fbpx

Здрав животен стил во бременост

tonus

Медицината на животен стил (Lifestyle medicine) одредува препораки за здрав живот во различни состојби, и патолошки и физиолошки.   Физиолошка состојба која бара особено внимание е периодот на бременоста. Организмот на мајката проаѓа низ значителни промени и тоа ја менува потребата од нутритивен аспект, но и од аспект на физичка активност и дополнителен внес на одредени минерали и витамини.   Кои состојби кај бременоста бараат уште поголемо внимание, од аспект на животен стил? – Премало или преголемо зголемување на телесната тежина; – Гестациски дијабет; – Ниско серумско железо; – Покачување на крвниот притисок; – Откривање на разни дефициенции во текот на бременоста.   Дополнително, важно е да се нагласи дека треба да се намали изложеноста кон токсини кои може да му наштетат на плодот. Различни видови на производи за лична нега, на пример, се извори на фталати кои можат значително да го нарушат развојот на детето.   Програмата за здрава бременост на д-р Митов е базирана врз сите релевантни медицински препораки и се повикува на медицината базирана на докази. Притоа, акцент се става на: исхраната, физичката активност, потребата од суплементи, менаџирање на стресот и хигиена на сонот, како и намалување на изложеноста од потенцијални токсини. Се’ што и треба на една здрава бременост. Лекуваме причини, не последици!   Телефон за контакт: 071588286

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор