fbpx

Зејтинагли пираса – Турски рецепт за праз!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Турската кујна се заснова на сезонски производи и нуди јадења кои се вкусни, здрави и лесни за готвење. Таа е Медитеранска кујна, која е особено блиска до нашата, традиционална македонска.

Праз, морков и ориз готвени во маслиново масло (Зејтинагли пираса)

Едно типично јадење е и овој рецепт со праз, моркови и ориз, готвени во ладно цедено маслиново масло, на турски познат како специјалитет со името Zeytinyağlı Pırasa. Празот, има антиоксидантни својства, припаѓа на семејството кромиди и е зимски зеленчук. Се вбројува помеѓу зеленчуците што помагаат за одржување на здрава дигестија поради својата богата структура на растителни влакна. Морковите, исто така спаѓаат во групата на особено здрава, нутритивно сконцентрирана свежа храна.

[Поврзано: Очите се само МАЛ ДЕЛ од придобивките на МОРКОВИТЕ!]

"“Online”/

Многу повеќе околу бројните причини зошто треба максимално да ја искористиме сезоната на празот и сите негови корисни ефекти, прочитајте на следниот линк: ПРАЗ – уште кратко ќе ги има!

[Поврзано: 2 вкусни РЕЦЕПТИ со праз!]

Полнозрнеста храна – основа на она што значи здрава исхрана


Полнозрнестите житарки и прехранбените производи кои се добиваат од нив, треба да ни бидат основа во исхраната. Тоа важи и за интегралниот ориз. Тој е особено богат со квалитетни, сложени јаглехидрати, бројни минерали и витамини, но и големи концентрации на растителни влакна што е многу значајно.

Fibro Gel

Повеќе на тема бел наспроти кафен ориз, прочитајте со кликнување тука.

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

●       4 супени лажици маслиново масло

●       500g свеж праз, измиен и исечен дијагонално на парчиња со средна големина

●       1 среден кромид, ситно исецкан

●       2 средни моркови, исецкани на тенки тркалца

●       2 супени лажици интегрален ориз со долго зрно, добро измиен и исцеден

●       240ml (нешто повеќе од 1 чаша) топла вода или растителен бујон

●       1 кафена лажичка морска сол

●       1 кафена лажичка кафен шеќер

●       сок од 1 лимон


Начин на подготовка:

  1.  Во широка, тешка тава, на тиков оган загрејте го маслиновото масло и гответе ги кромидот и морковот околу 5 минути. Додадете го празот и мешајте повремено, внимавајќи да не загори. Кога зеленчукот ќе почне да омекнува, додадете ги двете лажици ориз, топлата вода или бујонот, сокот од лимон, солта и шеќерот.
  2. Покријте го тенџерето со капак и варете го зеленчукот на тивок оган околу 20 минути,  или барем додека не омекнат оризот и зеленчукот и се апсорбира целата течност. Избегнувајте силно мешање.
  3. Тргнете го зеленчукот од оган, покријте го со чиста кујнска крпа или парче кујнска хартија и отстранете го капакот. Ова ќе помогне да се апсорбира вишокот на влага. Оставете го настрана да се олади. Оставете го зеленчукот да отстои малку повеќе од вообичаено за да можат сите вкусови да се измешаат едни со други.
  4. Откако добро ќе се излади, служете го зеленчукот и посипете го со сецкан копар или свеж магдонос, ако сакате. Сервирајте со лимонови резанки и топло пита лепче.
  • Овој рецепт прави 4 – 6 порции, во зависност од големината на порциите.
  • Совет: препораката за традиционалниот рецепт вели дека вкусот на овој специјалитет е подобар наредниот ден. За да го постигнете тоа, едноставното згответе го ова јадење ден претходно, почекајте го добро да се излади, па оставете го во фрижидер преку ноќ во покриен сад и загрејте го следниот ден.

Нутритивна вредност:
(на 1 порција)

Fibro Gel

Калории: 185 Јаглехидрати: 18.5g од кои растителни влакна: 4.5g и шеќери: 6g;  Протеини: 2g; Масти: 13g од кои заситени масти: 1.8g; Витамин A: 6211 IU; Витамин К: 43µg; Манган: 0.5mg;

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X