето наречено замастен црн дроб.

Замастувањето може да биде алкохолно или неалкохолно. Ваквата состојба е честа и за време на бременоста.

Црниот дроб е вториот најголем орган во телото и орган коj извршува над 500 значајни функции. Меѓу многуте функции, тој ги обработува хранливите материи од храната и пијалаците и ги филтрира потенцијално токсичните супстанции од крвта кои сме ги внеле преку храната или на друг начин.

"“Online”/

Симптоми на замастен црн дроб

Според податоците кои доаѓаат од САД, дури една третина од нивните жители некогаш имаат развиено замастување на црниот дроб (неалкохолно).

За жал, во голем дел од случаите оваа состојба останува асимптоматска. Најчестите симптоми, доколку се појават, се чувство на замор и непријатност како и одредени болки во погорниот десен дел на стомакот.

Посериозните компликации како цирозата пак, можат да имаат и посериозни симптоми. Ќе ги наведеме најчестите:

Fibro Gel

• губење на апетит и телесна тежина
• слабост, замор, поспаност
• пожолтена кожа и чешање
• стомачни болки

 

Најчести причини

Причината за замастениот црн дроб ја споменавме – преголеми концентрации на маснотии во клетките на црниот дроб. Но, медицинските експерти не знаат точно зошто под едни исти услови, кај некои луѓе ова се случува, а кај други не. Дополнително, не е доволно јасно зошто кај некои луѓе кои веќе развиле замастен дроб, воспалението води кон фиброза, па на крајот и кон цироза, а кај други не.

Како и да е, главните ризик фактори за развивање на замастен црн дроб се јасни:

• Зголемена телесна тежина и гојазност
• Инсулинска резистентност (состојба при која клетките слабо реагираат на инсулинот и не ја внесуваат глукозата)
• Високи вредности на глукоза во крвта, предијабет и дијабетес тип 2
• Високо ниво на триглицериди и холестерол во крвта

Останати помали ризик фактори:

• бременост
• пребрзо губење на телесната тежина
• некои видови на инфекции на црниот дроб, како хепатит Ц
• несакани дејства на некои медикаменти
• преголема изложеност на некои токсини
• генетски фактори

Дијагностицирањето на оваа состојба може да биде со физички преглед или со соодветно тестирање на крвта. За посериозните состојби може да се спроведе и биопсија.

Компликации

Преголемата содржина на маснотии во црниот дроб може да предизвика негово сериозно воспаление, што може да го оштети и да формира еден вид на лузни во него (фиброзни предели).

Посериозните случаи на замастен црн дроб кои не се третираат можат да доведат до цироза. Цирозата се јавува како одговор на константните оштетувања на црниот дроб од хроничната инфламација. Обидувајќи се да го запре воспалението, црниот дроб ги создава споменатите помали лузни (фиброзни предели), а со продолжена инфламација и вакви обиди на црниот дроб, фиброзните ткива стануваат се поприсутни и може да се развие цирозата.

Ако процесот на напредување на цирозата не биде запрен, тој може да води и кон:

• Насобирање на течност во пределот на абдоменот (асцит)
• Отоци на крвните садови на езофагусот, што може да води и кон крварења
• Чувство на збунетост, поспаност и нарушено говорење
• Рак на црниот дроб
• Откажување на црниот дроб (потреба од трансплантација)

Статистиката вели дека 5-12% од луѓето со неалкохолен замастен хепар (црн дроб), развиваат цироза.

Промените во исхраната и животниот стил – прва линија на терапија, но и превенција од замастениот црн дроб

Моментално, не постојат медикаменти со соодветно медицинско одобрение, односно нема лекови за директно третирање на замастениот црн дроб. Потребни се повеќе истражувања во областа за да се развијат соодветни лекови.

Значи, единствениот начин за борба против замастениот дроб се промените во стилот на живеење.

Советите на докторите најчесто се во насока на:

• ограничување или целосно исклучување на алкохолот
• намалување на телесната тежина
• соодветни промени во исхраната (нискокалорична храна без заситени и транс маснотии)
• редовна физичка активност
• доколку е веќе развиена цирозата, дополнително на овие совети можна е потреба и од операција и некои медикаменти

Според некои студии и витаминот Е може да помогне во третманот на замастен црн дроб. Сепак, за целосна потврда, потребни се повеќе истражувања. Постојат и ризици од преголемиот внес на витаминот Е.

Земањето на т.н. природни лекови секогаш треба да биде со претходна консултација со вашиот лекар, бидејќи можни се низа на несакани ефекти или компликации.

Исхрана за замастен црн дроб

Рековме првата одбранбена линија, но и третман е промената во начинот на живот. Исхраната е можеби клучниот дел, кога станува збор за ова заболување. Советите најчесто се движат следната насока:

Исхраната треба претежно да ви е растителна, овошки, зеленчук, мешунки и полнозрнаста храна. Храна богата со растителни влакна.

Ограничете го внесот на рафинирани шеќери, како што се разните слатки, белиот леб, белиот ориз, бели тестенини и други рафинирани продукти

Ограничете го внесот на заситени маснотии, особено од црвеното месо и другите животински продукти.

Внимавајте на транс мастите! Морате да ги исклучите од исхраната. Тие можат да бидат ,,скриени” во различната процесирана храна, како грицките на пример.

Целосно избегнувајте го алкохолот

• Внимавајте и со солта

• Најверојатно ќе имате потреба и од намалување на килограмите (најмалку 10% од телесната тежина ако сте гојазни). Така, веројатно ќе ви треба посебен режим на исхрана, но не диета! Можеби во почетокот режимот ќе треба да е построг, но тој треба да е во насока да обезбеди трајно усвојување на навиките.

 

Продукти кои може да помогнат

Продукти за кои постојат докази дека можат да помогнат при замастен црн дроб и треба да ги вклучите во исхраната:

◦ Кафе (може да придонесе за нормализација на некои ензими на црниот дроб)
◦ Тофу (добра замена за месото)
◦ Овесни оброци (добар извор на енергија)
◦ Ореви (извор на здрави маснотии)
◦ Сончогледово семе (извор на антиоксиданти, здрави маснотии и протеини)
◦ Маслиново масло
◦ Зелен чај (за помала апсорпција на масти)
◦ Лук (за помош при слабеење

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X