fbpx

Здрави навики за самопомош при мигрена?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Главоболките се дефинитивно еден од најчестите проблеми помеѓу населението (една од 10-те најчести причини поради кои пациентите одат на доктор). Од искуството, свесни сме дека речиси и да не постои човек кој барем неколку пати во животот не страдал од главоболки. Истото ова, го потврдуваат и релевантните здравствени институции, како СЗО.

Иако знаат да бидат навистина исцрпувачки, болни и непријатни, сепак поголемиот дел од главоболките успешно се третираат за само неколку часа, со едноставни аналгетски медикаменти и се сосем безопасни.

Но, кога станува збор за болки кои повторно и повторно се јавуваат или можеби се тука во поголемиот дел од денот, мораме да обратиме поголемо внимание. Можно е да се работи за некаква посериозна состојба/заболување. Повеќе на темата разликување на различните типови главоболки, прочитајте во една од нашите претходни статии: Главоболки, можни причини и превенција!

"“Online”/

Денес, нешто повеќе околу мигренозната главоболка и што е тоа што можеме да го промениме во начинот на живеење, за да си помогнеме.

Што е мигрена?

 

Мигрената е добро позната болест уште од антички времиња. Позната е под различни имиња, а ја опишал и  ,,таткото” на медицината Хипократ – нарушување на видот, болки во главата и повраќање, како главни симптоми. Зборот мигрена води потекло од зборот хемикарнија, што во слободен превод значи болка во страната на главата.

Новото време кое како по правило подразбира зголемен хроничен стрес, условува доста проблематични здравствени состојби, помеѓу кои една од најчестите е главоболката. Така, според статистиките, од повремени главоболки денес страда речиси 80% од популацијата, а помеѓу 15-20% од овие главоболки можат да се сметаат за мигренозни.
Во поголем ризик се жените (3 пати поголем) и луѓето што живеат во градските средини. Мигрената најчесто се јавува на возраст помеѓу 25 и 40 години. 90% од пациентите го доживуваат првиот мигренозен напад пред 40-тата година.

Fibro Gel

Мигрената е главоболка со доста карактеристични симптоми, па најчесто се дијагностицира во разговор со пациентот, без потреба од некакви посебни неврорадиолошки испитувања.

Карактеристични симптоми

 

Типичната мигрена се јавува во 4 фази: продромна, аура, главоболка и постдромна фаза.

Во продромната фаза, се јавуваат промени во распложението и апетитот, чувство на збунетост и зголемена потреба за слатка храна.

Разликуваме 2 типови на мигренa – со аура и без аура. Иако претходно се сметаа за доста слични состојби, новите истражувања укажуваат на огромни разлики помеѓу двата типа на мигренозни главоболки, не само во појавноста, туку и во можните последици.

Речиси ⅓ од пациентите со мигрена, искусуваат мигрена со аура. Најчестите симптоми на ваквата состојба се проблеми со видот, во смисла: различни одблесоци пред очите, светлина која пулсира, цик-цак светлосни линии, ситни точки и различни други форми кои светкаат, слики слични на скршено огледало и слично.

Можни се и: удвојување на сликата, трнење на одредени делови од лицето, јазикот, половината, вкочанетост во вратот, проблеми со рамнотежата, координацијата, говорот, па дури и делумна парализа на телото. Иако најчесто овие симптоми и претходат на самата главоболка, неретко тие се случуваат и по неа.

Симптомите на мигрена без аура обично се јавуваат кога се појавува типичната мигренозната болка и исчезнуваат со намалувањето на болките. Најчесто се работи за: гадење и мачнина, некогаш проследено и со повраќање, зголемена чувствителност на звук, светлина, мирис и на било каква најмала дразба, потење и слично.

Болките се дифузни, најчесто во пределот на слепочницата, а можат да започнат и во задниот дел на главата, емитирајќи болки долж вратот.

По главоболките, следува четвртата, постдромна фаза, во која пациентите се чувствуваат олеснето, но и исцрпено, а можни се и чувство на еуфорија и на поблаги главоболки во пределот каде што првично се јавила болката.

Многу често мигрената го ,,следи” менструалниот циклус на жените, па доста често се јавува пред или непосредно по почетокот на крварењето. Поретко се јавува во периодот на овулација, а може целосно да се изгуби по менопаузата. Заради овие причини, експертите сметаат дека хормоните имаат силно влијание врз ризикот од појава на мигрена. Како дополнителен фактор, често се споменува и генетскиот.

[Поврзано: Како исхраната може да помогне при PMS?]

Третман и превенција

Успешно третирање, но и превенирање на мигрената е од голема важност, бидејќи воедно таа претставува и најчестиот тип на главоболка со потенцијал да нè остави неспособни за извршување на секојдневните обврски. Дополнително, споменавме дека мигрената највеќе ја погодува популацијата од 25 до 40 години, односно работоспособното население, што ја прави и сериозен социоекономски проблем.

Мигренозните болки со послаб интензитет, најчесто се третираат само со аналгетици, а за оние попроблематичните болки, потребна е соодветна комуникација со лекар што ве следи.

Во продолжение, што е она што самите можеме да го направиме за олеснување и превенција на мигренозните болки?

Здрави навики за самопомош при мигрена

  1. Редовна физичка акивност

    Бидејќи самата физичка активност може да биде тригер или поттикнувач на мигренозни напади, повеќето пациенти ја избегнуваат. Сепак, имајќи предвид дека редовното вежбање има особено силно влијание на расположението и го намалува стресот (еден од главните ризик-фактори за мигрена), експертите укажуваат дека е добро да се практикува активност која не создава проблем и да се практикува со умереност.

    [Поврзано: Физичката активност и мозокот]

  2. Храна и пијалаци

    Одредени типови храна и пијалаци можат да поттикнат напади, па добро е да знае кои се тие. Најчесто (но треба да се има предвид дека проблемот е индивидуален), проблеми создаваат:

    – алкохол, особено вино
    – кофеински пијалаци (кафе, енергетски пијалаци, одредени чаеви итн.)
    – чоколадо
    – цитрусни овошки
    – различни видови сирења и различни млечни производи
    – различна препроцесирана храна
    – солена храна
    – храна богата со некои адитиви, како аспартам и мононатриум глутамат

  3. Контролирање на стресот

    Веројатно клучна работа за избегнување на нападите на мигрена и намалување на самиот нивен интензитет е наоѓањето на начин за трајно справување со хроничниот стрес. Ова е исто така доста индивидуална работа. Најчесто од помош се на пример вежбање јога, одредени техники за дишење итн. Повеќе на оваа тема: Како стресот го намалува имунитетот?

  4. Квалитетен сон

    Доволното и квалитетно спиење е витално за успешното справување со мигрената. Истражувањата покажуваат дека нарушените навики за спиење се силен ризик-фактор за зачестеноста и интензитетот на мигренозните напади.

    Луѓето што спијат помалку од 6 часа во текот на ноќта, се значително поподложни на главоболки. Сепак, треба да се спомене и дека претераното спиење може да биде тригер за мигрена.

    Затоа, обидете се да имате добра ,,хигена на сон”, односно ленувајте секоја вечер во отприлика исто време и спијте најмалку 7-8 часови.

    [Поврзано: Како да го подобрите сонот?]

  5. Доволна хидратација

    [Поврзано: Што се случува со нашето тело кога не пиеме доволно вода?]

 

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X

Витални
пензионери

12 неделна групна програма за здрав и активен живот за пензионери

990 ден.