fbpx

Здрав животен стил и детокс

Расчистете ги сите дилеми што е здраво, а што не. Живот со 100% здравје!

Во изминативе три децении имаше многу трендови и модерни диети. Почнувајќи од Аткинс, па Дајмонд, исхрана по крвни групи, генотипови, хроно, кето, безглутенски, високопротеински, со претежно масти… со два зборови: непроверени експерименти. Само еден начин на исхрана е докажан од науката, конзистентно се покажува како корисен кај различни видови болести и има се поширока примена, а тоа е Медитеранската исхрана.

Медитеранската исхрана, за разлика од сите модерни диети, не е измислена од поединец кој напишал книга, па медиумите ја напумпале приказната на глобално ниво и така се створил глобален тренд. Медитеранската исхрана е „измислена”  од нашите баби и дедовци, од нашите предци, кои низ долги векови искуствено и интуитивно утврдиле што е здраво да се јаде. И денес, нивнито искуство го потврди науката во голем број научни студии.

Медитеранската исхрана е сродна на нашиот начин на исхрана, макар и да не сме свесни за тоа. Впрочем, Вардар се влева токму во Медитеранот, а да не зборуваме колку километри воздушна линија се оддалечени од морето Струмица, Дојран или Битола. Тоа е нашето поднебје и со мали измени таа храна и нам најмногу ни одговара.

Но, не зборуваме само за начин на исхрана, туку за начин на живот!

Програмата за здрав животен стил и детокс ќе Ви помогне токму во тоа: старите навики да ги замените со нови, поздрави навики. За неколку недели, со вложен труд и под водство на д-р Митов, ќе можете да кажете со сигурност: јас живеам здраво!

X