fbpx

Имаме среќа да живееме во земја каде растат КАЛИНКИ!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Помеѓу другата свежа, здрава храна, раната есен е препознатлива по своите сочни калинки. Калинката е уникатна овошка која потекнува од Блискиот Исток и пределот на Медитеранот, а за среќа расте и се одгледува и кај нас во Македонија, поточно во топлите краишта – јужниот дел на земјата, во пределот на Дојран, Валандово и Гевгелија.

Овие овошки растат на ниски дрвца со шилести и долги гранки. Внатрешноста на плодот е исполнета со повеќе помали семиња опкружени со црвенкаста, сочна обвивка која има навистина специфичен благо-киселникав вкус.
Калинките најчесто се употребуваат како свежи, од нив може да се направи и сок, оцет, но и масло од семките.

Уште од далечни времиња калинките важеле за симбол на здравјето, плодноста и ,,вечниот живот”. Освен одличниот вкус и освежителноста, овие есенски овошки имаат да ни понудат и навистина импресивен хранлив состав, кој овозможува низа корисни дејства за здравјето.

"“Online”/

Во продолжение, 6+ конкретни причини за максимално да ја искористиме сезоната на калинките.


1)
Нутритивно сконцентрирана храна

Калинките, како и повеќето овошки се нискокалорична храна, со богат микронутритивен состав и растителни влакна.
Во половина чашка (помалку од 100g) со зрнца од калинка, имаме само 70 калории кои доаѓаат од 16g јаглехидрати (3,5g фибер), 1,5g протеини и 1g масти.

Кога станува збор за микронутритивниот состав, во истото количество калинка се содржи:

Fibro Gel

▫ 14,3μg витамин К (околу 20% од Дневните Потреби)
▫ 9mg витамин Ц (околу 15% од ДП)
▫ 33μg фолна киселина или витамин Б9 (околу 9% од ДП)
▫ 205mg калиум (околу 6% од ДП)
▫ 0,1mg витамин Б6 (околу 4% од ДП)
▫ 31mg фосфор (3% од ДП)

2) Извонреден антиоксидативен извор – погодна храна за превенција и намалување на симптомите на артритисот

Ова извонредно својство на калинките им го овозможува нивниот навистина импресивен антиоксидативен состав.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Помеѓу овие заболувања е и артртисот (некои видови на инфламаторен артрит) – многу чест проблем кај повозрасните лица. Aртритисот предизвикува постојана вкочанетост и непријатни болки во зглобовите, симптоми кои се влошуваат со текот на времето.

Истражувањата покажуваат дека калинките се особено богат антиоксидативен извор. Имаат дури 3 пати повеќе вакви компоненти од зелениот чај и црвеното вино, на пример, пијалаци кои важат за посебно богати антиоксидативни извори.

Калинките се особено богат извор на флавоноидни антиоксиданти, кои претставуваат особено моќно антивоспалително средство и можат да делуваат на намалување на болките и останатите симптоми на ревматоидниот артрит.
Овие овошки се богати и со други антиоксиданти, како:

• антоцијанини
• пунична киселина
• елагична киселина
• танински материи

Дополнително, антиоксидативниот витамин Ц, нутриент со кој е исто така богата калинката, овозможува и оптимален метаболизам или создавање на колагенот – најчестиот протеин во телото, кој има огромно значење за кожата, но и за здравјето на коските.

[Поврзано: Болки во ЗГЛОБОВИ – може ли преку исхрана и суплементи да си помогнеме?
Ревматоиден артрит и исхрана]

3) Подобро здравје на срцето

Калинките можат да допринесат за превенција од атеросклероза – напластување на холестерол или други материи во артериите, потоа да го намали нивото на холестерол во крвта и да го намали крвниот притисок.

Истражувањата покажуваат дека јадењето калинки може да го намали притисокот за 12%
и напластувањата во артериите за дури 30%.

Ваквите бенефити на калинката се препишуваат на нејзиниот богат антиоксидативен состав, но и нејзините растителните влакна, како и минералниот состав (калиум, железо).

4) Храна погодна за дигестијата, но и за процесот на слабеење


Како нутритивно сконцентрирана храна, калинките содржат висок процент растителни влакна (во само 80g – 3,5g фибер!)  и вода, но имаат и многу мала калориска вредност. Наведените факти ја прават оваа вкусна храна особено погодна за слабеење. Освен што практично не можете да претерате со неа, таа ќе ви обезбеди и низа микронутриенти и антиоксидативни компоненти со најразлични корисни дејства врз орагнизмот.

Растителните влакна студиите ги поврзуваат со побрзото и поуспешно слабеење.

Ова е случај заради тоа што го намалуваат гликемискиот индекс на храната и ја врзуваат водата во стомакот, со што се промовира ситост. Дополнително, тие се храна за корисната цревна микрофлора, од чиј баланс зависи и целокупното здравје.

Растителните влакна помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје- констипацијата или запекот. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

5) Природен афродизијак


Во различни култури, од далечни времиња калинката е позната како симбол на фертилноста, најверојатно поради огромниот број на семиња во плодот.

Интересно, во последно време излегуваат и научни податоци дека калинката делува како афродизијак, односно го појачува либидото.

Една студија од Универзитетот од Единбург, Шкотска, вели дека пиењето сок од калинки го зголемува за дури 1/4 нивото на тестостронот во плунката, што води кон подобрено расположение и зголемена сексуална желба.

Дополнително, калинката може да помогне и при проблемите со еректилната дисфункција, поради тоа што го подобрува протокот на крвта до пенисот.

[Поврзано: Кои продукти во храната можат да влијаат на вашето ЛИБИДО?]

6) Подобра меморија


Истражувањата покажуваат дека полифенолните антиоксиданти на калинката можат значително да ја подобрат нашата когнитивна функција и да превенираат од губење на меморијата.

На пример, една студија следела повозрасни лица кои имале проблеми со меморијата. Биле поделени во две групи и во одреден временски интервал на едната и било давано сок од калинки, а на другата ,,плацебо” пијалак.

Заклучокот бил дека оние кои редовно пиеле сок од калинки, имале значително подобрени маркери на вербална и визуелна меморија, во споредба со контролната група.

[Поврзано: Сакате подобра меморија?]

Други потенцијални корисни ефекти

антиканцероген ефект
• подобар имунитет – превенција и пократко траење на разните вирозни и бактериски инфекции, што пред сè должи на витаминот Ц и антиоксидативниот состав.
• превенција од деменција
• подобар спортски перформанс
• храна погодна за пациенти со дијабет – може да помогне во намалување на инсулинската резистентност и да го намали нивото шеќерот во крвта

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X