fbpx

Земате ТАМОКСИФЕН? Прочитајте…

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Тамоксифенот е еден од најзначајните лекови кај ракот на дојка. Кај видовите зависни од хормони, тамоксифенот може да го намали ризикот од враќање на болеста и до 50%. Своето дејство го исполнува преку блокирање на дејството на хормонот естроген. Важно е да се знае дека тамоксифенот може да има ослабено дејство ако се земаат други лекови истовремено. И затоа мора особено да се внимава кои други лекови се земаат при терапија со тамоксифен. Главното внимание се посветува на АНТИДЕПРЕСИВИТЕ. Имено, тамоксифенот станува активен само откако ќе се претвори во ендоксифен во нашето тело. Тоа го прави еден ензим кој истовремено го „трошат” и антидепресивите, ако ги примаме во исто време. И со тоа се ослабува дејството на тамоксифенот. Силен негативен ефект имаат: пaроксетин, флуоксетин. Зголемуваат ризик: сертралин, бупропион. Помал ризик: циталопрам и есциталопрам. Најдобар избор: венлафаксин. Депресијата често го придружува ракот на дојка и затоа е важно да се даде терапија која нема да го намалува ефектот на хормоналната терапија. Иако беа објавени и студии чии резултати укажуваат во друг правец, сепак се чини дека побезбедна одлука е да се одбегнуваат наведените лекови во исто време со тамоксифен.   Литература: • Haque, R., Shi, J., Schottinger, J. et al. Tamoxifen and Antidepressant Drug Interaction in a Cohort of 16,887 Breast Cancer Survivors. Journal of the National Cancer Institute. 2015. 108(3):djv337. • Juurlink, D. Revisiting the Drug Interaction Between Tamoxifen and SSRI Antidepressants. British Medical Journal. 2016. 354:i5309. • Li, J., Godecke, T., Chen, S. et al. In Vitro Metabolic Interactions Between Black Cohosh (Cimicifuga Racemosa) and Tamoxifen Via Inhibition of Cytochromes P450 2D6 and 3A4. Xenobiotica. 2011 Aug 9. (Epub ahead of print).

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X