fbpx

Здрав рецепт за ВАРЕН ЃЕВРЕК (ПОСНО)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Веројатно досега имате пробано варен ѓеврек, но дали сте се обиделе самите да го направите во домашни услови?

Ако немате пробано, денес ви го предлагаме нашиот интересен рецепт за здрави и вкусни ПОСНИ варени ѓевречиња, кои ќе можете едноставно да ги подготвите во вашата кујна!

Варените ѓевречиња се особено погодни за вкусен, хранлив оброк рано наутро, доручек кој можете да го подготвите за неколку денови однапред и лесно да го носите на работа, да им го спакувате на децата за на училиште, да го користите како закусна при патувањата итн.

"“Online”/

Ѓевречињата добро можат да се комбинираат со различни здрави, хранливи растителни намази, како хумус, намази од грав, тапенада од каламата маслинки, путер од кикирики, ајвар итн. Секако, веројатно најдобрата комбинација е со јогурт или свежо кисело млеко.

Вкусно, едноставно и крајно практично, едноставно морате да ги пробате!

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

(за отрпилика 5 помали ѓевречиња)

За тестото:

 

Како додаток:

  • 60g печен сусам, а можете да додадете и други семиња и кршени јаткасти плодови по желба
  • 1/2 голема лажица интегрално брашно
  • Околу 100ml маџун/концентриран сок од грозје/2 лажици јаворов сируп
  • 3 лажици кафен шеќер, а можете наместо тоа да употребите и мед во исто количество

    * Во самото тесто на ѓевречињата по желба можете да додавате и различни зачини, како на пример сув лук, оригано, босилок, потоа каламата маслинки и слично.

 

Начин на подготовка:

 

  1. Најпрво во подлабок сад комбинирајте половина од брашното и целиот квасец, добро промешајте, а потоа додајте ја и водата (50ml). Оставете 10-тина минути да се активира квасецот, а потоа додајте го остатокот од брашното, водата и солта, па промешајте повторно.
  2. Следно е замесувањето на тестото. Откако соодветно (да не биде ниту многу меко, ниту претврдо) ќе го замесите, оставете го тестото во длабокиот сад, покриен со крпа околу 1 час да стасува.
  3. Нараснатото тесто кратко замесете го во форма на змија, а потоа поделете го на 5 еднакви делови, кои потоа ќе ги обликувате во форма на ѓеврек по желба (на пример, во форма на плетенка-ѓеврек).
  4. Во еден длабок сад, на загреана плоча ставете го шеќерот и мешајте до негово карамелизирање. Потоа внимателно додадете 1 литар вода. Откако водата ќе почне да врие, додадете ги претходно подготвените ѓевреци (еден по еден). Варете ги околу 2 минути, без превртување. Добро е да работите побрзо, со цел подготвените ѓевречиња да не ви ,,стасаат” дополнително, со што ќе ви го отежнат работењето понатаму.
  5. Подгответе еден подлабок сад во кој ќе го растворите маџунот/јаворовиот сируп во 250ml млака вода, додавајќи 1 голема лажица брашно. Измешајте ја добро смесата. Накратко потопете ги варените ѓевреци во сосот, а потоа извалкајте ги во претходно испечениот сусам поставен на една поголема плитка чинија. Ако користите додатни семиња и јатки, додадете ги и нив заедно во чинијата со печениот сусам.
  6. Вака подготвените ѓевреци ставете ги на една тава за печење обложена со хартија за печење и печете на 200 степени, околу 30 минути.

 

  • Овој рецепт прави околу 5 ѓевречиња. Ако сакате да направите повеќе, дуплирајте ги дозите.

Нутритивна вредност:

(на еден ѓеврек)

Fibro Gel

Калории: 270, Јаглехидрати: 40g од кои растителни влакна: 6,5g и шеќери: 10g; Протеини: 8,5g, Масти: 8g од кои заситени масти близу 1g, Витамин Б1: 0,4mg; Витамин Б3: 3mg; Витамин Б6: 0,3mg;; Витамин Е: 0,5mg ; Бакар: 0,2mg; Калиум: 220mg; Цинк: 2,2mg; Фосфор: 250mg Магнезиум: 100mg; Железо: 2,5mg; Манган: 2,2mg; Селен: 32mcg

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор