fbpx

Зошто кај дијабет е неопходна РЕДОВНА грижа за очите?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Diabetes mellitus е хронично заболување кое е причинето од абномалните нивоа на шеќер во крвта. Овие абнормалности се предизвикани заради тоа што телото не може да создаде доволно инсулин или заради неможноста веќе создадениот инсулин да се искористи соодветно.

Статистиките во однос на ова заболување се загрижувачки. Бројот на заболени секојдневно вртоглаво расте, во светски рамки, но и кај нас во Македонија.

Пред сè, ова се должи на лошите животни навики за исхрана и физичката неактивност. Во претходните статии зборувавме општо околу дијабетот, кои видови постојат, како рано да го препознаете, како правилно да се грижите за стапалата, кои луѓе се во посебен ризик и кои се начините за негово превенирање и природно контролирање. Денес, нешто повеќе околу проблемите со очите кои често се јавуваат кај пациентите со дијабет. На кој начин дијабетот влијае на здравјето на очите? Што можете да направите во врска со тоа и кога треба да побарате медицинска помош?

"“Online”/

Дијабетот и здравјето на очите

Со текот на времето, дијабетот може да доведе и до оштетувања на очите кои пак водат до нарушен вид, па дури некогаш и до целосно слепило. Болестите на очите кои се поврзани со дијабетесот главно се дијабетична ретинопатија, катаракта и глауком.

Важно е да се знае дека дијабетичарите можат да ги превенираат споменатите заболувања или нивниот развој со правилна грижа и следење на дијабетот.

Најдобрите начини да го контролирате дијабетот и да го зачувате здравјето на очите се:

Fibro Gel

Редовно да го следите нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок и холестеролот.

• Ако сте пушач, да ги откажете цигарите.

• Да имате детален преглед на очите барем еднаш годишно.

За жал, кога при самиот почеток на очните заболувања поттикнати од дијабетот, не се појавуваат никакви симптоми. Заради овие причини, редовните прегледи се од особена важност.


На кој начин дијабетот може да влијае на очите

Дијабетот влијае на здравјето на очите преку високите нивоа на глукоза во крвта.

На краток рок, мала е веројатноста за губење на видот поради високиот шеќер. Обично, дијабетичарите имаат замаглен вид неколку денови или недели во периодите кога го менуваат планот на исхрана или терапијата. Високото ниво на глукоза во крвта може да влијае на нивото на флуидите или да предизвика отоци во очното ткиво. Така, фокусирањето е отежнато, па видот се замаглува. За среќа, овој ефект се губи со нормализирањето на шеќерните нивоа.

Но, ако глукозните нивоа останат високи подолг период, може да дојде до оштетување на малите крвни задови во задниот дел на очите. Ваквите оштетувања можат да започнат и во предијабетичниот период, кога шеќерните нивоа се високи, но не доволно за да се дијагностицира дијабет. Споменатите оштетувања предизвикуваат истекување на течностите, отоци и ослабување на крвните садови, што пак води кон крварења во средниот дел на окото, зголемен очен притисок и зголемен ризик од различни оштетувања на очното ткиво.

Дијабетична ретинопатија

Ретината или мрежницата е внатрешната опна на очното јаболко која ги прима светлосните дразби. Таа ги ,,претвора” светлосните зраци во сигнали и преку очниот нерв ги праќа кон мозокот, кој ги декодира и нѝ овозможува да создадеме слика за она што нè опкружува. Оштетувањето на крвните садови кое претходно го споменавме, предизвикува оштетувања и на мрежницата – дијабетична ретинопатија.

Во подоцнежните фази од ова заболување, можни се сериозни проблеми со видот.

Дури една третина од дијабетичарите постари од 40 години, имаат индикации за дијабетична ретинопатја. Оваа дијагноза е причинител број еден за слепило кај дијабетичарите. Навременото дијагностицирање го намалува ризикот од целосно слепило за дури 95%!

Глауком

Глауком подразбира група на очни заболувања кои го оштетуваат очниот нерв – врската помеѓу очите и мозокот. За жал, дијабетот ги дуплира шансите од развивање на оваа дијагноза. Ако навремено не се третира, глаукомот може да создаде посериозни проблеми, па дури и целосно губење на видот.

Катаракта

Леќите на очите се чисти структури кои овозможуваат соодветна острина на видот, но за жал нивната цврстина слабее со текот на времето. Како и кај глаукомот, дијабетичарите имаат дупло поголем ризик од развој на катаракта. Ескпертите сметаат дека ова е причинето од глукозните депозити кои можат да се собираат во леќите.

Ризик од очни заболувања

Секој дијабетичар има зголемен ризик од споменатите заболувања, но во особено поголем ризик се:

• оние кои не внимаваат доволно на глукозните нивоа (не ги следат и контролираат)
• оние кои имаа и висок крвен притисок на кој не му обрнуваат доволно внимание
• дијабетичари кои пушат
• бремени жени со дијагностициран дијабет
• долгогодишни дијабетичари

Кои се можните симптоми?

Како што веќе споменавме, за жал на почетокот од развојот на очните заболувања поврзани со дијабет, нема симптоми – нема никакви болки или промени во видот, особено во почетокот на дијабетичната ретинопатија.

Кога ќе се појават во подоцнежната фаза, симптомите можат да бидат следни:

▫ замаглен вид
▫ чести промени во видот, некогаш и од ден на ден
▫ затемнети делови или целосно слепило
▫ лошо разликување на боите
▫ црни точки во видното поле
▫ блесоци на светлина

Ако забележите некои од наведените симптоми, веднаш јавете се кај вашиот лекар.

На прегледите, очните лекари преку различни тестови и мерење на очниот притисок ја утврдуваат состојбата на очите. За пациентите со дијабет се препорачува најмалку еднаш во годината да имаат рутински, превентивен преглед и без да имаат било какви симптоми.

Трудниците со дијабет, треба да имаат очен преглед во првите 3 месеци од бременоста, а во консултации со офталмологот се утврдува понатамошната динамика на прегледите.

Достапни третмани за очните болести поврзани со дијабет

Ако веќе имате очни болести во подоцнежна фаза, достапните третмани се: различни типови медикаменти, ласерски терапии, операции или комбинации од сите наведени.

Што можете самите да направите за да ги заштите очите?

За да ги спречите очните болести кои се поверојатни ако сте дијабетичари, потребно е соодветно да ја контролирате болеста: секако, постојано да го имате предвид нивото на шеќер, постојано да го следните крвниот притисок, почесто да правите крвни тестови за контролирање на липидниот профил (холестерол и масти), да не пушите и сето останато што се подразбира под соодветно контролирање на дијабетот.

Веќе неколку пати ја споменавме значајноста на редовните прегледи кај офатлмолог – барем еднаш годишно. На овој начин, значително ќе ја намалите опасноста од очните заболувања и посериозните проблеми кои можат да следуваат од нив.

Ако веќе имате некакви очни проблеми во поодмината фаза, не треба да губите надеж. Професионалците офталмолози, можат да ви помогнат да го контролирате нарушениот вид преку соодветни очила, леќи, медикаменти или операции. Дури и ако ваквите процедури и помагала не можат да помогнат, постојат специјални уреди и тренинзи за очите кои можат да бидат од значителна помош во подобрувањето на квалитетот на животот.

Поврзани теми:

Fibro Gel

Исхрана за здрави очи
8 извонредно важни тестови кај ДИЈАБЕТЕС
Кои се раните симптоми на дијабет?
Дијабет – Како да се грижите за вашите стапала и зошто е тоа толку важно?
Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта
Што секој од нас треба да знае за ДИЈАБЕТЕС?
Инсулинска резистентност

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X