fbpx

Зошто физичката активност е најмоќниот антиоксиданс?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Во секој момент во организмот се одвиваат огромен број на метаболитички процеси преку кои храната се претвора во енергија. Во овие процеси, како ,,нус“ продукти или наречени уште и метаболитички отпад, се создаваат молекулите на слободните радикали.

 

Кога овие радикали се во некои нормални граници, не претставуваат опасност за организмот, па дури можат да бидат и корисни на некој начин. Сепак, кога во клетките се создаваат во поголеми количества, тие можат да создадат поголеми проблеми во метаболитичките процеси.

 

За да се справат со овие потенцијални негативни дејства, клетките создаваат т.н. ловци на радикалите, наречени уште и антиоксидативни материи. Суштинската улога антиоксидантите е неутрализирање на деструктивните карактеристики на слободните радикали. Антиоксидантите ги внесуваме и преку исхраната, генерално од свежата храна.

"“Online”/

 

Логично е да се заклучи дека при забрзувањето на метаболизмот, би се зголемило и продуцирањето на метаболитички отпад, односно слободни радикали. Физичката активност или вежбањето е еден од метаболитичките забрзувачи. Така, физички активните луѓе постојано го поставуваат прашањето: Дали физичката активност создава  потреба од поголем антиоксидативен внес и/или антиоксидантивна суплементација? 

Во продолжение, ќе се обидеме да дадеме одговор на ова прашање.

 

Што се слободните радикали? 

Хемиско гледано, слободните радикали се силни оксидативни средства кои во своите орбитали имаат неспарени електрони. Ова всушност значи дека тие се силно нестабилни и реактивни соединенија кои имаат тенденција да реагираат со молекулите во нивната околина, со цел остварување на стабилност.

Fibro Gel

Тие се создаваат како нуспродукти при процесот на создавање на енергија за клетката, односно при митохондријалната респирација (клеточно дишење). Постојат неколку различни типови на слободни радикали:

• хидроксил радикал
• супероксид радикал
• азотно-оксиден радикал
• липид пероксил радикал итн.

Ваквите радикали можат да се внесат во организмот и преку пушењето, загадениот воздух, пестицидите, индустриските растворувачи, а можат да се создадат и под дејство на радијацијата, UV зрачењето и одредени опијати.

Во намерата да се стабилизираат, ваквите молекули се ,,прикачуваат” за околните молекуларни структури, кои можат да бидат од различно значење за организмот. Овие врзувања веднаш генерираат и нови слободни радикали, создавајќи на тој начин верижни реакции кои водат до клеточни оштетувања, оштетувања на ДНК и разградувања на клеточните протеини. Ваквите процеси на долг рок водат кон хронични воспалителни процеси во организмот кои пак се главниот ризик-фактор за повеќето хронични заболувања.

Сепак, не сите слободни радикали се штетни. Одредени типови од овие молекули му помагаат на имунитетот во справувањето со патогените, инфективни микроорганизми (бактерии или вируси). Понатаму ќе видиме и други позитивни дејства.

Што се антиоксидантите?


Негативните дејства на слободните радикали се поврзуваат со кардиоваскуларните и малигните заболувања, артритисот, со забрзаниот процес на стареење итн.

Како што веќе рековме, антиоксидантите се т.н. ловци, односно неутрализатори на слободните радикали. Всушност, ваквото неутрализирачко дејство го остваруваат преку донирањето на електрони на слободните радикали. Така, претходно силно реактивните молекули, веќе ја немаат таа ,,моќ” да реагираат и да ги оштетуваат молекулите во нивната околина – стануваат стабилни молекули.

Антиоксидантите се многу стабилни молекули кои во одредена мера се синтетизираат во организмот (глутатион, убикинол, урична киселина, одредени ензими итн.), но треба да ги внесуваме и преку здравата исхрана.

Во периодот на детството, телото продуцира највеќе антиоксидатни, а нивните нивоа опаѓаат со текот на стареењето, па на тој начин растат и потребите за нивно поголемо внесување преку исхраната.

Најдобро познатите антиоксиданти се витаминот Е, витаминот Ц и каротеноидите. Витаминот Е е важен маснорастворлив антиоксидант во клеточните мембрани. Витаминот Ц е водорастворлив антиоксидант, а бета-каротенот е главниот антиоксидант-прекурсор за создавање на витамин А во организмот. Доколку не постои баланс помеѓу создадените количества слободни радикали и присутните антиоксиданти, започнуваат процеси познати под името ,,оксидативен стрес”. Ваквите процеси се причинители на различни клеточни, ткивни, па и органски оштетувања.

Физичката активност и антиоксидантите


За време на аеробните (кардио) вежби, потребите за кислород растат експоненцијално. Сосема очекувано, ова води кон побрз метаболизам и поголемо создавање на слободни радикали. Се наметнува прашањето: Дали оваа зголемена продукција на радикали во текот на физичката активност го ,,преоптеретува” антиоксидативниот капацитет на организмот?

Истражувањата покажуваат дека зголеменото количество на слободни радикали при физичката активност ќе предизвика негативни дејства само ако активноста е премногу исцрпувачка. Дополнително, постојат податоци според кои слободните радикали имаат важна улога во она што се подразбира под адаптација на организмот на физичката активност.

Едно истражување покажува дека не само што овие радикали не предизвикуваат штета, туку напротив, можат да ја зголемат инсулинската сензитивност, што е многу значајно во превенцијата од дијабет тип 2.

Инсулинот е хормон кој се излачува од панкреасот и ги поттикнува мускулните и ткивата на црниот дроб да ,,земаат” повеќе глукоза од крвта и да ја складираат за енергија (црниот дроб и мускулите можат да ја складираат глукозата во форма на резервен шеќер – гликоген). Овој процес го намалува и стабилизира нивото на шеќер во крвта.

Зголемената инсулинска сензитивност значи зголемена способност на споменатите ткива да примаат глукоза и на тој начин се овозможува превенција од развој дијабет тип 2. Се смета дека слободните радикали продуцирани по умерената физичка активност, поттикнуваат експресија на одредени специфични гени поврзани со подобрувањето на инсулинската сензитивност.

Физичката активност секако е одличен начин за подобрување на инсулинската сензитивност.

Претходно споменатото истражување вели дека суплементирањето со антиоксиданти може да наруши или блокира многу корисни ефекти на физичката активност, како подобрената инсулинска сензитивност и подобрената адаптибилност.

Дали антиоксидативните суплементи ќе ви помогнат за подобар перформас при вежбите?

Најчестите антиоксидативни суплементи се претходно споменатите 3 витамина: Ц, Е и А, но постојат и други – селен, глутатион итн.

Често во рекламирањето на овие суплементи се вели дека тие ќе ви го подобрат перформансот, па ќе бидете подобри, побрзи и поиздржливи. Сепак, постоечките истражувања заклучуваат дека за утврдување на споменатите позитивни ефекти се потребни доста истражувања, кои ќе бидат спроведени со следење на суплементирањето на подолг рок.

Авторите на една студија заклучуваат дека има недостаток од податоци кои би укажале дека спортистите и оние кои се редовно физички активни, имаат некаков бенефит или потреба од земањето антиоксидативни суплементи.

Од истражувањето кое го споменавме малку погоре, видовме дека суплементите можат да имаат дури и негативен ефект.

Неколку важни фактори зошто антиоксидативната суплементација не се препорачува кај сите физички активни луѓе:

◦ Не постојат докази дека физички активните луѓе имаат потреба од дополнителен внес (над препорачаните количества за сите луѓе) на антиоксидативни материи.

◦ Не постојат никакви докази дека антиоксидантите имаат позитивен ефект во периодите на опоравување по вежбањето.

◦ Постојат многу слаби докази дека дополнителниот внес на антиоксиданти ќе допринесе за подобар спортски перформанс.

◦ Постојат сé повеќе податоци според кои антиоксидативното суплементирање може да ја намали адаптацијата на телото на физичката активност (физиолошкиот одговор на телото при вежбање).

Што е заклучокот? Дали вежбањето е всушност најдобриот антиоксидативен суплемент?


Дополнителната продукција на радикали при физичка активност не го преоптоварува антиоксидатвниот капацитет на организмот.

Телото поседува капацитет да се справи со дополнителните слободни радикали, преку синтезата на антиоксиданти и антиоксидативни ензими (како глутатион пероксидазата и супероксид дисмутазата), но и преку правилната исхрана богата со антиоксиданти.

Важно е да се каже дека антиоксидантите од исхраната можат само еднократно да се искористат. За разлика од нив, антиоксидативните ензими кои се синтетизираат во организмот, можат да се користат постојано, а нивните концентрации се зголемуваат за време на тренингот.

Што подолга активност, тоа повеќе антиоксидативни ензими и подобра заштита, незавнисно од антиоксидативниот внес.

 

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X