fbpx

Зошто високата интелигенција може да ви биде проблем?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Eдна студија, објавена пред 3 години во престижното списание Intelligence, вели дека високо интелигентните луѓе имаат значително зголемен ризик од психолошки проблеми.

"“Online”/


Лидерката на истражувачкиот тим, Рут Карпински, вели дека она што го откриле во истражувањата е релевантно, бидејќи значаен дел од испитаниците секојдневно страдаат како резултат на нивната преголема емотивна, но и физичка ,,стимулираност”. Таа вели дека е многу важно науката да обрне поголемо внимание на IQ (коефициентот на интелигенција), како многу важен, а често и централен фактор во системот или механизмот кој води кон споменатата престимулираност (преголема емотивна и физичка надразнетост).


Интелигентните луѓе често ,,пребурно” реагираат

Карпински и нејзините колеги, развиле т.н. hyper brain/ hyper body теорија на интеграција. Според оваа теорија, поединците со високи когнитивни способности, односно висок IQ, реагираат со многу побурен и поемотивен одговор на дадени ситуации од средината. Поради нивната зголемена свесност за опкружувањето, тие имаат склоност кон хронична хиперактивност на централниот нервен систем.

И мала непријатност, како што е на пример некој неприроден звук или некоја друга помала дразба од средината, може да делува како ,,тригер” или поттикнувач за одредено ниско ниво на хроничен стрес. Ова го преставува делот од теоријата наречен ,,хипер-мозок”. Хипер мозокот, односно состојбата на низок, но хроничен стрес, потоа го стимулира и симпатичкиот нервен систем (делот ,,хипер-тело”).

Кога симпатичкиот нервен систем ќе стане хронично активиран, тој влегува во постојана состојба или заштититен механизам на телото наречен ,,бори се или бегај”. Ваквата ситуација пак, поттикнува низа на промени во имуниот систем.

Механизмот ,,бори се или бегаj” во нормални услови е поттикнат од акутниот (моменталниот) стрес, кој е всушност корисен, на пример во ситуации кога не брка некаков предатор. Јасно е неговото еволутивно потекло, но во модерното време, тој ни создава повеќе проблеми, бидејќи неретко преминува во хроничен (постојан) стрес.

Fibro Gel

Теоријата била поставена на тест (студија)



За да ја тестираат нивна теорија, Карпински и колегите спровеле студија во која анкетирале 3.715 Американци со IQ резултат над 130. Од сите испитаници било побарано самите да наведат лични искуства од нивните дијагностицирани или сомнителни психолошки нарушувања (доколку ги имаат) како: анксиозност, ADHD или синдром на недостиг на внимание со хиперактивност, некои заболувања од спектарот на аутизам и различни други психолошки заболувања во комбинација со автоимуни, но и средински или алергии на храна и астма.

Потоа, тимот истражувачи ги споредил добиените податоци со статистичкиот просек на овие заболувања, на национално ниво.

Кој бил заклучокот?

Според Карпински и колегите, ако интелигенцијата не е фактор за овие заболувања и состојби, би добиле исти вредности за застапеноста на овие заболувања, помеѓу двете групи: општата популација на национално ниво и испитаниците со над 130 IQ тестови.

Но, резултатите го покажуваат токму спротивното. Имено, се покажало дека испитаниците со IQ над 130, имаат значително поголем ризик од развој на набројаните заболувања.

На пример, околу 10% од популацијата на САД е дијагностицирана со анксиозност, споредено со 20% од испитаниците со IQ над 130.

Резултатите не се така очекувани

Ваквите резултати се до некаде изненадување, имајќи предвид дека претходните студии го кажуваа токму спротивното. Во нив, високата интелигенција се покажала како заштитен фактор во однос на повеќе заболувања, вклучително: кардиоваскуларните, болестите поврзани со пушење, респираторните заболувања и деменцијата. Но сепак, овие заболувања не потекнуваат од дисрегулација или нарушување на имуниот систем.

Краток заклучок

,,Знаеме дека повеќето од заболувањата кои ги испитувала студијата, за да се манифестираат, мора да има комбинација од влијанија и од генетика и од околни фактори.” – вели Карпински и додава- ,,Резулатите од студијата ја поддржуваат нашата терорија ,,хипер-мозок/ хипер-тело” и можат да бидат од особена корист за идни истражувања на тематиката.”

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X