fbpx

Зошто треба максимално да го искористиме периодот на МУШМУЛИТЕ?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Како што времето заладува, сè помалку свежи плодови можат да се најдат низ дрвјата. Сепак, ова не важи за една специфична овошка – мушмулата.

Мушмулите (Mespilus germanica) се плодовите на цветните растенија од семејството Rosaceae. Тие, најпрво се одледувале на блискиот и далечниот исток, а со текот на времето се пренесени и во Европа, па така и кај нас во Македонија.

Ниските дрвја на мушмулата се одгледуваат заради плодовите, но и како декоративни цветни дрвја кои цветаат во доцна пролет или со почетокот на лето. Овошките кои ги даваат (темно кафени, меки, кремасти мушмули) се јадат во својата презреана форма, кога се и највкусни, бидејќи помалку ја ,,собираат устата”. Мушмулите треба да се остават да презреат на самото дрво или со подолго чување од неколку недели во добро проветрен простор. Се препорачува да се оберат дури кога ќе паднат сите лисја од растението.

"“Online”/

Зелените мушмули некои луѓе ги користат и за приготвување на ароматичен и здрав чај, а зрелите мушмули се погодни за правење различни џемови и мармалади, поради присуството на шеќери заедно со пектинските материи.

Извонредна хранлива вредност

Мушмулите се свежа храна со извонреден нутритивен профил.

Во 100g мушмули се содржат: 88 калории (24g јаглехидрати од кои 1,5g фибер и околу 15g шеќери), 0,5g протеини и незначителни количества масти.

Кога станува збор за микронутритивниот состав, мушмулите во истото количество ни обезбедуваат:

  • 15% од Дневните Потреби за железо
  • 5% од ДП за витаминот Б1
  • 4,1% од ДП за калциум
  • 2,3% од ДП за витаминот Б2
  • 7% од ДП за калиум
  • 18% од ДП за бакар

 

Во нешто помали количества, мушмулите содржат и повеќе витамини од Б групата, витамин А, витамин Ц, селен, магнезиум, фосфор, манган итн.

Покрај ова, мушмулите претставуваат и силно антиоксидативно средство, пред сè поради присуството на бројни полифенолни антиоксидатни, како галната киселина, потоа танинските материи, а содржат и пектински материи. Витамините А и Ц, но и минералот селен. исто така поседуваат вакви антиоксидативни својства.

Споменатите фитохемикалии им овозможуваат на мушмулите во организмот да делуваат како сузбивачи на процесите на хронично воспаление, допринесувајќи на тој начин кон превенцијата од бројни чести хронични заболувања.

[Поврзано: ПЕКТИНИ – што се, каде да ги најдеме и ЗОШТО?]


Одлична храна за сузбивање на анемијата

Мушмулата е една од најконцентрираните свежи производи со микронутриентот железо.

Овој т.н. ,,минерал во трагови” е клучен за повеќе аспекти од здравјето, на пример за правилната функција на бројни важни ензими во организмот, за синтезата на хемоглобинот (молекулата која го пренесува кислородот), клучна компонента на крвта итн.

При недостаток од овој минерал, што е доста често помеѓу населението, се јавуваат различни облици на слабокрвност или анемии – состојба при која телото нема доволно еритроцити (црвени крвни клетки). Многу повеќе на темата, прочитајте на следниот линк: Кои се најдобрите извори на ЖЕЛЕЗО во исхраната?

Во најголем ризик од слабокрвност се лицата со лоша исхрана и жените кои губат обилни количества крв при редовните периоди.

[Поврзано: 7 најчести причини за нередовен циклус]

Други корисни ефект поврзани со богатиот ,,железен” состав на мушмулите:

  • Поуспешна борба со несоницата – истражувањата покажуваат дека намаленото железо во крвта може да придонесе за развивање на синдромот на немирни нозе.
  • Подобар имун одговор
  • Намалено чувство на замор
  • Подобро здравје на мозокот
  • Подобра функција на мускулите

 

Подобро кардиоваскуларно здравје

 

Редовното консумирање мушмули може да допринесе за подобро здравје на срцето, заради својот извонреден нутритивен профил – витамини, минерали, растителни влакна и антиоксидативни материи.

Калиумот и магнезиумот, со кои е богата мушмулата, претставуваат есенцијални минерали за добро регулирање на крвниот притисок и за оптимално здравје на крвните садови. Дополнително, бакарот се поврзува со намалените нивоа на холестерол во крвта, но и со намалување на крвниот притисок.

Каротеноидите и фенолните компоненти можат исто така да го заштитат срцето, преку намалувањето на микро инфламацијата во крвните садови и превенцијата од оштетување на различните клетки на организмот.

 

Каротеноидните антиоксиданти имаат докажан антиинфламаторен ефект кој превенира од насобирање на масни и минерални наслаги во артериите, што е помеѓу главните причини за смртноста од срцеви болести – срцев и мозочен удар.

Антиоксидантите дејствуваат:

  • на намалувањето на хроничниот процес на воспаление во телото (ризик фактор за многу заболувања, па и срцеви), потоа
  • на намалување на вкупниот холестерол, и на крајот
  • на намалување на високиот крвен притисок како еден од главните
    фактори за кардиоваскуларните заболувања.

 

Храна добра за дигестијата и погодна за процесот на слабеење

 

Како нутритивно сконцентрирана храна, мушмулите содржат висок процент растителни влакна и вода (74%), но имаат и релативно ниска калориска вредност. Наведените факти ја прават оваа храна со специфични вкусови карактериски особено погодна за слабеење. Освен што практично не можете да претерате со неа, таа ќе ви обезбеди и сите претходно наведени микронутриенти и антиоксидативни компоненти кои поседуваат најразлични корисни дејства врз орагнизмот.

Растителните влакна студиите ги поврзуваат со побрзото и поуспешно слабеење.

Ова е случај заради тоа што го намалуваат гликемискиот индекс на храната и ја врзуваат водата во стомакот, со што се промовира ситост. Тие се храна за корисната цревна микрофлора, од чиј баланс зависи и целокупното здравје. Ова би значело дека мушмулите се погодна храна и за лицата со дијабет, а некои истражувања ги поврзуваат нивните антиоксидативни компоненти и со одредени антидијабетични својства.

Растителните влакна помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје- констипацијата или запекот. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

Поради одличната концентрација на бакар, мушмулата допринесува за:

  • Подобар имун одговор
  • Намален ризик од остеопороза
  • Подобра продукција на колаген
  • Подобро здравје на нервните клетки


Традиционалната медицина ги употребува мушмулите и за:

Fibro Gel

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X